Вучиќ и Чавушоглу во Белград изразија задоволство од билатералните односи


Србија – Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска во Белград се сретна со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, со кого разговараше за подобрување и понатамошно зајакнување на билатералната и економската соработка, како и за регионални и меѓународни прашања од важност за двете земји, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ на […]

Новинарите предупредуваат дека е можно затворање на СТА


Словенија– Новинарите на Словенечката новинска агенција (СТА) денеска предупредија дека можно е Агенцијата да престане со работа, бидејќи Владата, незадоолна од уредувачката политика, повеќе од 200 дена не плаќа за добиените услуги. Во апелот до домашните политичари и европските институции, новинарите наведуваат дека Агенцијата има пари да исплати само една плата. – Уште на почетокот […]

ЦУК: Пожар на Галичица, опасност да биде зафатена и заштитената зона од шумата


Пожарот којшто беше активен на албанска територија на планината Галичица со помош на ветрот е веќе преминат на македонска територија кај граничен Камен  Ф9. Екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција во моментов се на терен, затоа што постои опасност од проширување на пожарот и може да биде зафатена и заштитената зона од шума […]

Меркел: Од 10.000 до 40.000 локален персонал во Авганистан имаат право да бидат евакуирани во Германија


Германија– Германија проценува дека се уште има меѓу 10.000 и 40.000 локален персонал кои работат за развојни организации во Авганистан и кои имаат право да бидат евакуирани во Германија, доколку мислат дека се загрозени, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. Таа на заедничката прес -конференција со австрискиот колега Себастијан Курц рече дека повеќето од оние […]

Растот на средствата на пензиските фондови главен двигател на порастот на останатите финансиски институции


Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2021 година, изнесуваат 152.572 милиони денари и се повисоки за 6,363 милиони денари на квартална основа. Структурно гледано, најголемо учество од 65,2 отсто во средствата на ОФИ имаат пензиските фондови, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 18,9 отсто, информира Народна банка […]

Светот оди во правец целосно да се нормализира животот на вакцинираните лица, вели Филипче


И тоа што го донесе Европската Унија како одлука оди во прилог на нашата политика, а тоа е да има што поголем број на вакцинирани граѓани. Заради тоа што токму со тие сертификати за вакцинација нема никакви рестрикции, не се бараат ПЦР тестови, не е потребен ниту карантин и тоа е доказ дека буквално целиот […]

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка


Народната банка соопшти дека во јули продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и се сведе на ниво од 4,50 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,83 проценти. -Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор во јули изнесува 3,61 отсто и е пониска за 0,04 процентни […]

Француска премиера на филмот „Хомо“ на Игор Иванов-Изи на фестивалот во Нанси


Франција – Во официјалната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси во Франција вечерва ќе биде претставен играниот филм „Хомо“ на Игор Иванов – Изи, јави дописникот на МИА. Француската премиера на филмот „Хомо“ е во рамките на престижната селекција „Под Ѕвездите“, која е најпосетената официјална селекција на фестивалот при што ќе биде прикажан под отворено небо, а […]

Капитал Ассет Менаџмент – ново друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност


Комисијата за хартии од вредност даде дозвола за работа на ново друштво за инвестиционо советување – Капитал Ассет Менаџмент ДООЕЛ Скопје. Друштвото Капитал Ассет Менаџмент, согласно Законот за хартии од вредност, самостојно ќе работи на инвестиционо советување, a посредно ќе управува со портфолија на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент. […]

СВП во Скопје: Меѓународно поетско читање во МСУ


Дел од странските поети, гости на „Струшките вечери на поезијата“, синоќа читаа своја поезија во Музејот на современа уметност. Со тоа и официјално заврши 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал. Владан Кречковиќ, Жоел Верне, Глорјана Вебер, Марија Дејановиќ, Јана Радичевиќ, Звонко Карановиќ се поетите кои можеше да ги слушне скопската публика, а се прочитаа и […]

Македонија фаќа приклучок кон европските стандарди за енергетска ефикасност во градежништвото


Околу 500 градежни професионалци, 2.000 работници, 1.200 станари или сопственици на објекти, над 50 професионални организации и 200 компании, е предвидено да бидат дел од тригодишниот проект „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вреднувани– SEEtheSkills”. Проектот почна да го спроведува Стопанската комора на Северна Македонија од 1 јуни 2021 година, но во него се […]

Бизнисмени во трка за градоначалничката фотелја во Битола


СДСМ ќе игра на картата на младиот и успешен бизнисмен Христо Кондовски, додека пак, адутот на ВМРО-ДПМНЕ, наводно е поранешниот министер во кабинетот на Груевски, Џери Наумоф, иако не се исклучува да го предложат угостителот Никола Трпеновски Анета Блажевска БИТОЛА – Бизнисмени ќе ја водат битката за градоначалничката фотелја во Битола. Христо Кондовски е кандидат […]

Училиштата се подготвени за сите сценарија, учење со физичко присуство е во интерес на учениците


 Училиштата се подготвени за сите сценарија за учење кои треба да се спроведат во учебната 2021/2022 година. Одлуката за започнување со физичко присуство е во интерес на учениците затоа што наставата со физичко присуство нема замена, не само заради процесот на учење и социјализација, туку и заради заштита на нивното менталното здравје, изјави денеска министерката […]

Пливањето може да го збогати речникот на децата


Истражување на Универзитетот на Делавер (САД) посочува дека пливањето може да го збогати речникот на децата. Испитувањето е објавено во американскиот „Журнал“ за говор, јазик и слух. – Среќни сме со резултатите од истражувањето, бидејќи можеме значително да им помогнеме на негувателите и воспитувачите. Пливањето е едноставна физичка активност, и докажавме колку добро влијание има […]

Во Брисел почнаа да вакцинираат и во супермаркети


БРИСЕЛ – Здравствените власти во Брисел во понеделникот почнаа да нудат вакцини против Ковид-19 во супермаркетите и трговските центри за да ги зголемат стапките на вакцинација во белгиската престолнина, кои не се во чекор со брзата инокулација во Белгија. Домаќин на Европската унија и НАТО, Брисел вакцинираше околу 65% од неговото население, многу помалку од […]

Комплексен е процесот на лекување пациенти заболени од Ковид-19, вели Филипче


Има јасни препораки и тие се во доктрините кога се дава антибиотик, а кога не се дава и матичните лекари имаат навистина искуство во тој дел. Комплексен е процесот на лекување на пациенти заболени од Ковид-19. Не се однесува на тоа дали се дава антибиотик или не. Проценка на возраста, ризиците, хроничните болести, претходна терапија, […]

Плаќањето на еврообврзницата од 500 милиони евра го намали државниот долг за 3,9 процентни поени, сега е 52 отсто од БДП


Државниот долг забeлежа намалување од 3,9 процентни поени. Денешните објавени податоци покажуваат дека тој се спушти на ниво од 52 проценти од БДП во однос на 30.6.2021, кога беше на ниво од 55,9 проценти, односно забележа намалување од 3,9 процентни поени. Значајно е тоа што средствата што беа обезбедени на меѓународниот пазар на капитал во […]

Авганистанец тешко повреден, се обидел да се качи на товарен воз за Скопје


Р.О. од Авганистан, мигрант, е тешко повреден откако се обидел да се качи на товарен воз кој тргнал од Железничката станица Криволак кон Скопје. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен ноќеска, во 00:25 часот во Полициската станица Неготино. Р.О. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен е увид на […]

Брус Дикинсон од „Ајрон Мејден“ го победи и ракот на јазикот и коронавирусот


Англија – Британските метал-легенди „Ајрон Мејден“ го снимија својот 17-ти студиски албум „Senjutsu“ во почетокот на 2019 година, но многу од песните на него – „Days of Future Past“, „Darkest Hour,” „The Writing on the Wall” и „Hell on Earth“, на пр., како да се однесуваат на оваа 2021 година. – Чудно, имаме една или […]

Роналдо го официјализираше враќањето во Манчестер јунајтед


Англија– Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо денеска официјално стави потпис на двегодишен договор со Манчестер јунајтед и се врати во клубот за кој со голем успех настапуваше од 2003 до 2009 година. – Манчестер Јунјатед е клуб, кој има посебно место во моето срце, и презадоволен сум од пораките што ги добивам од најавата за трансферот во петокот. Одвај […]