Бразил одобри испитување на трета доза од Астра Зенека


Бразилскиот здравствен регулатор, агенцијата Анвиса, денеска соопшти дека е одобрено испитување за вакцинација со трета доза на Астра Зенека. Анвиса соопшти дека 10.000 доброволци ќе примат трета доза на од оваа вакцина. Се наведува дека третата доза од вакцината на Астра Зенека ќе биде дозволена помеѓу 11 и 13 месеци по приемот на втората доза. 

Здравствените власти ќе одлучат дали градинките од септември ќе работат со полн капацитет


Останува да процениме дали градинките ќе работат со полн капацитет од септември. Ќе го почитуваме мислењето на здравствените власти, на Комисијата за заразни болести која будно ја следи епидемиолошката состојба, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Сепак, таа е оптимист и, како што истакна во гостувањето на ТВ Сител, очекува мирна […]

Ѓоковиќ: Одам во Токио по златниот медал


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се обиде на Олимписките игри во Токио да го освои златниот медал, а потоа да испише историја и да ја освои титулата на завршниот грен-слем турнир за оваа година Ју-Ес Опен во Њујорк Српскиот тенисер во интервју за црногорските медиуми истакна дека во ниту еден момент не се двоумел околу настапот на Игрите во […]

Шахпаска очекува до крајот на месецов да се донесат измените на Законот за стечајци


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува пратениците да ги изгласаат измените на Законот за стечајци пред да заминат на годишен одмор. Законот, според Шахпаска, би почнал да се имплементира кон средината или крајот на септември, а со него ќе бидат опфатени 1.100 стечајци или вкупно 13.000. -Според информациите Предлог-законот ќе биде на […]

Прва пресуда за поддржувач на Трамп за упадот во Капитолот


Пол Хоџкинс доби осум месеци затвор. Тој се извини, рече дека чувствува огромен срам и призна дека влегол во салата на Сенатот и правел селфи без да повреди некого или да уништи некаков инвентар. Повеќе од 570 лица се обвинети за учество во немирите   Еден човек од Флорида беше осуден во понеделникот на осум […]

Поради протест утре посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје


Министерството за внатрешни работи најави дека утре  ќе има посебен сообраќаен режим во сообраќајот во центарот на Скопје поради протестен марш во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“. -Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје  утре ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Протестот ќе започне во […]

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ пристигнаа првите туристи од Холандија кои организирано ќе летуваат во Охрид


Со чартер-лет на туроператорот „ТУИ“ денеска на охридскиот аеродром „Свети Апсотол Павле“ од Ајндховен пристигнаа првите туристи од земјите на Бенелукс кои организирано преку агенција ќе летуваат на Охридското Езеро. Со тоа после подолг период наметнат поради епидемијата на корона-вирусот повторно се воспоставуваат редовните сезонски линии од Холандија до Охрид. Предвидено е оваа сезона туроператорот […]

Клинт Иствуд на 92 години објави крај на филмската кариера


Клинт Иствуд на социјалните мрежи објави дека се збогува со работата на филмот на 92 години. Легендарниот актер ја објави својата одлука, која растажи многумина, на Твитер. Тој во објавата напиша: „Мислам дека е многу важен талент грациозно да остариш. За мене е предозна“. Иствуд ја започна својата богата кариера, која трае повеќе од 60 […]

Лоша вест за диктаторите и олигарсите, САД ги преиспитуваат „златните визи“


Благодарение на тековната пандемија со Ковид 19, минатата година „експлодираше“ популарноста на „златните визи“ и на „златните пасоши“, кои им беа давани на богати странски државјани во замена за значителни инвестиции без да се праша за потеклото на нивните пари и имоти. Пазарот напредуваше благодарение на рекордниот број на апликанти и сè поприфатливата цена – […]

Македонија и Албанија ќе ја јакнат соработката на полето на безбедноста на храната


Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, договорија на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и високите претставници од секторите за безбедност на храна, здравствена заштита и благосостојба при Министерството за земјоделство и рурален развој […]

Македонска државјанка барана со меѓународна потерница уапсена на преминот „Тушемиште“


 Граничната полиција на преминот „Тушемиште – Свети Наум“, на албанско –македонската граница, уапсила македонска државјанка барана со меѓународна потерница, издадена од норвешките власти. – Благодарение на соработката на Интерпол Тирана со Интерпол Осло, Норвешка и граничната полиција, уапсена е А.М.(35) жителка на Охрид, Северна Македонија, заради екстрадиција во Норвешка. Службите на граничната полициска станица Тушемиште, […]

Негуватели ќе се грижат за 60 лица над 65 години во Карпош


Општина Карпош е првата во која започна реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги. Со Проектот 20 негуватели ќе се грижат за 60 лица над 65 години на која им е потребна поддршка во одржување на личната хигиена и во домот и обезбедување на потребни намирници, до 80 часа месечно. Министерката за труд и […]

Кафулињата „Мош“ и „Макка“ предупредени за гласна музика


Секторот за инспекциски работи на Општина Центар од почетокот на јули започна со акција за мерење на бучавата од гласна музика на угостителските објекти кои се наоѓаат на територија на општината. Изминатите два викенди овластените инспектори за животна средина беа на терен и заедно со претставници на овластена лабораторија за мерење на бучавата, вршеа засилени […]

УЈП: Корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ со сметки од Охридска банка да извршат ажурирање


Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата „МојДДВ“ имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје да ја заменат со новата трансакциска сметка, поради статусните промени по нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. -Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, […]

Метеоритот што падна во Велика Британија е стар 4,5 милијарди години


  Реткиот метеорит што падна во Велика Британија порано оваа година, може да ги крие тајните на животот на Земјата. Анализите покажаа дека потекнува од настанокот на Соларниот систем пред 4,5 милијарди години. Метеоритот наречен Винчкомб, пронајден е во Глочестершир. Се работи за многу редок тип метеорит под назив јаглероден хондрит, кој е богат со […]

Северна Македонија од четврток на зелената листа на Кипар, патување без тест или карантин


Северна Македонија, од четврток ќе биде преместена од портокаловата во зелената листа за патување на Кипар, што значи дека македонските државјани ќе можат да патуваат на островот без никакви ограничувања, односно без тест или карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно новата категоризација на земјите, односно „Процената на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска […]

Макрадули: Имаме потреба од 50-тина вработувања, но не планираме толку да реализираме


Мој, а и приоритет на Управниот одбор е да го подобриме технолошкиот процес во Пошта, кој има потреба од 50-тина нови вработувања, но не планираме толку во овој период и ги чекаме согласностите кои ќе ги добиеме, потврди денеска генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули. -Како компанија имаме потреба од нови […]

Теренската вакцинација против КовидД-19 продолжува утре во повеќе населени места низ државата


Министерството за здравство ги објави населените места на кои утре, вторник 20 јули 2021 година ќе се одвива теренската вакцинација. Теренската вакцинација ќе се одвива во следните населени места: Делчево – Саса1, Саса2; Ресен – Наколец, Штрбово Штип – Шашаварлија, Кошево, Почивало Свети Николе – Немањеци, Ранченци Демир Хисар – Слоештица, Мренога, Вирово Берово – Владимирово Струга – Драслајца Струмица – Добрејци, […]

Фон дер Лајен: Апсолутно е неприфатлива употребата на софтвер за шпионирање новинари


Чешка – Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен изјави денеска во Прага дека е апсолутно неприфатливо властите или тајните служби да го користат израелскиот софтвер „Пегаз“ за шпионирање новинари или активисти на невладини организации.   – Проверуваме дали се случило тоа, но ако е точно тогаш е апсолутно неприфатливо и е спротивно на […]

Макрадули: До крајот на месецов ќе бидат достапни сите финансиски услуги на шалтерите на Пошта


Сите финансиски услуги ќе можат да се извршуваат на сите 300 шалтерите на Пошта низ целата држава до крајот на месецов, најави денеска генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули. – Утринава имавме завршни разговори со банката која ги врши  услугите и до крајот на месецов ќе бидат достапни сите услуги за […]