Брод


Има најубав поглед на свет.

Кога ќе се качите на бродот за вашето омилено место или на животот.

Околу вас само синило, долу море, горе небо.

Тишина ако се искачите на врвот.

На бродот или на животот.

Понекогаш е добро да се осамите, а понекогаш без да сакате сте сами на крилата на успехот.

Додека пловите , ќе видите понекој галеб на небото, едрилица во далечина, ќе го слушнете само моторот, и траги од брановите што ги оставате зад себе.

Во еден момент сфаќате дека можеби е тоа што го сакате и ви треба.

Нешто малку, а едноставно, наспроти многу и комплицирано.

Бродот ви го дава на дланка целиот свет ако сте подготвени да среќавате патници, некогаш насмеани, некогаш нервозни, во двојка, со деца или со домашни миленици, храна на која не сте навикнале ама сакате да ја пробате или да сркнете добро кафе какво дома нема.

Бродот понекогаш има крајна дестинација, а понекогаш посакувате пловењето никогаш да не заврши.

Некој вели дома си е дома, а некој сака пат во непознато.

Еден е животот.

Цел живот се прашувате: Каде плови овој брод?

Качете се на бродот и откријте што сакам да ви кажам.

Сте заслужиле да ги видите најубавите места во светот.

Зашто, меѓу црното и бело во животот, во средина ве чека синото.