Федерацијата на фармери бара килограм „смедеревка“ да биде 16 денари, а „вранец“ 17


Откупот на грозјето почнува и повторно е неплански, со голем број манипулации кои се на штета на лозарите, оценува Националната федерација на фармери (ННФ) и уште еднаш апелира дека цената на „смедеревката“ треба да биде околку 16 денари за килограм, а на „вранецот“ 17 денари. Според НФФ, освен откупните цени, проблем во лозарството се и […]

Волстрит: Нови рекорди благодарение на инфраструктурниот план на Бајден


На Волстрит во вторникот, клучните индекси достигнаа нови рекордни нивоа, поддржани од скокот на цените на акциите на компаниите чувствителни на економскиот циклус, откако американскиот Сенат го одобри инфраструктурниот план од 1.000 милијарди долари. Индексот Доу Џонс вчера порасна за 162,83 поени, или 0,46 проценти, на 35.264 поени, додека S&P 500 зајакна за 0,1 проценти, […]

Адел со концерти во Лас Вегас? Не се обложувајте на тоа


САД- Дали Адел (33), најголемата поп-ѕвезда на денешницата која заработува само од музика и во исчекување на новиот албум, наскоро ќе каже „Hello”  и во градот на гревот Лас Вегас? Се дознава дека големиот осаменик на модерниот поп се договорил за 500.000 фунти по настап на ноќ во новоотворениот хотел Resorts World . Ако прифати, […]

Руската вакцина во Јужна Америка – од надеж до разочарување


Аргентина беше првата јужноамерикаска држава, кој во декември 2020 година почна со имунизација на населението против Ковид-19 со руската вакцина Спутник V, а потоа беше следена од другите земји во регион. Но, недостигот на втора доза претсатвува притисок врз владите и разочарување на населението. „Ја примив вакцината Спутник V на 21 април и се уште […]

СЗО повика 20 светски лидери да ја прекинат нерамноправноста во вакцинацијата


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) вчера повика дваесет лидери, кои се способни да ја исправат „срамната“ глобална нерамнотежа во достапноста на вакцините против Ковид-19,  да се анагажираат до октомври да го прекинат овој тренд. -Веројатно има дваесет луѓе во светот кои се клучни за справување со проблемот на неправдата, изјави Брус Ајлвард од СЗО во […]

Премиера на долгометражен биографски филм за актерот Бајруш Мјаку во Призрен


Долгометражен документарен филм посветен на доајенот на македонската и албанската театарска сцена Бајруш Мјаку утре премиерно ќе биде прикажан на ДокуФест во косовскиот град Призрен. Долгометражниот документарен филм, „101 улога 102 живота, Бајруш Мјаку“ во продукција на Еклипс 92, по сценарио на Решат Камбери и режија на Филип Херин, е биографски филм за актерот Бајруш […]

Пропадна обидот на ИТН за состав на владин кабинет во Бугарија, наесен најверојатно нови избори


Бугарија –  Во Бугарија пропаѓа обидот за состав на нова влада, еден месец по изборите и единствениот резултат по се изгледа е организирање трети парламентарни избори оваа година наесен. Во последниот ден пред очекуваното гласање денеска на предлог-кабинетот на Пламен Николов во парламентот, политичката партија која победи на изборите во јули – „Има таков народ“ […]

Меси за трансферот во ПСЖ: Клубот и неговата визија се целосно во согласност со моите амбиции


Франција– Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е задоволен од неговиот премин во ПСЖ, клуб за којшто смета дека може да ги исполни неговите цели. – Со нетрпение очекувам да започнам ново поглавје во кариерата во Париз. Клубот и неговата визија се целосно во согласност со моите амбиции. Знам колку се талентирани играчите и персоналот овде. Решен сум […]

Флејтистот Зак Тарпагос и пијанистката Валерија Харитиду од Грција на „Охридско лето“


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва предвидува концерт на уметниците Зак Тарпагос на флејта во пијано придружба на Валерија Харитиду. Зак Тарпагос е постојан флејтист на Грчката национална опера во Атина, а неговите солистички настапи го водат во најпрестижните концертни сали во светот како салата „Чајковски“ во Москва, Симфони хол во Бостон, салата „Квин […]

Уште два дена пријавување за реонски попишувачи и инструктори


Утре завршува јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите. Конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори беше објавен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август. Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да […]

Гори на повеќе места во државата, пристигнува помош од Црна Гора и Франција


Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите, кои се уште се активни на повеќе места во државата. Критично е во кумановскиот и прилепскиот регион, но и во селото Побожје, каде вчера беа запалени три куќи. На терен заедно со нашите, интервенираат и екипите од Австрија, Словенија, Бугарија и Романија, а за денеска најавена е и помошта […]

Рестрикциите ја забрзаа вакцинацијата, бројот на активни случаи со Ковид-19 се искачи на 2.581


Новите рестриктивни мерки, кои почнуваат од 16 август, а кои предвидуваат во угостителски објекти да влегуваат само лица со примена барем една доза вакцина, ја забрзаа вакцинацијата. Министерството за здравство информира дека интересот за имунизација е значително зголемен и поради тоа од денеска се отвораат четири нови пунктови за вакцинација: во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, […]

И денеска многу топло, попладне локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 39 степени. Попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за изолирана појава на град. УВ индекост ќе биде 7. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне и […]

Почина големата македонска актерка Сабина Ајрула Тозија


Денеска на возраст од 75 години, по тешко боледување, почина македонската глумица Сабина Ајрула Тозија. Таа беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена. Препознатлива по својот актерски физикус, вонредниот талент и работа посебни во секоја улога, таа создавала и создава редица ролји по кои ја препознава публиката. Посветеноста кон секоја ролја, без разлика […]

ОЕЦД: Заздравувањето на големите економии забавува


Заздравувањето на големите економии од пандемијата малку забавува, објави во вторникот Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), предупредувајќи дека Ковид-19 продолжува да создава неизвесност и да ги продлабочува разликите поради нееднаквиот пристап до вакцината. Кина може да очекува „стабилен раст“ во индустријата, а многу земји од Европската унија, Обединетото Кралство, Јапонија и САД имаат […]

Без негативен тест во Германија не ќе може да се оди во ресторан, на стадион, во театар, во болници, на црковни служби…


Ангела Меркел и премиерите на покраинските влади се согласија дека земјата мора да се заштити од „пандемијата на невакцинираните“. Меркел рече: „Секој треба да живее со последиците ако не се вакцинира“   Шефовите на федералнaта и покраинските влади на Германија денеска се согласија за голем број нови мерки за да се спречи четвртиот бран на […]

Полска: Премиерот го разреши вицепремиерот, владината коалиција во распад


Премиерот Матеуш Моравјецки го отпушти Јарослав Говин поради тоа што не дал доволна поддршка за амбициозната економска програма   ВАРШАВА – Полскиот премиер во вторникот го разреши шефот на помалиот коалициски партнер од владата, предизвикувајќи неизвесност во врска со иднината на администрацијата што ја постави Варшава на судир со Европската унија. Коалицијата „Обединета десница“ беше […]

Америка го напушти Авганистан, сега сака да ги изолира талибанците


Многумина што ги обучуваа авганистанските сили не можат да објаснат зошто регуларната војска се распадна толку брзо   КАБУЛ – Мировниот пратеник на САД во вторникот им даде предупредување на Талибанците дека секоја влада што ќе дојде на власт преку сила во Авганистан нема да биде меѓународно признаена откако серија градови паднаа под контрола на […]

Американскиот Сенат го усвои инфраструктурниот план на Бајден


Американскиот Сенат со големо мнозинство денеска го одобри големиот план на американскиот претседател Џо Бајден за инвестирање 1.200 милијарди долари во инфраструктура, што претставува голем успех за демократскиот претседател, иако законот допрва треба да добие одобрение во Долниот дом. Овој „историски“ проект, како што истакнува Белата куќа, беше усвоен со 69 гласови „за“ и 30 […]

Совладан е големиот шумски пожар кај селото Будинарци


По неколкудневна борба со огнената стихија над селото Будинарци, попладнево пожарот е совладан. Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.   Тој на својот фејсбук профил објави дека во пожарот не настрадал ниту […]