ДКСК: Огласите за вработување непосредно пред изборите не се добро управување


 Катица Николовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) говорејќи за активностите на Комисијата во однос на целиот изборен процес за претстојните Локални избори 2021, информира дека во изминатата недела во ДКСК се примени 60 барања за мислења од институции, за што, според неа, постои правна несигурност во однос на одлучувањето во самите институции […]

Анкета на НДИ: ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, Заев пред Мицкоски


  Високи 64 отсто од граѓаните во Македонија веруваат дека земјата се движи во погрешна насока, а 52 отсто велат дека има назадување на демократијата. Популарноста на ЕУ опаѓа, но останува висока поддршката за НАТО, покажува истражувањето на Националниот демократски институт (НДИ).   Во анкетата на НДИ, спроведена во март и април годинава, а чии […]

Заев за Охридскиот договор: Градиме зрели политики место конфликти


 Одбележуваме значајна годишнина од договорот со кој беше обезбедена мирната иднина и натамошна демократска изградба на Северна Македонија со еднакво учество на сите нејзини етнички заедници. Договорот ги постави темелите врз основа на кои ние како новоформирана влада во 2017 година го градиме нашето заедничко – едно и еднакво општество, вклучувајќи ги и почитувајќи ги […]

На денешен ден 1865 година почина докторот што тврдеше дека миењето раце штити од вируси


Еден од најделотворните начини да се избегне зараза со грип или корона виурс е редовно миење раце, а човекот што го откри тоа почина на 13 август 1865 година. Американскиот центар за контрола на болести советува да се истријат рацете со сапун и вода во траење од 20 секунди. Верувале или не, овој лекарски совет […]

„Вечер на Чинго“ во село Велгошти кај Охрид


Во дворот на црквата „Света Петка“ во селото Велгошти кај Охрид вечерва ќе се одржи традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ со културно-уметничка програма организирана во чест на ликот и делото на големиот охридски и македонски раскажувач и писател Живко Чинго. Предвидено е во рамки на манифестацијата да биде положено цвеќе пред спомен-обележјето на Чинго, со […]

Робертсон: Бугарија да ги послуша пријателите и да ја крене блокадата за Северна Македонија


Не треба само носталгично да се осврнуваме на Рамковниот договор кој беше уникатен пример за крај на еден конфликт. Договорите ги има премногу во историјата, но, она што луѓето вистински го сакаат е работа, добро образование за нивните деца и надеж за иднината. Тоа мора да биде чекор понатаму од Охридскиот договор и тоа е […]

Хари Костов го пофали Рамковниот, удри по расипништвото и корупцијата


Хари Костов, како поранешен министер за внатрешни работи во времето на потпишувањето на Охридскиот договор, по набројувањето на достигнувањата со него, даде оценка и за сегашната состојба во државата.  Според негова оценка, политичките партии кај нас се толку поделени што сега, по Охридскиот договор, треба да потпишат нов договор за остварување на неопходните реформи, зад […]

Доли Партон, на 75 години го издава својот прв роман


САД – Џејмс Патерсон, се чини, стана омилен автор за богатите и славните кои сакаат да го направат својот прв пробив во светот на романите. Откако работеше со поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, на неговите два политички трилери, популарниот писател деновиве објави дека контактира со Доли Партон за нејзиниот дебитантски роман, пренесува „Венити фер“. Книгата, […]

МЗ: Значително зголемен интересот за вакцина, над 462 илјади се ревакцинирани до вчера


Значително зголемен интерес за вакцинирање кај граѓаните е забележан вчера, информира Министеството за здравство и додава дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и на терен во помалите населени места и руралните средини. Заклучно со вчера, вакцина досега примиле  571 392 граѓани, ревакцинирани се 462 192 односно аплицирани се вкупно 1 033 […]

Копродукциската претстава „Отело“ на 17 август ќе го затвори 18. ИФАД „Стоби“


 Претставата „Отело“ на режисерката Нина Николиќ,  копродукција на Македонскиот народен театар и БНП – Зеница од Босна и Херцеговина, ќе биде изведена на 17 август од 21 часот, на затворањето на 18. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“. МНТ информира дека поради комплексноста, претставата ќе биде одиграна  на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во […]

Ве боли стомакот кога сте гладни, постојано сте надуени како балон? Ова се најчестите причини


Подуеност и глад може да се појават истовремено, експертите објаснуваат како е можно и што помага. Можеби го имавте ова непријатно чувство во стомакот? Дали сте гладни затоа што сеуште немавте време да јадете, но одеднаш се чувствувате подуено како да сте јаделе нешто што вообичаено не ви се допаѓа? Можно е да чувствуваме надуеност […]

Груби: Без Охрид, ќе ги немаше Преспа и НАТО


   Денес сме собрани да се потсетиме на храброста на мажите и жените пред 20 години и да ја изразиме нашата најголема почит кон нив со ветување дека ќе го спроведеме и прифатиме духот на мирот договорен на 13 август 2001 година, истакна првиот вицепремиер Артан Груби на конгеенцијата по повод 20 години од Охридскиот […]

(Видео) На атлетичарка и пукна стапот на два дела и заврши на бетон


Се случува понекогаш стапот да се скрши, но Анџелика немаше среќа да биде пречекана ниту на душекот. Швајцарката скокачка со стап, Анџелика Мозер (24) се здоби со тешка повреда на тренинг и моментално е во болница, сето тоа откако се оствари кошмарот на сите натпреварувачи во овој спорт. За време на еден обид да скокне – […]

Пендаровски: Охридскиот договор веќе не се гледа како закана


Претседателот Стево Пендаровски на прославата на Охридскиот договор порача дека тој го издржал тестот не времето и дека и денес верува дека бил најдобриот можен одговор на политичкото раководство во тогашниот политички момент во земјата. Тој нагласи дека во ниту едно испитување на јавното мислење граѓаните не гледаат во него како безбедносна закана. „Факт е […]

Битката за климата ќе ги зголеми долговите, ќе го намали кредитниот рејтинг


Пандемијата со Ковид-19 предизвика невидено зголемување на државните долгови, а климатските промени би можеле да предизвикаат неизвршување на доспеаните рати низ целата планета, што, како што предупредува панелот на ОН, се должи на глобалното затоплување кое е на пат без враќање доколку итно не се преземат конкретни акции. За да спречат катастрофа, земјите се обврзуваат […]

МНР: Да не се патува во Авганистан, тие кои се таму да си заминат во најскоро време


Заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Република Северна Македонија да не патуваат во оваа дрѓава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време. – Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани […]

Хороскoпот открива кои знаци ќе имаат најмалку среќа со парите следната недела


Ова се хороскопските знаци кои ќе имаат најмалку пари следната недела! Хороскопот за пари ни открива дали треба да го  чуваме паричникот или слободно да го трошиме до последниот динар. Внимавајте следната недела, од 16 до 22 август, три знаци нема да бидат под среќна ѕвезда кога се во прашање парите! Прочитајте и како да […]

Почнува 16 издание на Фестивалот за краток филм „Астерфест“


Во Струмица вечер почнува 16. Фестивалот за краток филм „Астерфест“, кој ќе трае до недела. Ова издание се одржува под мотото „Нови мотивации“, а во официјална интернационална конкуренција се 24 кусометражни играни, документарни и анимирани филмови. На отворањето на Фестивалот, вечер, ќе бидат прикажани филмовите „Господата од Современа“ на Ана Алексовска, „Конструкт 24“ на Никола […]

Концерт на Надја Неволович на виолина и Калина Мрмевска на пијано на „Охридско лето“


На музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва за вљубениците во класичната музика е предвиден концертот на уметничките Надја Неволович на виолина и Калина Мрмевска на пијано. Виолинистката Надја Неволович ја красат музичка интуиција, виртуозна техника и интерпретации со голем интегритет, квалитети кои  ѝ носат плодна кариера како солист и камерен музичар. Како и многу музички […]

(Во живо) Прослава на 20-годишнината од Рамковниот договор


Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на лидерската сесија на конференцијата „ По Охрид“, што се одржува по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.