Филиповски ќе гради две нови градинки во Аеродром и два затворени базени


Изградба на две нови градинки, во Мичурин и Ново Лисиче, реконструкција на градинката „Пчелка“, како и два затворени базени се меѓу капиталните проекти кои се дел од изборната програма на кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром, Александар Филиповски. Филиповски, во изјавата за медиуми посочи дека предвидува изградба и на младински центар, […]

Граѓаните на Берлин се изјаснија за експропријација на 250.000 станови


Гласачите во Берлин го поддржаа предлогот на градските власти од корпоративните сопственици да преземат речиси 250.000 станови, во вредност од повеќе милијарди евра, со цел да се запре растот на цените за закуп. Според конечните резултати од вчера одржаниот референдум, 56,4 отсто од гласачите поддржуваат експропријација, а 39 проценти се против. Референдумот ја принудува Владата […]

Радев го повика Борисов да се кандидира за претседател на Бугарија


Бугарскиот претседател Румен Радев го повика лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, да се кандидира за шеф на државата, јави дописникот на МИА од Софија. Радев смета дека „крајно време е Борисов да не ја користи својата партија како штит и да ја одбрани нејзината чест со кандидирање за претседател“. Апелот до поранешниот бугарски премиер Борисов […]

Таткото монструм што си ги задави трите деца наскоро излегува од болница: Можно е и да избегне затвор?


Незапаметено злосторство се случи викендот во Загреб, кога татко задави три деца, а потоа се обиде да си пресуди. Харалд К. (56) во моментов е стабилен неколку дена по хоспитализацијата. Почна да комуницира со лекарите, а денес би можел да излезе од болница. Според медиумите, од болницата потврдиле дека Харалд е свесен и комуницира со лекарите. […]

Извртен камион бул. „Борис Трајковски“


Извртен камион претпладнево предизвика застој во сообраќајот на булаварот „Борис Трајковски“, на потегот каде што извршуваат градежни работи за реконструкција. На тој дел од потот што води од Драчево кон Охис, наизменично се пропуштаат возила во двата правца. Нема информации дали некој е поивреден.

Во Хрватска почнува теренското попишување на населението


Во Хрватска денеска започнува теренското попишување на населението, што ќе трае до 17 октомври, објави хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС). По пристигнувањето во становите, попишувачот ќе ги наведе сите лица, домаќинството и станот, а во фазата теренско попишување ќе ги посети сите адреси, вклучувајќи ги и на оние домаќинства што сами се попишале со […]

Еден загинат и деветмина повредени во земјотресот на Крит


 Едно лице го загуби животот, а деветмина се повредени во силниот земјотрес од 5,8 степени на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за цивилна заштита на Грција, официјално соопштуваат дека „согласно информациите од надлежните органи загина едно лице“. Според грчките медиуми безживотното тело го извлекле припадниците на специјалните сили за […]

Од денеска нови мерки во Косово – никаде без сертификат


  Според последната одлука на Владата на Косово, од денеска без потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест нема да може да се влезе во угостителски објекти и трговски центри, пренесе Репортери. Сите вработени во јавни и приватни претпријатија исто така ќе мора да имаат потврда за вакцинација или потврда за негативен ПЦР. Училиштата и […]

Кој е Олаф Шолц, човекот што ја победи партијата на Меркел


Отпечатоците од прстите на германскиот министер за финансии се на местата на големи скандали. Па, сепак, гласачите не се грижеа за тоа и му испорачаа победа. Зошто?   Како млад студент по право, германскиот кандидат за канцелар Олаф Шолц ја научи римската максима дека незнаењето не нуди заштита на суд. Можеби тоа е причината зошто […]

Нова поетска книга „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова Бошнакоска


Издавачката куќа „Матица македонски“ ја објави пoетската книга „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова Бошнакоска. Од „Матица македонски“ посочуваат дека во своето најново остварување, позната поетеса прилежно пее за љубовта кон својата татковина и за процесите што се одвиваат пред наши очи и кои предизвикуваат вознемиреност кај македонскиот народ. Низ кристално јасни стихови во „Куќа […]

Како ретроградниот Меркур влијае на љубовта: Се враќаат „духовите“ од минатото, а три знака треба да внимаваат на врската!


Пристигна ретроградниот Меркур и сите сме загрижени дали технологијата ќе работи правилно за нас, каква ќе биде нашата комуникација, бидејќи постојано слушаме дека овој небесен феномен прави хаос на тие полиња. Но, дали знаете како ретрограден Меркур влијае на љубовта? Меркур е во знакот на Вага, што значи дека ќе ја „удри“ нашата носталгија до […]

Стоп на крзното во „Гучи“, „Ив Сeн Лоран“, „Александар Меквин“ и „Баленсијага“


Лос Анџелес, 27 септември 2021 (МИА) – Луксузниот моден конгломерат „Керинг“ објави дека ќе ја исфрли употребата на вистинско крзно од животни во сите свои компании до есента 2022 година. „Керинг“, инаку е сопственик на брендовите „Гучи“, „Ив Сeн Лоран“, „Александар Меквин“ и „Баленсијага“. – Дојде време. Светот се промени, заедно со нашите клиенти, па […]

Материјална штета од силниот земјотрес на Крит


Силниот земјотрес од 5,8 степени според Рихтер предизвика материјална штета на стари објекти, цркви, но и на патишта во неколку општини на Крит што се наоѓаат блиску до епицентарот, јужно од градот Ираклио, додека пак беа евакуирани училиштата и побарано од родителите да ги земат децата, јави дописничката на МИА од Атина. Засега нема официјални […]

Концерт за обоа, флејта и харфа на Лазаревски, Дојчинова и Секулиќ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија вечерва ќе се одржи концерт за обоа, флејта и харфа. Ќе настапат Владимир Лазаревски – обоа, Елена Дојчинова – флејта и Љубица Секулиќ – харфа, со изведба на музички дела од Георг Филип Телеман и Јохан Јоаким Кванц. Владимир Лазаревски свири обоа од својата петнаесетта година. Дипломирал и магистрирал во […]

Туризмот како начин за откривање нелегални активности во високопланинските подрачја


 „Туризам за инклузивен развој“ е темата на годинашниот Светски ден на туризмот, 27 Септември. Овој меѓународен ден, како што велат од здружението „Натура МК“, ја истакнува социјалната, културната, политичката и економската вредност на туризмот и неговиот придонес кон постигнување на целите за одржлив развој. Туризмот е и еден од начините за следење и откривање нелегални […]

(Во живо) Пендаровски, Црвенковски и Иванов на научен собир во МАНУ


Научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година” во организација на Македонската академија на науките и уметностите по повод 30 години независност, со обраќања на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, поранешните Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов и претставници од кабинетите на првиот и […]

Маската повторно е задолжителна на прометните јавни места во Букурешт


Носењето заштитна маска од денеска станува задолжително во Букурешт на прометни јавни места, како што се пазари, јавен превоз, малопродажен простор, како и на работно место. Градскиот комитет за итни случаи во Букурешт се состана вчера на итен состанок, откако инциденцата во главниот град во последните 14 дена достигна 4,35 случаи на зараза на 1.000 […]

ДЗС: Попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови


Вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората. Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности. Освен во […]

Џони Деп за „културата на исклучување“ во Холивуд


САД – Џони Деп ја осуди тн. „култура на исклучување“ или – „отфрлање“ во САД, којашто ја спореди со загадениот воздух. Тој рече и дека стравува оти „никој не е безбеден“, а поединци, преку недокажани обвинувања се осудени за сексуална злоупотреба и разни други облици на насилство. „Kултура на исклучување“ e стремеж кон повлекување ликови, бојкот […]

Антиваксерска партија влезе во австрискиот парламент


Нова политичка партија која се противи на рестриктивните мерки против корона вирусот, неочекувано оствари успех на покраинските избори бо Австрија. Таа влегува во парламентот со повеќе од шест отсто од гласовите, покажуваат првичните изборни резултати. Партијата Луѓе, слободи, темелни права (МФГ), основана во февруари како одговор на одлуките за воведување мерки заради сузбивање на епидемијата, […]