Жешко лето со филмски фактор 20: : „Анет“ на Каракс го отвара „Синедејс“


Почнувајќи од вечерва, до 20-ти месецов љубителите на европските филмови ќе имаат можност на различни локации во Скопје под отворено небо да ги гледаат најдобрите филмски проекции, познати и признати од критиката, и тоа во рамки на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Фестивалот годинава одбележува 20 години постоење, и по тој повод содржи неколку новитети во […]

Што ќе се случи со заштитните маски?


Се појавија како прв знак – на лицата на аеродромите и на улиците – дека овој вирус не треба да се зема здраво за готово. За една година, маските беа распродадени; затоа започнаа научни дебати; па тие станаа штит; така, тие се вовлекуваат во политиката; така спасија мали бизниси; па ги спречија тие чудни средби. […]

ССМ: Штипскиот Основен суд покрена постапка во врска со отворањето стечај за „Баргала“ Штип


Основниот суд во Штип донел решение за поведување претходна постапка за утврдување на причините за отворањeто на стечајната постапка за „Баргала“ АД Штип, а на акционерското друштво му е изречена забрана да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и забрана за одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против ова АД. […]

„Белите дробови на светот“ повеќе не дишат


  Амазонската прашума, „белите дробови на светот“, сега емитува повеќе јаглерод диоксид отколку што може да апсорбира, по прв пат официјално објавија научниците. Според најновата студија, емисиите на јаглерод диоксид изнесуваат милијарда тони годишно. Повеќето од тие емисии се предизвикани се од пожарите, кои главно ги предизвикале луѓето, сечејќи ка шумата за да створат пасишта. […]

Непотврдена вест ги урна акциите на финансиските компании


„Епл“ наводно работи на услуга што ќе им овозможи на клиентите да купуваат на рати и на одложено плаќање, напиша Блумберг во вторникот, па акциите на такви слични услуги, како што е „Афтерпеј“ (Afterpay), паднаа драстично. За да се создаде оваа нова услуга, „Епл“ би се здружил со банката Голдман Сакс, со која веќе склучија […]

Две мртви тела пронајдени во некогашната вила на Версаче


Безживотни тела на двајца мажи беа пронајдени во хотел на Флорида (САД), којшто некогаш беше вила во сопственост на модниот дизајнер Џани Версаче. Собарка ги пронашла телата. Полицијата во Мајами Бич започна истрага. Причината за смртта, мотивите и идентитетот на жртвите сѐ уште не се откриени. Инаку, денеска се одбележува 24-годишнината од убиството на модниот […]

Ова се новите правила во Грција, кој ги прекрши ќе плати казна од 300 до 3.000 евра


Од утре во Грција стапува на сила одлука за забрана за влез на невакцинирани лица во затворени простории. Казната за оние кои не ја почитуваат оваа мерка е 300 евра, додека за оние кои ќе се обидат да го фалсификуваат сертификатот е 3.000 евра. Поради влошената состојба со пандемијата во оваа земја, властите прават се […]

Патувањето во вселената на Бренсон заврши со „пад на земјата“ на акциите на Вирџин Галактик


Успешното вселенско патување во неделата на милијардерот Ричард Бренсон заврши со „пад на земјата“ на акциите на Вирџин Галактик, компанија што ја основаше во 2004 година и во која тој држи 24 проценти од акциите. До крајот на денот во понеделникот, акциите паднаа за 17 проценти, иако пораснаа за осум проценти пред отворањето на пазарот. […]

Судењето за „Тендери“ се одлага до назначување на нов судија – поротник


Главната расправа за предметот „Тендери“, закажана за денеска, се одлага се до назначување на нов судија – поротник, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по добиено известување од Судскиот совет за разрешување на судија – поротник, главната […]

Огромен пожар во Орегон, луѓето бегаат


  Голем шумски пожар во сојузната држава Орегон уништува сѐ пред себе, а досега опожарени се повеќе од 80.000 хекрати земја, што натера стотици луѓе да избегаат од своите домови, објави Мегуагенцискиот координациски ценар во Портланд, јанголемиот град во Орегон. „Ова ми е прв шумски пожар кој сум го доживеала и тоа е застрашувачко. Не […]

Најмалку четворица загинати и над 50 исчезнати во поплавите во Германија


Најмалку четири лица, меѓу кои и двајца пожарникари, загинаа во Германија, а околу 50 лица се водат како исчезнати откако шест куќи во регионот Ајфел се урнаа поради поројните дождови и поплавите. Портпарол на полицијата во Кобленц потврди дека четири лица го загубиле животот. Нивните тела биле пронајдени на разни места. Други 25 куќи се […]

Нов вид енергетска патека за велосипеди во Утрехт


Холандија- Властите во холандската покраина Утрехт вчера ја отворија, како што велат, „најдолгата сончева патека за велосипеди во светот“, поврзувајќи одржлив извор на енергија со превоз без загадување. Учениците на околното основно училиште први се возеа по оваа патека долга само 330 метри во селото Мартенсдијк, близу градот Утрехт. Се состои од готови бетонски блокови […]

Кинеската економија со раст од 12,7 во првата половина од годинава


Кина–  Кинеската стапка на економски раст во првата половина на оваа година беше 12,7 проценти, се вели во извештајот на Централното биро за статистика на Народна Република Кина објавен денеска. „Според прелиминарните проценки, кинескиот БДП во првата половина на 2021 година беше 53,2 трилиони јуани (околу 8,24 трилиони американски долари по тековниот курс), што претставува […]

Во Летонија задолжителна вакцинација против Ковид-19 за вработени во образованието и во здравствените установи


Летонија – Летонската влада одлучи да ја направи вакцинацијата против  Ковид-19 задолжителна за вработените во образованието и здравствените установи, јави ДПА. Од октомври, вработените во медицински, јавни и образовни институции ќе треба да покажат потврда за вакцинација против Ковид-19. Во другите сектори, работодавците ќе имаат право да отпуштаат невакцинирани работници од 1 октомври, според новите […]

„Политика“: Српските здравствени работници ќе се вратат на работа од одмор само со ПЦР-тест


Србија – Болниците во Србија почнаа да воведуваат правило според кое здравствените работници кои не биле вакцинирани или не се заразиле со коронавирусот, мора да донесат негативен ПЦР-тест при враќањето од одмор, што ќе го платат сами, пишува Политика. Весникот наведува дека мерката ќе важи до септември, затоа што здравствените власти стравуваат дека некој може […]

Намалувањето на ДДВ-то за струја на пленарна седница


Собранието денеска во рамки на продолжението на 45. седница треба да гласа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност, по скратена постапка, со којшто се предвидува намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Законските измени се на предлог на Владата, а со нив се предвидуваше тие […]

Интервју со Бранимир Јовановиќ: Паметните учат од грешките на другите, а ние се чини не учиме ни од своите


Кризава недвосмислено го потврди старото кејнзијанско правило – дека во време на економски кризи, државата мора да вложува за да ја спаси економијата. Кај нас, за жал, Владата не го прави ова, вели економистот на Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ во интервју за „Независен“   Мирче Јовановски Виенскиот институт за меѓународни економски студии во летната економска […]

Ендру Стролајн: Однесувањето на ЕУ кон патентите за вакцини е неоколонијално


Белгија– Хјуман Рајтс Воч, една од највлијателните невладини организации за човекови права, со месеци бара од Европската Унија да ги укине привремено правата на интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19, попознато како TRIPS Waiver или суспендирање на патентите, за да им се овозможи на сиромашните земји што поскоро да ја пребродат санитарната криза. Но, ЕУ […]

Во земјава присутни два, три соја на вирусот Ковид-19, вакцинацијата важи за сите соеви, од есен можни нови рестрикции


Во земјава се активни 207 случаи на заразени со Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се присутни два, три соја на вирусот, нагласувајќи дека превенцијата и вакцинацијата важат за сите соеви. Имено, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега се вакцинирани 686.788 граѓани со една […]

Промоција на нови алатки и опрема за зголемување на ефикасноста на граничниот премин Ќафасан – Ќафа тане


Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата – EDGE денеска ќе одржи настан „Зголемување на ефикасноста на заедничките гранични контроли на граничниот премин Ќафасан – Ќафа тане“. На настанот на граничниот премин Ќафасан, како што соопштија организаторите, ќе бидат промовирани нови алатки и опрема што ќе ги користат царинските службеници на […]