Количествата врнежи во јули 2021 многу под просечните


УХМР соопшти дека количествата врнежи во јули 2021 биле многу под просечните. Најмногу врнежи имало во Лазарополе 83,9 милиметри, а најмалку во Струмица 0,4. Во Маврово се измерени 76,7 милиметри, во Охрид 44,2, во Битола 53,4, во Прилеп 37,8, во Крива Паланка 34,6, во Скопје 31,4, во Берово 3,3, во Штип 2,6, а во Гевгелија […]

Политички хаос во Бугарија – секој против секого


ИТН го враќа мандатот, ГЕРБ ќе го врати мандатот, но пред тоа ќе ја претстави својата влада, малите партии сакаат да состават кабинет, но не се ни блиску до мнозинство во Собранието   Дури ни најпроникливите и најинформираните политички аналитичари во Бугарија не се сигурни како ќе се одвива расплетот на ситуацијата по вторите избори. […]

Бијонсе: Мојата помлада верзија не може да се спореди со сегашната Бијонсе


САД – Поп-ѕвездата Бијонсе се појави на насловната страница на новиот број на списанието „Харперс Базар“. Во интервјуто, таа, меѓу другото, зборуваше и за враќањето на сцената и за добротворната организација. – Благодарна сум што можам да изберам што ќе работам. Сакам фокусот на мојата работа да биде на музиката, бидејќи мислам дека можам да инспирирам […]

Кадриу: Новите материјали за учење албански јазик одговараат на возраста на првачињата


За професорот Вехби Кадриу, изработката на новите наставни материјали за албански јазик за прво одделение била предизвик во кој ги споил теоретското знаење со наставното искуство стекнато во повеќедецениска работа со студентите на Педагошкиот факултет во Скопје, кои се подготвуваат за учители и воспитувачи. На огласот на Бирото за развој на образованието се пријавил заедно […]

Летна школа и Меѓународна научна конференција на Семинарот за македонски јазик, литература и култура на УКИМ


Од 15 август до 5 септември во Конгресниот центар во Охрид ќе се одржуваат 54. Летна школа и 48. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По пауза од една година поради епидемијата на коронавирусот, во Охрид оваа година повторно се враќаат […]

ДИК: Се финализира текстот на договорот за фингерпринт апаратите


Државната изборна комисија денеска сооопшти дека постапува согласно Законот за завршување на текот на постапката на јавната набавка на фингерпринт апаратите. -Вчера пристигнаа претставници на економскиот оператор „ДЕРМАЛОГ“ и во текот на денешниот ден се вршат завршни консултации за финализирање на текстот на договорот и негово потпишување, стои во соопштението. По ова, како што се […]

НБ: Монетарната политика останува лабава, инфлацијата будно се следи


Движењата кај основните макроекономски параметри засега се во рамки на очекувањата, но неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и понатаму се присутни, беше оценето на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (НБ), на која беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари […]

„Ко-болд металс“ на Гејтс и Безос ќе бара суровини за електрични автомобили во Гренланд


Британската рударска компанија „Блуџеј мајнинг“ (Bluejay Mining) и американската компанија за истражување на суровини „Ко-болд металс“ (KoBold Metals), поддржана од Бил Гејтс, Џеф Безос и Мајкл Блумберг, меѓу другите, објавија во понеделник заедничко вложување. Заедно, двете компании сакаат да откријат дали има значителни наоѓалишта на никел, бакар, кобалт и платина во област во западен Гренланд. […]

Британски научник: Имунитетот на стадо повеќе не е можен поради делта сојот


Постигнување на имунитет на стадо не е можно повеќе, со моменталниот делта сој на корона вирусот, изјави шефот на одделот за вакцини на Оксфорд, Ендру Полард. „Факт е дека вакцините не го сопреа ширењето на вирусот, значи дека можноста за достигнување праг за стварање имунитет на стадо би бил само мит“, додава тој, пренесува „Гардијан“. […]

Граѓаните и сега можат да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список


Граѓаните со право на глас кои сакаат да се изјаснат на локалните избори закажани за 17 октомври, своите податоци во Избирачкиот список ќе можат да гиг проверат уште сега преку веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/. Официјално, јавниот увид на Избирачкиот список за изборите ќе започне на 21 август и […]

Комплекс од десеткатници и бизнис-центри се гради кај новиот мост на Вардар


На површина од 9.440 метри квадратни покрај Вардар, кај новиот мост што се гради зад хотел „Русија“ никнува нова населба со сопствена катна гаража и дури три бизнис-центри. Комплексот го гради „Саник инженеринг“, компанија со 15-годишно искуство. На својата веб-страница, проектот го најавуваат како „рапсодија во зелено и сино“ со оглед на близината на реката […]

(Фото) Обвинителството во Грција се сомнева дека пожарите се организирано подметнати – наредена е итна истрага


Среде се повеќе шпекулации, но и се повеќе индикации за подметнување пожар, државниот обвинител нареди истрага за да се утврди дали има организиран план за предизвикување пожар што сега опустошува и уништува низ цела Грција. Во таа смисла, обвинителот на Врховниот суд, Василиос Плиотас, испрати барање до највисоките судски инстанци и полицијата, пренесува порталот Екатимерини. […]

Џенифер Анистон и други славни личности ги поддржуваат вакцините. Експертите велат дека нивните молби можеби нема да помогнат


Додека луѓето гледаат на влијателни лица за да дознаат за најновиот тренд за шминкање или бренд за нега на кожа, тие често не ги ценат нивните совети кога станува збор за училишта за нивните деца или добивање вакцина против коронавирус. Во тие случаи, мислењата на нивните соседи, пријатели и членови на семејството се најважни – […]

Уште гори од Топлица до селото Крстец, пожарот во Катланово со намален интензитет


Активен е пожарот во делот од Топлица кон селото Крстец, и тоа во тешко пристапен терен. Намален е интензитетот на горење кај пожарот во Катланово, а целосно е локализиран оној кај м.в. Бејаз Тепе. На терен е и екипата од Словенија и Австрија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).   Согласно состојба со […]

Ангажирани 623 полициски службеници во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите  


Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.08.2021 до 07.00 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР се ангажирани околу 650 полициски службеници. Од МВР денеска соопштија дека меѓу нив се и припадници на сите специјални единици на […]

Бектеши-Димоска: Од понеделник засилени контроли на новите мерки за заштита од Ковид-19


Министерот за економија Крешник Бектеши и директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, на денешната средба разговарале за спроведувањето на одлуката за превентивните препораки, времените мерки, наменските протоколи, плановите и алгоритмите за постапување за заштита од Ковид-19. Како што информира министерот преку неговиот фејсбук профил, од понеделник ќе следат засилени контроли. -Затоа вакцинирајте се, […]

Во Тунис 49 степени, на Сицилија 47 – Ова е само почеток на топлинскиот бран


Застрашувачки топлински бран се шири од северот на Африка кон југот на Европа, објави синоќа на Твитер шкотскиот метеоролог Скот Данкан. Така, вчера, во главниот град Тунис, измерена е температура од неверојатни 49 степени Целзиусови, со што воедно е урнат и историскиот температурен рекорд. Просечните температури во Тунис во август се движат околу 30 степени […]

Еколозите алармираат дека малите хидроцентрали ја затрупале Маркова Река


И покрај сите апели, барања и предупредувања од граѓанските организации да се почитуваат мерките за заштита на животната средина, Маркова Река деновиве ја затекнавме комплетно затрупана со камења, карпи и земја како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани што се градат во погорниот тек на оваа река, информира невладината „Еко-свест“. Оттаму истакнуваат дека […]

Го фатиле како краде во фирма во Аеродром


На 10.08.2021 во 15.45 часот на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчево го лишиле од слобода М.Ј.(35) од Скопје. Како што денеска информираа од МВР, тој бил затекнат при извршување тешка кражба во обид во фирма и бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против […]