(Видео) На атлетичарка и пукна стапот на два дела и заврши на бетон


Се случува понекогаш стапот да се скрши, но Анџелика немаше среќа да биде пречекана ниту на душекот.

Швајцарката скокачка со стап, Анџелика Мозер (24) се здоби со тешка повреда на тренинг и моментално е во болница, сето тоа откако се оствари кошмарот на сите натпреварувачи во овој спорт. За време на еден обид да скокне – стапот се распадна на два дела, а Ангелика падна на бетонот наместо на душекот.
Ја удрила главата и грбот, и веднаш била примена во болница во Швајцарија, каде што и бил фиксиран вратот. Мозер сподели фотографија од болничкиот кревет на Инстаграм, како и видео на кое се гледа како настанала повредата, и поради што нема да може да се натпреварува до крајот на сезоната. Повредите ќе ја држат далеку од стадионот, а се надева дека ќе биде „вистинска“ во 2022 година.