Слави Трифонов се премисли – утре ќе предложи нова влада
Промена до промена во Бугарија само четири дена по изборите. Лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов, денеска најави дека ја повлекува номинацијата за Николај Василев за премиерската функција, како и дека ќе го ревидира предложениот состав на владата.
Утре тој одржи прес-конференција пред сите медиуми и ќе ги соопшти неговите нови идеи, а неа ќе учествува и несудениот премиер Василев.
Слави Трифонов на Фејсбук напиша:
„На денот по изборите, предложив нацрт-кабинет составен само од високо образовани професионалци и со јасни приоритети. За премиер го номинирав економистот Николај Василев, човек со искуство во политика, државна администрација и вистински бизнис. Се покажа дека не е важно колку се образовани кандидатите министри, колку се стручни специјалисти, колку се јасни приоритетите, се покажа дека тоа не е важно за оние медиуми и политичари кои го назначија Николај Василев за продолжена рака на ДПС, што нема никаква врска со вистината.
Сепак, разбирам дека на земјата не ѝ треба нестабилност и нови избори. За мене не е толку важно какви лаги кажаа некои од партиите кои не се од статус-кво состојбата. За мене е многу поважно да се ‘гребе’ моделот ГЕРБ од јавниот и политичкиот живот во земјата. Затоа што ова е главниот непријател на државноста и демократијата. Затоа решив да ја повлечам кандидатурата на достоен човек како Николај Василев, бидејќи никој не е поважен од проблемите пред нас како општество. Ние, како партија што победи на последните избори, наскоро ќе предложиме нов премиер со ревидиран состав на Советот на министри“, напиша Трифонов на Фејсбук.