МОН врши исплата на грантови за реализација на училишни проекти од областа на мултикултурализмот
Во тек е исплатата на грантови за реализација на училишни проекти од областа на мултикултурализмот. Министерството за образование и наука пет години по ред предвидува средства од својот буџет, што се доделуваат на основните и средните училишта за организирање и реализирање на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. […]