Бројот на работни места во ТИРЗ зголемен за осум проценти


Во компаниите што се активни во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во јули е регистриран зголемен број на работни места од 8,13 проценти во однос на истиот месец од 2020 година, како и речиси еден процент повеќе во однос на јуни годинава. Од Дирекцијата на ТИРЗ денеска информираа дека моментно во зоните работат 14 240 […]

Голем наплив на пациенти со Ковид-19 во Тетово, се размислува за дополнителни локални мерки


Министерството за здравство денеска соопшти дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите. Се размислува и за воведување дополнителни локални мерки за заштита од Ковид за што ќе биде разговарано утре. -На колегите од Тетово им се дава соодветна […]

Розберг се откажал од 100 милиони долари за да ја напушти Формула 1


Поранешниот возач на Мерцедес, шампион во Формула 1, Нико Розберг раскажа како одбил 100 милиони долари и понуда да продолжи со кариерата во „Кралските трки“. – Сакав да избегнам да станам личност која никој не сака да ја види во тимот. Се откажав од 100 милиони долари, кои, може да се каже, лежеа на мојата […]

Фото: Шилегов покажа како ќе изгледа новата Универзална сала


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил ги сподели првите фотографии кои прикажуваат како ќе изгледа внатрешноста на реновираната Универзална сала. „Некаде на почетокот на јуни на одговор на новинарско прашање, кажав дека влегуваме во изборна кампања и дека во периодот што следи, ќе се изнаслушаме сѐ и сешто (особено за мене), […]

За излез од ГП Табановце се чека од 30 до 45 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ и додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. – Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од […]

Скапо возење „од нигде до никаде“ – „Њујорк тајмс“ за црногорскиот автопат со кинески кредит


Црногорскиот лидер вели дека речиси 1 милијарда американски долари за автопат изграден од Кина, одобрен од неговиот претходник, ги влоши финансиите на земјата, пишува угледниот весник   Еден од најскапите патишта во светот, по планините и клисурите низ кои минува, завршува во калливо поле во село со дваесетина куќи, од кои многу се празни. Вака, […]

Двајца албански државјани предизвикале пожар во дебарско


Поднесена е кривична пријава против двајца албански државјани за предизвикување шумски пожар во подрачјето на дебарско, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.   Одделението за внатрешни работи Дебар вчера до Основното јавно обвинителство Дебар поднело кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, […]

Западот си даде автогол, Авганистан пред хуманитарна катастрофа


 Авганистан се соочува со „катастрофална“ хуманитарна состојба, доколку не се преземат мерки за да се спречи колапс на земјата пред напредокот на талибанците, предупреди претседателот на Комитетот за одбрана на Велика Британија. Пратеникот од ториевците, Тобијас Елвуд, за Радио Тајмс изјави: „Ова е целосно понижувачки за Западот. Го составивме најневеројатниот, технолошки напреден сојуз што светот […]

Осуммина загинати откако се преврте патнички автобус во Унгарија


Унгарија –  Осум лица загинаа во тешка автобуска несреќа во Унгарија што се случи утрото. Автобус со унгарски патници излета од автопатот М7 што ја поврзува Будимпешта со езерото Балатон. Автобусот се превртел, а причината за несреќата се уште не е разјаснета, соопшти полицијата. Две лица се тешко повредени, а 46 се со полесни повреди. 

За една недела близу 50 000 вакцинирани во државата


Министерството за здравство информира дека во текот на изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата. Забележан е, истакнуваат од МЗ, значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. – Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и […]

Два хеликоптера се вклучија во гасење на пожарот во Горно Мелничани


Во гасењето на пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во општина Центар Жупа, од утрово вклучени се два хелкоптера, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро.Тоа е по барање на градоначалникот Аријан Ибраим, поради ширењето на пожарот кој до сега има опожарено над 15 хектари високостеблеста букова шума. Пожарот, кој вчера беше ставен […]

Талибаните тврдат дека не планираат да го преземат Кабул со сила


Талибаните тврдат дека не планираат да го преземат Кабул со сила, јавија американски медиуми. „Ничиј живот, имот или достоинство нема да бидат повредени, а животите на граѓаните на Кабул нема да бидат загрозени“, тврдат во изјава за американски медиуми бунтовниците откако денеска влегоа во предградија на главниот град на Авганистан. Владини службеници во паника кога […]

Објавени резултатите од конкурсот за сместување во ученички домови за учебната 2021-2022 година


Објавени се резултатите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови  за учебната 2021/2022 година и можат да се погледнат на следниот линк. -Примените ученици можат да се сместат во соодветниот ученички дом почнувајќи од 31.8.2021 година. При сместувањето, учениците, раководствата и вработените во домовите задолжително да се водат согласно насоките наведени во Протоколот […]

Во Канада ќе се населат 20.000 Авганистанци


Канада соопшти дека ќе прими повеќе од 20.000 Авганистанци кои се во опасност и се принудени да бегаат под налетот на талибаните. Имиграциониот министер на Канада Марко Мендисако ја потврди оваа информација, а високи канадски политичари во јуни рекоа дека бројни Авганистанци кои соработувале со канадската влада ќе можат да се населат во таа северноамериканска […]

Талибанците влегуваат во Кабул од сите страни


Талибанците почнаа да влегуваат во Кабул од сите страни, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи. Раководството на талибанците им нареди на борците да се воздржат од насилство во Кабул, да овозможат безбедна евакуација на оние што сакаат да го напуштат главниот град и да ги принудат жените да се засолнат во заштитените подрачја. Тројца авганистански […]

Турција ќе помага за евентуално извлекување на наши државјани од Авганистан


Министерот за надворешни работи Бујар Османи остварил контакт со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу од кого добил уверување дека доколку има потреба ќе помогнат при извлегување на македонските државјани од Авганистан. –  Со оглед дека Република Турција има широко дипломатско и логистичко присуство во Кабул, побарав евентуална асистенција доколку се појави потреба за извлекување и […]

Над 3 000 граѓани се вклучија во проектот „Скопје вежба“


Заврши проектот „Скопје вежба“, а во текот на 44 дена 3 000 граѓани од различни возрасти ја искористиле можноста бесплатно да вежбаат и да се рекреираат на отворено со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование. Се вежбаше, како што соопшти денеска Град Скопје, гимнастика, аеробик, пилатес, бокс, моторика, јога, голф и фудбал, […]

„Виз ер“ ги намалува операциите во регионот поради кусок на персонал


„Виз ер“ го намалува бројот на операции на многу од своите дестинации во поранешна Југославија од почетокот до средината на октомври поради недостаток на расположлив персонал. Авиокомпанијата првенствено ќе ги намали фреквенциите за еден лет неделно, оставајќи бројни линии со само една неделна ротација. Авиокомпанијата го решава проблемот со недостаток на екипаж со започнување итна […]

Во разорниот земјотрес на Хаити загинаа најмалку 304 лица


Најмалку 304 луѓе загинаа, а 1.800 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди вчера југозападниот дел од Хаити, соопштија властите. Земјотресот уништил куќи, училишта, хотели и цркви. Епицентарот на земјотресот бил на 8 километри од градот Петит Тру де Нипес, што е 150 километри од главниот град на […]

Патничко возило излета од патот кај Хиподром кон обиколницата, сообраќајот во прекин


 Патничко моторно возило „хонда џип” со скопски регистарски ознаки изутрината излетало од патот на клучката Хиподром кон обиколницата, информират за МИА од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на лице место. Едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со телесни повреди. Од Министерството за внатрешни работи за МИА […]