Бугарија од понеделник ќе забрани влез на британските туристи во земјата


Бугарија забрани влез на сите британски туристи во земјата поради загриженост за ширење нови инфекции со корона вирус во Велика Британија.

Забраната стапува на сила во понеделник, истиот ден кога Бугарија влегува на британската зелена епидемиолошка листа, што значи дека сите што ќе се вратат од одмор во Бугарија, нема да бидат ставени во карантин, пишува Тпортал.

Бугарија ја стави Велика Британија на црвената листа, заедно со Кипар, Шпанија, Фиџи и Кувајт.

Одлуката е донесена откако во Велика Британија во изминатите 24 часа беа регистрирани 50.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е највисока дневна бројка од јануари годинава. Гардијан пишува дека Бугарија е веројатно само прва во низата земји што забранува посета на британски туристи.