Полицијата со солзавец ги растеруваше француските антиваксери


Демонстрации на Денот на Бастиља во Франција против наметнатите мерки за борба против ширењето на Ковид-19, особено неодамнешното соопштение во кое се наведува дека здравствени пропусници ќе бидат потребни за да се користат одредени  услуги и дека вакцините ќе бидат задолжителни за здравствените работници. Демонстранти се собраа во Париз и во повеќе други градови низ […]

Изгласан законот за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола


Собранието попладнево го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена […]

Формула 1 претстави болид дизајниран според новите правила од 2022 година


Формула 1 официјално претстави нов болид, конструиран според правилата на новите технички прописи со важност од 2022 година. Болидот има поедноставена аеродинамика. Ова треба да ја подобри ситуацијата со претекнување. – Следната година во Формула 1 започнува ново возбудливо поглавје, со стапување на сила на радикален нов пакет правила за да се обезбедат уште поспектакуларни […]

Изгласан законот, ДДВ за струјата на домаќинствата да се намали од 18 на пет проценти


Собранието денеска ги донесе измените на Законот за додадена вредност. Со ова, даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18 проценти на пет проценти. Намалената стапка согласно законското решение ќе се применува со денот на влегување во сила на Законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена […]

Слави Трифонов се премисли – утре ќе предложи нова влада


Промена до промена во Бугарија само четири дена по изборите. Лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов, денеска најави дека ја повлекува номинацијата за Николај Василев за премиерската функција, како и дека ќе го ревидира предложениот состав на владата. Утре тој одржи прес-конференција пред сите медиуми и ќе ги соопшти неговите нови идеи, а […]

Продолжено работно време и работење во викенд за нови лични документи


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Одделението за управни работи-Скопје, при Одделот за граѓански работи, кое периодов работи со продолжено работно време, вклучително и во текот на викендите, со единствена цел, граѓаните кои имаат потреба од издавање на нови лични документи да можат навремено да си го остварат своето право. Имено, од […]

УХМР: Намалена видливост поради прашина од Сахара и невреме на северот


Денес во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со намалена видливост, поради транспорт на прашина од Сахара.   Во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен, повремено силен ветер (над 60 км/час) од променлив правец.   Под влијание на влажна и нестабилна воздушна […]

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11 540 македонски граѓани и 8 306 со втора доза


Србија – Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11 540 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 8 306 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти порталот Југпрес, повикувајќи се на податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза […]

Дали спиете на лева или на десна страна? Дознајте зошто на едни супер им оди во животот, а други се мачат


Секој спие различно – некои претпочитаат да се свиткаат во фетална положба, други да се свртат на грб и слободно да се шират, други не можат да заспијат ако не се свртеле на стомак … Како што сугерираат некои научници, положбата за спиење може да каже многу за вас. Спијачите на лева страна се посреќни […]

Русија не планира да ги одобри странските вакцини против Ковид-19


Русија– Кремљ денеска ја отфрли идејата за одобрување странски вакцини против Ковид-19 во Русија, иако властите се трудат да ги поттикнат сонародниците, кои имаат сомнеж кон руските производи, да се вакцинираат. – Имаме наши вакцини, ги имаме четири, зарем тоа не дава можност за избор?, праша портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков пред новинарите. Тој […]

МЗ: Пристигна најсовремената терапија за лекување пациенти со Ковид-19


Министерството за здравство соопшти дека денеска пристигнал најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид-19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите „Casirivimab и Imdevimab”,  одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА). Од Министерството информираат дека по бројни преговори успеале да се приклучат кон заеднички договор за рамковна спогодба на кој […]

Судот ќе бара начини како да ги забрза процесите вратени на почеток


Претседателот на Кривичниот суд денеска ги уверуваше новинарите, а преку нив и јавноста, дека ќе сторат сѐ процесите кои ќе стартуваат од почеток да добијат побрзо темпо. Иван Џолев на брифингот со новинарите изјави дека дека судот ќе предложи предметите само формално да почнат од почеток со читање на записниците, за да се заштеди на […]

Најмалку 42 мртви во поплавите во Германија; „Ваква катастрофа не сме доживеале“


  Бројот на жртви во поплавите кои ноќеска погодија големи делови од западна Германија, се искачи на 42, објави полицијата, пренесе АФП. Бројот може да се зголеми со оглед на тоа дека многумина се водат како исчезнати. Многу делови од западна Германија, поради шестокото невреме и обилните дождови, што ноќеска ги зафати, останаа отсечени од […]

Како да се заштитиме од Делта сојот: Се огласи ЕМА – вака стојат работите со третата доза


Европската агенција за лекови (ЕМА) во својот извештај денес наведува дека не постои препорака за употреба на третата доза на вакцината, и дека сите четири вакцини одобрени во ЕУ во препорачаните дози се ефикасни против Делта-сојот на вирусот . За време на редовната неделна прес-конференција, ЕМА нагласува дека ги следи мутациите на вирусот и нивното […]

ВВ „Тиквеш“ и Факултетот за земјоделски науки и храна потпишаа Меморандум за соработка  


Ефективна размена на научни и стручни практики и знаења во областа на лозарството и винарството и стручна пракса за студентите и експертите, се само некои од придобивките на Меморандум за соработка што денеска го потпишаа винарската визба „Тиквеш“ и Факултетот за земјоделски науки и храна. Во Меморандумот се дефинирани сите области на соработка која, како […]

Вархеи: Србија игра клучна улога во регионот и во Европа


Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи, изјави дека Европската унија сака да го забрза процесот на проширување, што за Србија значи отворање на два кластери во преговорите за пристапување веќе оваа година. „Политиката за проширување останува во срцето на нашите активности и ние сакаме да ја забрзаме“, рече Вархеи во писмената изјава за конференцијата „Србија […]

Дрогиран македонски државјанин возел со 173 км/ч на автопатот Белград-Ниш


Српската полиција рано утрово запрела државјанин на Северна Македонија на возраст од 32 години, кој возел пијан и дрогиран по автопатот Ниш- Белград со брзина од 173 километри на час, на место каде што ограничувањето изнесува 130 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во соопштението на српското Министерство […]

На 19 јули почнува вакцинацијата на деца и млади од 12 до 18 години, досега 1.623 пријавени


Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до денеска напладне вкупно 1623 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање. Тие во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето, […]

Судиите поротниците сериозен проблем за Кривичниот суд Скопје


Судијата Горан Бошевски, од Кривичниот суд Скопје, неодамна разрешен и суспендиран од Судскиот совет, постапувал по 28 предмети (два се веќе завршени) и истите се поставени во системот АКМИС за расподелување кај другите судиите од Секторот за организиран криминал, брифираат од Кривичниот суд Скопје. Додека судијата поротник Митко Сандев, освен во предметите Талир, Тендери, Титаник […]

„Лајка“ советува како да го заштитите вашиот миленк од горештините


Согласно високите температури во овој период од годината за да ги заштитиме милениците важно е најпрво да ги препознаваме симптомите, за потоа да им ја пружиме негата која им е потребна. Препораки : Вашиот миленик шетајте го во раните утрински часови и доцните вечерни. Обезбедете му соодветно место, заштитено од сонцето доколку престојува на отворен […]