Заловеното куче од скопските улици Дарио, од 2 септември ќе живее во САД


Заловено од скопските улица, во населбата Новоселски пат, со трајно оштетување на окото и малтретирано од локалните жители, Дарио од денеска го живее американскиот сон, соопштија од ЈП „Лајка”. По повеќе од три месеци поминати во „Лајка” и по долга и напорна работа, Дарио на 2 септември 2021 година се збогуваше со сите наши вработени, […]

За десет години Албанија ја напуштиле 60 илјади деца, Мета побара парламентарна анкетна комисија  


Албанскиот претседател Илир Мета објави податоци на Евростат, кои покажуваат дека во последните 10 години, над 60 илјади деца ја напуштиле Албанија и првпат побарале азил во некоја од земјите на ЕУ, главно во Франција, Германија и Италија, јави дописничката на МИА од Тирана. – Според податоците објавени од Евростат, над 60.000 деца ја напуштиле […]

Ватсап треба да и плати на Ирска 225 милиони евра за кршење на правилата за приватност


Ирскиот надзорник за приватност на податоци ја казни апликацијата Ватсап (WhatsApp) со сума од 225 милиони евра за кршење на европските правила за приватност. Одлуката беше објавена во четвртокот по истрагата која траеше три години. Покрај казната, на Ватсап му е наложено и да ја подобри својата политика за заштита на податоците. Ватсап ја оцени одлуката како […]

Русија ќе изгради нов град


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град Спутник, соопшти денеска Министерството за развој на Далечниот Исток. Путин го потпиша планот за време на економскиот форум кој се одржа во Владивосток, град на крајниот исток од земјата. Спутник треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, кој, пак, се наоѓа 2.000 […]

Царовска на координативен состанок со директорите на училиштата: Да се почитуваат протоколите


Образовниот систем е во добра кондиција и успешно се спроведува наставата со физичко присуство, според новите наставни програми за прво и четврто одделение предвидени со реформата во основно образование. За ова, но и за други актуелни теми денеска министерката за образование и наука Мила Царовска разговараше на редовен координативен состанок со директорите на основните и […]

ЕУ индивидуално ќе прифаќа бегалци од Авганистан


Доделувањето азил во Европската унија на бегалците од Авганистан ќе го вршат индивидуално земјите од заедницата, на доброволна основа и без задолжителни квоти, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес – конференција во рамките на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Љубљана. – Евакуацијата од Авганистан […]

ОН и ЕУ предупредуваат на зголемени тензии во Црна Гора


Обединетите нации (ОН) и Европската унија (ЕУ) изразија загриженост поради „зголемените тензии и реторика на поделби“ во пресрет на устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква, Јоаникије в недела на 5 септември во Цетиње. – Ги повикуваме сите, особено оние на позиција на авторитет и влијание, со свој пример да дадат директен придонес за […]

Бочварски: Продолжуваме со силна изградба на автопатот Кичево -Охрид


Од 70 -те нови репроектирања на автопатот Кичево – Охрид, за само два месеци државата изготви и одобри 35 проекти. Силно сме посветени на завршување на автопатот, уверуваме дека државата ќе ги исполни сите обврски од договорот. Очекувам час поскоро Собранито да го изгласа Анекс на договорот за да се овозможи силна градежна активност на […]

ДИК ги презеде првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи


Државната изборна комисија денеска ги презеде од германската компанија „Дермалог“ првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, кои ќе бидат употребени на претстојните локални избори. Во следниот период со овие терминали ќе се вршат обуките, а до 1 октомври треба да дојде и последната пратка и да се комплетира бројката на терминали и целосната […]

Двајца македонски дипломати приведени во Србија, МНР молчи


  Минатата недела на граничниот премин Прешево, на пат од Виена кон Македонија, полициската служба на Србија го задржала македонскиот дипломатски службеник Миле Миленкоски, кој од неодамна извршува дипломатска служба во македонската мисија на ОБСЕ во главниот град на Австрија, пишува порталот „МКД“. Миленкоски потоа бил префрлен во Врање, каде пред неколку дена бил приведен […]

Огромен интерес за работа во Германија – 50.000 прегледи ја блокираа страницата за работни визи


Многу кратко време по активирањето, страницата на Германската амбасада во Скопје за работни визи била речиси блокирана поради огромниот интерес и дури 50 илјади прегледи, соопштија од амбасадата. Како што се посочува на официјалната фејсбук страница на Амбасадата, поради ова само еден дел од заинтересираните можеле да добијат можност да аплицираат.  Амбасадорката Анке Холштајн вели […]

Борел: ЕУ ќе соработува со талибанците под строги услови, што не значи признавање


ЕУ ќе соработува со талибанците под строги услови, но тоа не значи дека блокот ја признава новата авганистанска влада, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел.   „За да го поддржиме авганистанското население, ќе мора да се поврземе со новата влада во Авганистан, што не значи признавање. Тоа е оперативен ангажман”, рече Борел […]

Локалитетот Стамер прогласен за природна реткост


Со денешната промоција и презентација на природните вредности на уредениот палеонтолошки локалитет Стамер, во Општина Делчево, каде се пронајдени фосилни остатоци стари милиони години, беше обележано неговото прогласување за природна реткост и стекна статус на природно наследство. Државниот секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во своето обраќање се осврна на […]

Зголемена стапката на активност и вработеност, намалена на невработеност


Во второто тримесечје од годинава во земјава имало 1.681.862 работоспособни граѓани од кои активни лица биле 945.412, при што 795.271 биле вработени, а 150.141 невработени. Стапката на активност во овој период е 56,2, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност изнесува 15,9. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност и на […]

Заев: Во тек е постапката за фабриката за производство на енергија од отпад, се работи на формално-правни аспекти


Постапките за фабриката за производство на енергија од отпад што треба да се гради во Неготино се во тек. Се чекаат одговорите од надлежните институции. Се работи на правно-формални аспекти. Штом тоа биде завршено, Владата ќе донесе одлука за усвојување на проектот по што ќе биде уплатена банкарската гаранција од 10 милиони евра. По завршувањето […]

Заболена грчка антиваксерка не сакала респиратор и починала


Грчките обвинители во петокот започнаа истрага за смртта на 54-годишна жена од корона вирус оваа недела, пишува весникот „Катимерини“. Жената била позната противничка на вакцините за Ковид-19 и додека беше во болница објави на социјалните мрежи повик до сите да ѝ помогнат да ги спречат медицинските лица да ја интубираат – нешто што лекарите го […]

Полициски час и забрана за музика во пет делови на Грција


МИА БАЛКАН МК Рестриктивни мерки, односно полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во текот на целиот ден се воведуваат во уште три делови на Грција, а се продолжуваат во уште два региони, јави дописничката на МИА од Атина. Од денеска, ограничувања се воведени во областите Илиа […]

Во универзитетските мензи во Берлин нема да се служи месо


Во универзитетските мензи во Берлин ќе се нудат претежно вегански и вегетаријански оброци, почнувајќи од следниот семестар, со цел да се намали штетата врз околината, пренесува Би-би-си. Околу 68 отсто од оброците ќе бидат вегански, 28 отсто ќе бидат вегетаријански, а само 4 отсто ќе бидат со месо или риба во мензите, почнувајќи од октомври. […]

Опозицијата истура лаги, одговори Шилегов


Нападите против мене на ВМРО-ДПМНЕ се лаги, одговори денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. По тврдењата на опозицијата дека незаконски ја надоградувал неговата куќа, Шилегов, кој е кандидат на СДСМ за уште еден мандат во Скопје, рече дека ќе почека да види до каде ќе оди лагата а потоа ќе ги презентира сите документи. „Јас […]

Лекар нападнат во Кавадарци


Вчера во ОВР Кавадарци, лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци пријавил дека околу 11 часот, додека бил на работа заедно со неговиот медицински тим и вршеле интервенција на улица „Браќа Џунови“, бил физички нападнат од Џ.Д.(31). За ова попладнево информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена […]