Крвав напад на пазар во Багдад, дваесетина загинати


Околу 20 лица, меѓу кои жени и деца, се убиени, а десетици се повредени во напад на пазар во шиитско предградие на Багдад, во пресрет на Курбан Бајрам, најважниот муслимански празник. – На пазарот Ал-Воејлат е извршен напад со рачно изработена бомба, при што има загинати, соопшти Министерството за внатрешни работи. Висок воен службеник изјави […]

Бугарскиот министер за правда очекува смена на главниот обвинител


Привремениот бугарски министер за правда, Јанаки Стоилов, во коментар на бТВ изрази надеж дека членовите на Врховниот судски совет ќе покажат независност и ќе го сменат главниот обвинител Иван Гешев, но доколку Врховниот судски совет не го ослободи од функцијата пред предвидениот рок, новоизбраниот парламент на Бугарија ќе мора да го реши ова прашање. Како […]

Израел ќе преземе мерки доколку НСО групата е одговорна за следење на новинари


Израелското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека ќе преземе „соодветни мерки“ во случај групата НСО да ги прекршила условите за дозволата за извоз, бидејќи меѓународната истрага покажа дека производите на оваа компанија за компјутерски надзор биле користени ширум светот за покривање на политички дисиденти и новинари, а некои биле и убиени. Според соопштението, Израел им […]

„Пегаз“ – најновата закана за демократијата во светот


По откритието за софтверот „Пегаз“, со кој се шпионирале илјадници луѓе низ целиот свет, веќе два дена не стивнуваат ниту реакции, ниту објавувања нови детали и информации околу аферата. Парискиот дневен весник „Ле Монд“ и уште шеснаесет други редакции добија пристап до повеќе од 50.000 телефонски броеви кои потенцијално биле следени со „Пегаз“, моќен израелски […]

Европа прва во светот со преку 50 милиони заразени со коронавирус


Европа стана првиот регион во светот што помина преку 50 милиони заразени со коронавирус во понеделникот, додека Делта варијантата се шири и го зголемува бројот на дневни инфекции.   Европскиот регион има еден милион новозаразени секој осми ден и пријавено речиси 1,3 милиони смртни случаи од почетокот на пандемијата.   Делта варијантата, која е многу […]

Српското народно позориште од Нови Сад со претставата „Кој ја уби Џенис Џоплин“ на „Охридско лето“


Драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашната театарска претстава „Која ја уби Џенис Џоплин“ во изведба на актерската екипа на Српското народно позориште од Нови Сад. Режисерката на поставката на претставата, Сања Петровиќ, вели дека кога размислувала да направи претстава за пејачката која и била пример и инспирација во текот на тинејџерскиот период, […]

„Костал Македонија“ достигна илјада вработени


Германскиот концерн „Костал“ за производство на делови и компоненти за автомобилската индустрија на свечен начин го одбележа ангажирањето на илјадитиот вработен во нивната филијала во Охрид. Директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, истакна дека одлуката компанијата да отвори своја филијала во земјава е плод на долготраен процес, чие преговарање траело повеќе од три години. -Охрид […]

Авганистанците кои работеле за американската војска доаѓаат во воена база во Вирџинија


САД привремено во воената база во Вирџинија ќе сместат неколку стотици авганистански работници кои работеле за американската војска и нивните семејства, стравувајќи од одмазда од талибанците по повлекувањето на странските сили, соопшти Стејт департментот. Околу 700 преведувачи и други Авганистанци кои и помагаа на американската војска и нивните семејства, вкупно околу 2.500 луѓе, ќе бидат […]

Скопје и Тетово со најмногу активни и нови ковид-случаи, нема дополнителни рестрикции


Нема потреба од нови дополнителни рестриктивни мерки бидејќи епидемиолошката состојба е стабилна, оцени вчера на состанок Комисијата за заштита од заразни болести, која констатирала лесно зголемување на нови ковид-случаи во Скопје и Тетово. Според анализите на Комисијата, ширењето на вирусот во Тетово е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни и друг тип […]

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам


Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како […]

Почнува изградба на клучка кај Момин поток


Град Скопје денеска ги почнува најавените активности за изградба на клучка помеѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ кај Момин поток. По повод означувањето на почетокот на работите на кружните сообраќајни решенија кај Момин Поток заедничка прес-конференција ќе одржат премиерот Зоран Заев и градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов и на Општина Карпош, Стефан Богоев. […]

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протестен марш


Посебен сообраќаен режим  ќе се спроведува денеска во центарот на Скопје поради протестен марш, во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“. Како што најави Министерството за внатрешни работи, протестот ќе започне во 18:00 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи до Собранието. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе […]

Променливо облачно со сончеви периоди, наместа краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 а максималната од 26 до 35 степени. УВ-индексот со […]

Пензиите ќе продолжат да растат, уверува министерката Шахпаска


Има сериозни реакции околу последното зголемување на пензиите во јавноста, но и ние сме свесни дека усогласувањето е мало и недоволно. Лошо е да давате ветувања кога има пандемија во светот и кога не знаете во кој правец таа ќе се движи, но одговорно тврдам дека оваа власт ќе ги испочитува законските решенија. Пензискиот фонд […]

Фабриката за зелена енергија во Неготино со статус на стратешки инвестициски проект


Владата денеска на седница донесе Одлука за утврдување  статус на стратешки инвестициски проект на Друштво за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино. -Одлуката е донесена врз основа на предлогот на Комисијата за стратешки инвестициски проекти која што го разгледа целокупното барање и документација и изврши техничка, финансиска и правна процена на досието […]

Борбата во Формула 1 се претвори во лична битка меѓу Хамилтон и Верстапен


По неделната трка во Силверстоун ништо не е веќе исто во годинашнава сезоноа на летечкиот циркус. А од тоа намногу корист има Формула 1   Верстапен го оцени возењето на Хамилтон како „опасно“, а Британецот одговори дека тој бил премногу „агресивен“ Имаше скоро неизбежна неизбежност на судирот меѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен на трката […]

Буџетот ќе се полни со пари од канабисот


Владата денеска на седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кој е усогласен со повеќе меѓународни акти.  Една од новините е формирање Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели, која работите од својата […]

Ништо од дијалогот на Вучиќ и Курти: многу обвинувања, малку разговор


Албанскиот премиер наводно барал Србија да признае дека вршела геноцид уште од 1878 година, Вучиќ вели дека барањата биле на „ирационални луѓе“   Новата рунда на дијалогот меѓу Србија и Косово во Брисел пропадна како и претходните. Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак, само кусо изјави дека имал состанок со косовскиот премиер Албин […]

Владата со препорака пензиите да се исплатат од 27 до 30 јули


Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата, соопшти владината прес-служба. На […]

Ребалансот дополнет, се враќа во Собранието на усвојување


По завршената амандманска расправа во комисиите на Собранието, Владата го дополни предлогот за ребалансот на Буџетот за 2021 година. Дополнетиот ребаланс ќе биде вратен во Собранието за да биде усвоен на пленарна седница. -Приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со […]