ЛДП и ДОМ со прв кандидат за градоначалник – за Гевгелија го предлагаат основачот на ВИПРО, Виктор Петков


Коалиција на ЛДП и ДОМ на локалните избори во Гевгелија за свој кандидат за градоначалник ќе го номинираат бизнисменот Виктор Петков, соопштија од партиите. Петков е основач и генерален менаџер на ВИПРО ДООЕЛ Гевгелија, компанија од преработувачката индустрија за храна, која се занимава со преработки на овошје и зеленчук. – Како граѓанска коалиција на ЛДП […]

Илон Маск работи на нов хуманоиден робот


Нов прототип на човековиден робот ќе биде претставен следната година од компанијата на Илон Маск, „Тесла“. Уредот ќе биде висок 172 сантиметри и тежок околу 56 килограми, ќе биде опремен со вештачка интелигенција, како и сет сензори што се користат во електричните возила произведени од компанијата. Роботот ќе се вика „Тесла Бот“. – Ако размислите, […]

Додик повикан на сослушување во Обвинителството на БиХ поради негирање геноцид


Обвинителството на Босна и Херцеговина го повика српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, на сослушување поради негирање на геноцидот во Сребреница. Додик вчера ја потврди оваа информација, за време на посетата на Мостар, коментирајќи ја веста дека градоначалникот на Јабланица Дамир Шабановиќ (СДП) поднел кривична […]

САД: Пожари беснеат во Калифорнија, поплави во Северна Каролина, источниот брег се подготвува за ураган


Американската сојузна држава Калифорнија веќе го надмина количеството на изгорено земјиште во споредба со минатата година – досега изгореа повеќе од 400.000 хектари, што постави негативен рекорд, а сега американскиот запад влегува во период кога силните ветрови предизвикуваат смртоносни пожари. Повеќе од десетина големи пожари горат во калифорниската трева, грмушки и шуми, кои се екстремно […]

И на терминалите на аеродромот во Скопје влез само со ковид сертификат или негативен ПЦР или антиген тест


Од синоќа во 21 часот се применуваат нови правила за влез во терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти ТАВ Македонија која што управува со аеродромот.  Како што се вели во објавата, влезот во зградата ќе биде можен само со приложување на сертификат за имунизација, односно за прележан КОВИД-19 или со негативен ПЦР тест. „Согласно […]

Претставата „На отворено море“ на Југословенско драмско позориште од Белград за затворање на „Охридско лето“


Со изведба на претставата „На отворено море“ во режисерска поставка на Егон Савин и актерската екипа на Југословенско драмско позориште од Белград вечерва на Античкиот театар ќе биде спуштена завесата на годинашното 61. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата „На отворено море“ на Бранислав Нушиќ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е […]

Како „падна“ Авганистан за само 10 дена


За само десет дена талибанците го освоија целиот Авганистан и ја презедоа контролата врз бројните провинциски престолнини низ целата земја. Се чини дека авганистанската војска не пружи силен отпор, а на некои места воопшто немаше отпор, бидејќи некои градови „паднаа“ без борба. Првата провинциска престолнина талибанските борци ја освоија на 6 август, а до 15 […]

Започнува 33. Поетска ноќ во Велестово


Од денес до недела ќе се одржи 33. Поетска ноќ во Велестово која ќе биде посветена на поезијата на Ристо Лазаров и на творештвото на охридските уметници Славко и Никола Упевче. Во рамки на манифестацијата ќе биде отворена изложбата „Татко и син Упевче“ на отворениот простор и во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ […]

На ГП „Табановце“ се чека 30 минути


На граничниот премин Табановце утринава за излез од земјава се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез, информира Авто мото сојузот на Македонија. Оттаму за денеска најавуваат краток прекин на сообраќајот на делницата Пресека-Врбјани на патниот правец Кичево-Охрид во периодот од 11:30 до 14:30 часот. На […]

Манифестација „Филмска култура“ по повод 30 години независност


По повод одбележувањето на 30 години од осамостојувањето на Северна Македонија, од денес до 26 август ќе се реализира културна манифестација именувана како „Филмска култура“. Домаќини на овој настан, кој се реализира со поддршка од Владата, ќе бидат Тетово од 20 до 22 август, Битола од 20 до 22 август и Скопје на 22, 25, […]

Словенија забрани пластични производи за еднократна употреба


Во Словенија од вчера забранета е употреба на повеќето пластични производи за еднократна употреба. Чаши и чинии за еднократна употреба, пластични садови, сламки, како и пакување за брза храна и кутии од стиропор ќе бидат повлечени од пазарот. Пластичните производи што немаат алтернатива, како влажни марамчиња, пластични филтер за цигари и тампони ќе продолжат да […]

Од Кабул евакуирани сите наши граѓани, наскоро пристигнуваат и цивили од Авганистан


Сите наши државјани кои биле пријавени за евакуација од Кабул, веќе го имаат напуштено Авганистан. Наскоро се очекува и пристигнувањето на цивилното население кое треба да биде сместено во земјава. Според власта, прифаќањето на авганистанските цивили во земјава е прашање на принципи, вредности и хуманост, а за опозицијата погрешен потег е да се примаат многу повеќе […]

Кој со кого за локалните избори, партиите уште ги немаат соопштено сите кандидати за градоначалници


Два месеца пред локалните избори се дефинираат коалициите на партиите за заеднички настап во повеќе општини. Потпишување договор за соработка со најголемата македонска опозициска партија најави Алијанса за Албанците откако тоа завчера го навести и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вчера изјави дека се во тек преговори […]

УНИЦЕФ и УСАИД донираат мобилни станици за миење раце во 15 училишта


Во пресрет на отворањето на училиштата и  подготовките за организирање на наставата со физичко присуство на учениците, претставниците на  УНИЦЕФ  и УСАИД во земјава, Патриција Ди Џовани и Ерик Јановски, денеска ќе го посетат ОУ „Климент Охридски“ во Драчево – едно од петнаесетте училишта  кои добија мобилни станици за миење раце заради подобрување на капацитетите за вода, санитација […]

Талибанците прогласија Исламски Емират Авганистан, на земјата и се заканува хуманитарна криза, бунт и бегалски бран


Само пет дена по падот на Кабул и прозападната авганистанска Влада талибанците вчера и официјално го прогласија формирањето на Исламски Емират Авганистан и го сменија државното знаме, со што го реинсталираа системот на владеење практикуван од нив во времето на првата талибанска власт од 1996 до 2001 година. Авганистан ќе има врховен лидер и талибански […]

Сончево и топло, попладне дожд


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови претежно во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 34 степени. Во Скопје, […]

Утре почнува увидот на Избирачкиот список


Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите ќе започне утре и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите. Во овој рок граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го […]

Тешка сообраќајка во Аеродром: Загина мотоциклист, двајца се тешко повредени


Вечерва, во тешка сообраќајна незгода што се случи во скопски Аеродром, загина едно момче, а  најмалку двајца се тешко повредени. Сообраќајната несреќа се  се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, спроти „Веро“, а булеварот неколку часа беше блокиран за возила, кои се пренасочуваа по околните сервисни улици и паркинзи. Според некои извештаи, […]

Тинејџерите го шират вирусот во Битола, се влошува епидемиолошката слика


Најголем број на новите случаи се во возрасната група од 10 до 19 година и од 20 до 29 год. Голем дел, особено од средношколците, биле на одмор или забави и концерти во Охрид Анета Блажевска БИТОЛА – Тинејџерите се најбројни од новозаболените во Битола со Ковид-19. Одморот во Охрид, забавите и прославите ја влошија […]

Путин и Драги: Да се спречи хуманитарна катастрофа во Авганистан


Рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Марио Драги денеска се согласија дека најважно е да се спречи хуманитарна катастрофа во Авганистан и да се заштитат неговите жители. – Фокус на денешниот телефонски разговор меѓу претседателот Путин и италијанскиот премиер Драги беше ставен на ситуацијата во Авганистан. Страните ја истакнаа важноста од спречување на хуманитарна […]