УХМР: Нестабилност со дожд и ветер ќе има и вечерва особено во западните делови и северот


Нестабилност проследена со грмежи, а потоа нестабилно со пороен дожд беше попладнево во делови од скопскиот регион и во Кривопаланечко. Нестабилна облачност има на повеќе места во западните делови и во делови и од скопскиот регион каде што има грмежи и умерен до засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека нестабилноста ќе продолжи и во вечерните часови особено […]

(Видео) Во Холандија критично – се стравува од пробивање на насипите


  Итните служби во Холандија и понатаму се во состојба на готовност, затоа што реките се закануваат да ги поплават градовите и селата во јужната провинција Лумбург. Евакуирани се десетици илјади жители од покраината во изминатите два дена, додека војниците, пожарникарите и волонтерите работеа ноќе за да ги зајакнат насипите. Во соседна Германија загинаа 133 […]

Страшните поплави ќе станат главно прашање на изборната кампања во Германија


Огромните уништувања и неверојатниот број жртви ќе ги донесат климатските промени на врвот од агендата за изборите во септември. Слична временска катастрофа го одреди победникот на гласањето во 2002 година   Можеби на крајот од тековната изборна кампања во Германија, кандидатите ќе бидат прашани ова: Каде бевте во четвртокот, на 15 јули? Што сторивте, што […]

Револуционерна машина што одгледува кожа за лица со изгореници (видео)


Парче кожа со големина на никел (монета од 5 центи), кога ќе се стави во револуционерна швајцарска машина за биоинженеринг, може да создаде кожен пресадок со големина на капак на шахта. Ниту целосно вистинска, ниту тотално вештачка, новата машина со големина на масичка за кафе овозможува да се растегне кожата во многу поголеми пропорции, во […]

(Видео) Британскиот министер за здравство заразен по две дози вакцина


Британскиот министер за здравство Саид Џавид, денеска рече дека се тестирал и е позитивен на корона виурс, но дека има благи симптоми. Министерот се заразил со корона вирус иако е вакциниран и тоа со две дози вакцина против Ковид-19. „Утрово направив брз тест и позитивен е на Ковид“, рече тој и додаде дека чека потврда […]

Норвешка ќе одбележи 10 години од нападот на Брејвик


Во Норвешка следната недела ќе се одбележи 10-годишнината од нападот на десниот екстремист Андерс Бехринг Брејвик, кој уби 77 луѓе. Тоа е најкрвав атак во земјата по Втората светска војна. Брејвик на 22 јули 2011 година прво детонирташе бомба пред канцаларијата на норвешкиот премиер во Осло, при што загинаа осуммина, а потоа се упати на […]

Застрелано 6-годишно девојче во Вашингтон, уште петмина се ранети


  Девојче на возраст од шест години е убиено во Вашингтон, САД, а пет возрасни се сериозно ранети во пукотници што се случија во Вашинготн во петокот вечерта, јави Си-ен-ен. Инцидентот се случил околу 23 часот во југоисточниот дел од градот. Сведоци кои повикале полиција, го слушнале пукањето, ги упатиле полицајците каде да одат. Девојчето […]

Учебниците се вистинско освежување во наставниот процес


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа состанок со фокус-група на наставниците ментори во врска со новите материјали за учење за прво одделение. Како што информира МОН, Царовска на состанокот им се заблагодари на наставниците ментори за одвоеното време да ги разгледаат новите материјали за учење и да придонесат во нивната изработка. – […]

Компанијата „Дермалог“ е избрана за набавка на терминали за отпечатоци од прсти, трае постапката за жалби


Државната изборна комисија (ДИК) ја избра германската компанија Дермалог на тендерот за набавка на техничката опрема за спроведување на локалните избори со отпечаток од прст. Претседателот на Комисијата, Александар Даштевски денеска на прес-конференција соопшти дека таа компанија имала најдобра понуда, ги исполнила условите и дека имала најдобри апарати. Во ДИК во тек е и јавна […]

Затворен дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар поради сообраќајка


Поради сообраќајна несреќа, затворен е за сообраќај дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар, соопшти АМСМ во вонреден извештај за состојба на патиштата. Сообраќајот е во прекин од 12:45 часот кај крстосницата со патот за кичевското село Грешница. 

Над 453 илјади граѓани примиле вакцина, повеќе од 272 илјади се ревакцинирани


Вакцина заклучно со вчера примиле вкупно 453.773 граѓани, а со двете дози досега се имунизирани 272 129, соопшти Министерството за здрвство, кое информира дека  вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. -Прва доза вакцина вчера примиле 6076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.817. Во државата […]

Деветнаесет новозаразени, осуммина од нив се од Скопје


 Нови 19 случаи со КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од  направени 3.667 тестирања. Оздравени се девет (пет од Тетово и четворица  од Скопје) и нема починати пациенти. Активни на вирусот се 246.   Како што информира Министерството за здравство,  согласно податоците од Институтот за јавно здравје, осуммина од новозаразените се од Скопје, пет од Тетово, […]

Пингвини од Чиле и Аргентина, најнова атракција во Зоо Скопје


Во Зоолошката градина во Скопје денеска официјално беше отворен „Заливот на пингвините“, со што прв пат Зоо Скопје е дом на овие егзотични птици, а тие се најголема атракција. Се работи за пингвини кои живеат во топли краишта и потекнуваат од Чиле и Аргентина. Моментално има девет пингвини, кои пристигнале од Италија во декември 2020 […]

„Тигрите“ во акција – приведени шест лица во Дебар Маало, одземени кокаин и оружје


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и САЕ „Тигар“ синоќа околу 23:30 часот при преземени заеднички мерки и активности на подрачјето на Дебар Маало, пред угостителски објект ги лишиле од слобода Г.П.(34), Н.С.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед извршен кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, наменет за продажба. На […]

На „Табановце“ и „Богородица“ зголемена фреквенција на возила


На граничниот премини „Табановце“ и „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути, додека на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања […]

Франција воведува од полноќ ограничувања за европски држави


Франција – Граѓаните на Велика Британија, Шпанија, Португалија, Кипар, Грција и Холандија кои сакаат да влезат во Франција ќе мора да направат негативен тест за Ковид-19 не постар од 24 часа, соопшти француската влада. Во соопштението на премиерот Жан Кастекс се вели дека мерката, која се однесува на невакцинирани патници, ќе стапи на сила на полноќ. […]

Отворен новиот дел од бул. „Никола Карев“ во Скопје


По седум месеци Град Скопје ги заврши градежните работи на новиот бул. „Никола Карев“ во Скопје, со изградба на нови 980 метри, и денеска беше официјално пуштен во употреба. Инвестицијата на Град Скопје е околу 160 милиони денари. Булеварот има четири коловозни ленти, две комбинирани – велосипедски и пешачки патеки поради фреквентниот сообраќај, а направен […]

Пред празникот Курбан Бајрам, засилени инспекциските контроли на добиточните пазари


Пред претстојниот голем муслимански празник Курбан Бајрам, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски одржа работен состанок со претставници на Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи и општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, со цел координирање на активностите на секоја од институциите, за контрола на безбедноста на храната и […]

Бугарија од понеделник ќе забрани влез на британските туристи во земјата


Бугарија забрани влез на сите британски туристи во земјата поради загриженост за ширење нови инфекции со корона вирус во Велика Британија. Забраната стапува на сила во понеделник, истиот ден кога Бугарија влегува на британската зелена епидемиолошка листа, што значи дека сите што ќе се вратат од одмор во Бугарија, нема да бидат ставени во карантин, […]

Само МВР објавило годишен извештај за работењето


Отчетноста и проактивноста на властите значително се подобрени, се оценува во  Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 објавен од Институтот за европска политика – ЕПИ.  Според него, се зголемува процентот на граѓани кои сметаат дека имаат можност да го изнесат своето мислење за квалитетот на услугите преку административните канали, иако сметаат дека овие канали […]