Босиљчиќ: „Охридско лето“ е мојата голема младешка љубов
Со стихови од најголемите светски автори, со поезија од српски поети, но и од македонските великани Блаже Конески и Анте Поповски проследени со познати мелодии, големиот српски актер Иван Босиљчиќ вчеравечер на „Охридско лето“ го донесе драмскиот проект „Наша вечер во Охрид“. Поезијата интерпретирана од Босиљчиќ на сцената „Долни Сарај“ претставуваше едночасовна исповед на љубовта […]