Авганистанската криза наскоро ќе биде и европска


Собирите низ Кабул оваа недела се мрачни, бидејќи разговорот секогаш се враќа на истите прашања: Дали Кабул ќе падне? Кога ќе падне Кабул? И што се случува тогаш? Дали да го чекате последниот лет или останувате, дури и по затворањето на аеродромот, со надеж дека ќе одите со автомобил до Исламабад или до Ташкент? Европејците […]

Најмалку 57 загинати во поплавите во Турција


Турција– Најмалку 57 лица загинаа како последица на поплави и лизгање на земјиште на црноморското крајбрежје на Турција, соопшти турската Агенција за борба со катастрофи и вонредни состојби. Поројните дождови во црноморските окрузи Кастамону, Синоп и Бартон во средата предизвикаа поплави што уништија станбени згради, автомобили и направија голем број патишта непроодни. Најмалку пет мостови се […]

Почна евакуацијата на дипломатите од американската Амбасада во Кабул


Авганистан– Почна евакуацијата на дипломатите од американската Амбасада во Кабул, изјавија денеска два официјални извора за западни медиуми. „Во моментов, додека зборуваме, заминува мала група. Поголемиот дел од персоналот се подготвотвува да замине… Амбасадата продолжува да функционира”, изјави еден извор, кој побарал анонимност. Евакуацијата на повеќето американски дипломати се очекуваше да почне денеска, бидејќи талибанците продолжуваат […]

Бактерии и опасности од болести ги демнат тетовци поради куповите смет


Куповите смет оставени на земја околу преполните контејнери, кои се карактеристична слика за Тетово, особено годинава и во летниот период со високи температури, претставуваат голема опасност за здравјето на граѓаните, алармираат стручните лица од областа на здравствената екологија. Комуналната општинска служба секојдневно го собира сметот од контејнерите, но постојат и голем број места каде нема […]

Инклузивно игралиште „Парк на срцата“ кај велешкото езеро „Младост“


Подобрување на пристапноста и развој на инклузивноста преку воведување нови рекреативни содржини и услуги и нивно интегрирање со постојните содржини во туристичката атракција езеро Младост да се овозможи еднаков пристап за сите домашни и странски посетители, е целта на новиот проект „Инклузивен Смарт Туризам“. Во рамки на проектот е изградено инклузивно игралиште со две тактилни […]

Штетата од опожарените шуми се уште не е проценета, но наскоро ќе ја почувствуваме


Човекот и шумите отсекогаш биле поврзани со нераскинлива врска на меѓусебна зависност и надополнување, но за жал таа врска ја губиме со нашите постапки преку кои за два до пет дена се пеплоса шума растена децении, пошумена да го одржува екосистемот на нашата држава. Шумата е дар од природата. Затоа, во сите култури и кај […]

Како Ковид пропусницата се имплементира низ целиот свет


Системот со  здравствен сертификат, што е на сила со недели во Австрија и Данска, и неколку дена во Франција и Италија, им дава пристап до некои јавни места само на вакцинираните лица, оние кои прележале ковид и луѓе со негативен тест за ковид. И тој сертификат се користи се повеќе. Пионери се Данска, Унгарија и Австрија  […]

Почнува 32. Ликовна колонија Галичник


Започнува триесет и втората сесија на традиционалната манифестација Ликовна колонија Галичник која ќе се одржува до 22 август во Галичник. На овогодинешната креативна дружба со физичко присуство ќе учествуваат единаесет уметници, а четворица онлајн. На колонијата ќе се претстават уметниците: Џозеф ван Калденбург од Холандија, Милка Делибашиќ – Црна Гора, Магдалена Кучко – Полска, Ана […]

Концерт на Тони Китановски во Куршумли Ан


Во Куршумли Ан вечер во 20 часот ќе одржи концерт џез гитаристот Тони Китановски  заедно со  музичарите Асад Рашид, Техемана Скендеровска, Добрила Грашеска, Али Рашид, Виктор Филиповски, Хустреф Саид, Вилхен Мемедов. Концертот на Тони Китановски е во рамки на проектот „Музиката зборува на сите јазици – 30 години мултикултура“, а по повод прославата на 30-годишнината од […]

Поради сообраќајка блокиран патот Велес-Скопје по обиколницата кај Хиподром


Патниот правец Велес – Скопје (по Обиколница) кај Хиподром е блокиран поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај […]

Српските уметници Драган Средојевиќ на виолина и Ненад Ивовиќ на пијано на „Охридско лето“


Триесет и петтиот ден од програмата на „Охридско лето“ е резервиран за настапот на српските уметници Драган Средојевиќ на виолина и Ненад Ивовиќ на пијано. Драган Средојевиќ е еден од најеминентните српски виолинисти на денешницата кој постојано настапува на концертните подиуми ширум светот. Дипломец на познатиот московски конзерваториум „Чајковски“ од класите на Марине Јашвили и […]

Бајден одлучи да испрати 5.000 војници во Кабул


САД– Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи да испрати 5.000 војници во Кабул, наместо 3.000 претходно најавени, со цел да се обезбеди евакуација на американски дипломати и авганистански цивили. Бајден нагласи дека, по консултации со советниците за национална безбедност, одлучил дека „околу 5.000 војници“, наместо 3.000, да бидат распоредени на аеродромот во Кабул, со цел да […]

Од утре се собираат потписи за независни листи на локалните избори


Постапката за собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори започнува утре (16 август) согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ. Повеќе групи на граѓани најавија собирање потписи за учество со свои листи на локалните избори и тие веќе и се познати на јавноста. Потписите се собираат пред […]

Пожарите во државата под контрола, продолжуваат акциите за гасење во Сарај и Центар Жупа


Надлежните институции и служби веќе две недели активно се справуваат со пожарите на повеќе локации во државата. Освен органите на државната управа во справување со пожарите се вклучени и странски експертски екипи за пожари.  Француските експерти во изминатите денови од блиску го следат пожарот кај село Раовиќ, во Општина Сарај, кој според Центарот за управување […]

Бројот на активни ковид случаи надмина 5.000, од утре рестриктивни мерки


Значително зголемен број на новозаразени со Ковид -19 е регистриран и во вчерашната статистика на Министерството за здравство, од каде најавуваат дека во наредните недели состојбата може да биде критична, но уверуваат дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран. Инфективната клиника во Скопје е пополнета со ковид пациенти, а ќе се активираат и останатите […]

Стабилно и топло време, од среда дожд и посвежо


Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура 19, а максималната ќе достигне до 36 степени. […]

Во Охрид отворен Музеј со работилница за филигран на Вангел Деребан


На местото каде некогаш се наоѓаше работилницата на мајсторот Вангел Деребан вечерва во чаршијата во Охрид е отворен музеј посветен на филигранот, место каде ќе биде презентиран филигрански алат, поставка на филигрански алат како и презентација на сето културно богатство сочувано од семејството Деребан. Станува збор за проект поддржан од ЕУ со гранд преку Проектот […]

Почина маж во Охридско Езеро, министерот Филипче се обидел да го реанимира (видео)


Маж на возраст од околу 70 години почина доцна попладнево на охридското крајбрежје, неофицијално како последица на срцев удар. Безживотното тело на човекот било извадено од водите на Езерото на плажата Метропол, а на снимката на Њуз1.мк се гледа како на помош притрчал министерот за здравство Венко Филипче, кој бил одалечен на околу 200 метри, […]

Талибанците го зазедоа и градот Мазар-и-Шариф, последното упориште на авганистанската влада на север во државата


Талибанците денеска го зазедоа градот Мазар-и-Шариф, последното упориште на авганистанската влада на север во државата и го затегнаа обрачот околу главниот град Кабул, соопштија официјални лица. – Талибанците ја презедоа контролата врз градот Мазар-и-Шариф, изјави Афзал Хадид, шеф на советот на провинцијата Балк, додавајќи дека се чини дека градот паднал без борба. – Војниците ја […]

Во Дебар се зголемува бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот


Во континуитет расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во општините Дебар и Центар Жупа, а како последица на тоа се зголемува и бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот во дебарската општа болница со проширена дејност. Според податоци на Министерството за здравство, во Дебарско денеска регистрирани се 23 новозразени, што е најголема бројка на дневно ниво од […]