Реакција: Кој сака да ги запали дрвјата кај Треска?


Кандидатката  за градоначалник Ана Петровска од Зелен хуман град реагираше јавно на пожарот во „Треска“ запрашувајќи – дали е подметнат  со цел да изгорат дрвјата и да се отвори пат за нова бетонизација. -Треска е еден од ретките простори во општина Центар што дава можност тука да никне нов парк, а објектите да се пренаменат […]

Нова студија: Вакцините не го зголемуваат ризикот од невролошки нарушувања, Ковид-19 го зголемува


Вакцинацијата против Ковид-19 не предизвикува зголемување на невролошките нарушувања, додека прележувањето на инфекцијата многупати го зголемува ризикот, покажа неодамнешна голема студија. Ковид-19 предизвикува невролошки и психолошки нарушувања Од раните денови на пандемијата забележано е дека Ковид-19 често предизвикува невролошки и психолошки проблеми, од губење на мирисот, депресија и тешкотии со памтењето до крварење во мозокот. […]

Во Хрватска уште 837 новозаразени, починаа 15


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 837 случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 8.184. Од нив, 692 пациенти се на болничко лекување, додека 99 се на респиратор. Истовремено починаа 15 пациенти.

Приведени две лица во Кочани, пронајдени хероин и пари кои потекнуваат од кражба


 Полицијата соопшти дека ноќеска околу 01:10 часот во близина на манастирчето во Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани биле лишени од слобода Ш.М.(32) и малолетник, и двајцата од Кочани, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени хероин и пари кои потекнуват од извршено кривично дело „кражба“. По насока на Јавен обвинител од […]

Се попиша и Заев со семејството


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување. Како што истакнал тој, на овој начин тие станаа партнер во овој процес за да може државата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата […]

Поп-ѕвездите го обединија светот: Концерти за поддршка на вакцинацијата и против климатските промени


САД- Шеесет илјади фанови се собраа вчера во Централ Парк во Њујорк да танцуваат на уметници како Колдплеј, Били Ајлиш, Џенифер Лопез, Синди Лопер и Лизо, како дел од настанот „Граѓанин на светот“ (Global citizen), што се одржа во различни градови низ светот. Ед Ширан настапи во Париз заедно со Елтон Џон, Доџа Кет, „Блек […]

Радуловиќ: Далеку сме од идеалната форма, претстојната сезона ќе нема изразит фаворит


Тренерот на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ, синоќа ги предводеше аеродромци до победа над Работнички (79:78) и до четвртиот трофеј во кошаркарскиот Суперкуп. По натпреварот, тој посочи дека неговиот тим е далеку од идеалната форма и дека не се сметаат за изразити фаворити во новото првенство. – Заслужено го победивме овој натпревар, но далеку сме од […]

Лидер/ка на училиште, лидер/ка во иднината: Неопходна е реформа на моделот на ученичките заедници за да станат вистински глас на сите млади


Потребен е нов модел на ученичко организирање кој ќе може да се имплементира подеднакво во сите училишта низ земјава. За ученичките заедници односно советите на учениците да бидат вистинскиот глас на младите и нивните потреби, треба сите средношколци во училиштето директно да ги избираат претседател(к)ите на овие тела. На овој начин ученичките заедници ќе станат […]

Слоештица е нова културна атракција -Петре М. Андреевски со Меморијална изложба во новоотворениот Мултифункционален центар


Слоештица – селото со име за цел еден свет, деновиве ги пречека гостите од ЕУ и прекуграничниот регион со Албанија на свечена конференција по повод завршувањето на проектот „Откривање на скриените атракции“ . Великанот на македонскиот збор Петре М. Андреевски ја доби Меморијалната изложба која е поставена во новоотворениот Мултифункционален центар кој се реновираше во […]

„Белградската филхармонија“ гостува во Скопје на 9 октомври со Малер


На 9 октомври, во 20 часот, „Белградската филхармонија“ ќе гостува во Скопје. Под диригентската палка на Габриел Фелц (Германија) ќе се изведува Густав Малер: Симфонија бр.6. Белградска филхармонија е основана во 1923 година. Денес се позиционира како најдобар оркестар во регионот и ансамбл што претставува освежување на меѓународната концертна сцена. Според светските медиуми, „Белградската филхармонија“ […]

Донирани 46 лични предмети на поетот Анте Поповски на Музејот на македонската борба


На иницијатива на Музејот на македонската борба за самостојност, семејството Поповски донира 46 лични предмети на  големиот македонски поет Анте Поповски, соопшти директорката на музејот Даниела Николова, викендов, на отворањето на четвртото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Едно уметничко дело, признанија, лични ракописи, ордени и други документи ќе го красат […]

Сите очи се вперени во Германија, кој ќе ја наследи Меркел


Во целиот свет, а особено во Европа, се следи она што се случува во Германија. Таму, утрово беа отворени избирачки места, каде што граѓаните го избираат 20. состав на Бундестагот, а во федералните покраини Берлин и Мекленбург-Западна Померанија (Мек- Пом), исто така, се избираат парламенти на покраините. Околу 60,4 милиони Германци имаат право да гласаат […]

Промоција на сликовницата „Што виде бубамарата?“ на Бужаровска и Јакимовска


Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска ќе биде промовирана сликовницата „Што виде бубамарата?“ на Румена Бужаровска и Јана Јакимовска, во издание на издавачката куќа „Чудна шума“. „Што виде бубамарата?“ е прва книга за деца на писателката Бужаровска и прв коавторски проект со уметницата Јакимовска. Раскажува за бубамарата која еден ден решава да направи нешто убаво за себе […]

Усик го победи Џошуа и стана светски шампион во тешка категорија


Во Лондон, синоќа се одржа боксерско шоу на стадионот на Тотенхем. Во главниот настан, досегашниот шампион ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО верзиите во тешка категорија Британецот Ентони Џошуа боксуваше против Александар Усик. Украинецот победи со едногласна одлука на судиите и го презема тронот од Џошуа. Резултатот кај тројцата судии: 117:112, 116:112 и 115:113. Усик е […]

Светски берзи: Прв раст на индексите по две недели пад


Цените на акциите пораснаа на светските берзи минатата недела, но тргувањето беше многу нестабилно делумно поради ризикот од пропаѓање на Евергранде, најголемиот играч на кинескиот пазар на недвижности. На Волстрит, Дау Џонс зајакна 0,6 проценти минатата недела на 34.798 поени, додека S&P 500 порасна за 0,5 проценти на 4.455 поени, а индексот Насдак 0,02 проценти […]

Најмногу независни кандидати за градоначалник имало во 2005 – 25 отсто, најмалку во 1996 – 7,5 отсто, во 2021 се 8,75 проценти


Од вкупно 297 кандидати за градоначалник на претстојните локални избори на 17 октомври 2021 година, 26 се независни или 8,75 проценти. Ова е помалку, споредено со последните, кога независни кандидати за градоначалници биле нешто над 10 проценти. Најмногу независни кандидати за градоначалник имало на локалните избори во 2005 година – над 25 проценти, а најмалку […]

Најмалку три лица загинаа во железничка несреќа во Монтана


Најмалку три лица загинаа, а неколку патници се повредени кога патнички воз на американската железничка компанија „Амтрак“ вчера излета од шините во северната централна држава Монтана, соопшти денеска претставник на локалниот шериф. Службеникот изјави дека има повеќе повредени, но оти конечниот број сè уште не е познат. Причината за несреќата сè уште не е позната. Во возот […]

Гутереш со порака за Меѓународниот ден за целосно уништување на нуклеарното оружје


Речиси 14.000 нуклеарни оружја се складирани низ целиот свет. Хуманоста останува неприфатливо близу до нуклеарно уништување, напиша на Твитер генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Според ОН, денеска е Меѓународен ден за целосна елиминација на нуклеарно оружје. – Сега е време да го тргнеме облакот од нуклеарен конфликт за добро, да го елиминираме нуклеарното оружје од нашиот […]

Грав тетовец сè помалку може да се најде во Тетово


Секоја година сè помалку може да се најде грав тетовец во автохтоното тетовско подрачје, бидејќи земјоделците немаат род од оваа култура. Како причини ги наведуваат високите температури поради кои нема принос на тетовските ниви, а воедно како неуспешна ја оценуваат борбата со штетните инсекти кои го напаѓаат плодот. Благоја Котески од тетовското село Доброште е […]

Недела неработен ден, најверојатно по завршување на изборите


Пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори што треба да се одржат на 17 октомври, пратениците не успеаја да ги донесат измените на Законот за работни односи со кои недела требаше да се прогласи за неработен ден за повеќето дејности. Тие, иако требаше да бидат донесени порано и да почнат да се применуваат од […]