Тешка сообраќајка во Аеродром: Загина мотоциклист, двајца се тешко повредени


Вечерва, во тешка сообраќајна незгода што се случи во скопски Аеродром, загина едно момче, а  најмалку двајца се тешко повредени.

Сообраќајната несреќа се  се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, спроти „Веро“, а булеварот неколку часа беше блокиран за возила, кои се пренасочуваа по околните сервисни улици и паркинзи.

Според некои извештаи, момчето на возраст од околу 25 години, директно се судрило со автомобил „Ауди“ и починало од незгодата. Додека, пак возачт и најмалку еден патник кој бил со него во возилото пренесени се во болница со тешки повреди. 

Според првичните информации незгодата се случила поради непочитување на сообраќајните правила. 

Вознемирени граѓани, по социјалните мрежи прашуваа што се случува во Аеродорм, затоа што ги слушале сирените од брзата помош и полицијата. 

Од МВР не излегле со детали, со оглед на тоа што увидот траеше подолго.