Во Благоевград денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалник


Бугарија– Во  југозападниот бугарски град Благоевград денеска се избира градоначалник. Пред една недела на 27 јуни Илко Стојанов, од партијата „Има таков народ“ на шоуменот и ТВ водител, Слави Трифонов, доби најмногу гласови во првиот круг од изборите за градоначалник на Благоевград, јави дописникот на МИА од Софија. Стојанов денеска ќе се натпреварува со инженер Румен […]

Состојбата со Ковид-19 стабилна, од понеделник се вакцинираат вработените во основните и средните училишта


Имунизацијата во државата против Ковид-19 се одвива непречено, тврдат надлежните и најавуваат дека до следниот петок ќе бидат вакцинирани половина милион граѓани. Од вчера активна е и веб-страницата за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале во странство, а утре ќе се разговара за евентуалните нови мерки за заштита на границата, против ширењето на делта сојот […]

Сончево со мала до умерена облачност и потопло


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Вдолж Повардарието и на истокот ќе дува умерен северозападен, а во западните делови слаб западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ= 8 Во Скопје сончево со мала до умерена […]

Големи пожари во руските шуми, некаде не ги гасат, оти трошокот е поголем од штетата


Илјадници луѓе се борат против шумските пожари во Русија, повеќето во источен Сибир. Во руската република Јакутија, позната како Саха, 196 шумски пожари зафатиле површина од 288.460 хектари – што е поголема површина од Луксембург, објавија властите во саботата. Во тоа слабо населено подрачје прогласена е вонредна состојба. Организацијата за заштита на околината Гринпис, прати […]

Хакери нападнаа американска компанија, а шведски синџир супермаркети затвори продавници


  Денеска, хакери ја нападнаа американската компанија „Касеј“ за да побараат пари од потенцијално илјада други компании кои од „Касеј“ користат софтвер, што за последица имаше прекин на работата на околу 800 продавници на „Coop“ во Шведска. Нападот ги парализираше благајните во шведските супермаркети, еден од најголемите синџири супермаркети во земјата, кој мораше да прекине […]

(Видео) Ураганот Елса ги погоди Карибите и се движи кон Хаити


Ураганот Елса денеска ги погоди Карибите и со силни ветрови се заканува за ново уништување на Хаити, чии ресурси се мобилизирани за борба против насилството на бандите. Елса, првиот ураган во Атлантикот оваа сезона, е прва категорија од скалата Сафир-Симпсон од вкупно 5 и малку ослабна во текот на ноќта, со налети на ветер до […]

Англија последен полуфиналист на ЕВРО 2020


Фудбалерите на Англија ќе играат во полуфиналето на Европското првенство 2020, откако вечерва во последното четвртфинале ја победија Украина со убедливи 4:0. На средбата одиграна во Рим, двоен стрелец беше напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој погоди во 4. и 50. минута. По еден гол постигнаа дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер и играчот за […]

Словенецот Тадеј Погачар ја презеде целосната контрола на Тур де Франс


Тадеј Погачар, бранителот на титулата, ги разнесе своите ривали на осмата етапа на Тур де Франс за да се наметне како главен фаворит за конечна победа во Париз. За разлика од големите подвизи од минатото на Турот, Словенецот нападна на патот од Ојонакс до Ле Гранд-Борнан и ги исфрли преостанатите ривали за генерален пласман на […]

Данска избори полуфинале на ЕП прв пат од 1992 година, тогаш го освои трофејот


Азербејџан – Репрезентацијата на Данска вечерва ја победи Чешка со 2:1 во четвртфиналето на Европското првенство 2020. За победничкиот тим погодија Дилејни во 5. и Долберг во 42. минута. Шик е стрелец на голот (49. минута) за Чесите. Данците ќе играат во полуфиналето на Европското првенство за прв пат од 1992 година, кога го освоија турнирот. […]

Од големите горештини во Канада досега умреа 500 лица


Речиси 500 луѓе умреа од рекордни температури во најзападната провинција во Канада, а официјалните лица предупредуваат дека мрачниот данок од „топлинската купола“ може повторно да се зголеми, бидејќи се пријавуваат повеќе смртни случаи. Во петокот, Британска Колумбија пријави дека во текот на изминатата недела биле пријавени 719 „ненадејни и неочекувани смртни случаи“ – тројно поголем […]

Една недела пред изборите Борисов отиде да се види со Ердоган


Веројатно во обид да привлеќе дел од муслиманските гласачи на една недела пред изборите поранешниот бугарски премиер и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов, замина во Турција да се види со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Информацијата за посетата беше објавена со кратко видео на Фејсбук во кое двајцата лидери се пофалија еден со друг за успешно […]

Одржан првиот Јулски коњички турнир


На терените во Волково денес се одржа првиот „Јулски коњички турнир“ и 3. коло од отвореното Државното првенство во прескокнување на пречки. Резултати по класи: Класа А – висина на пречки 1.10/1,20 м. со Бараж 1-место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од КК.Процес 2-место Самир Реџепи со грлото Коку од КК.Бравадос После одржан бараж висина […]

Осуммина загинати при гранатирање во Идлиб, меѓу нив и деца


Сириските опозициски организации соопштија дека најмалку осум цивили, вклучително и деца, биле убиени во денешното гранатирање на бунтовничката провинција Идлиб. Како што е наведено, две села биле гранатирани. Судирите меѓу сириската армија и провладините единици и бунтовниците во предградието на Идлиб се интензивираат во последните неколку недели, и покрај минатогодишното примирје. Примирјето го договорија Турција […]

Литванија прогласи вонредна состојба поради приливот на илегални мигранти од Белорусија


Литванија прогласи вонредна состојба поради приливот на илегални мигранти од Белорусија. Литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаит рече дека мерката не е воведена од безбедносни причини, туку заради поефикасно управување со миграцијата. „Многу е важно да имате правен систем и инструменти за да можете брзо да донесувате одлуки како одговор на новите предизвици“, рече […]

Големи пожари на Кипар, се евакуираат села, а земјата бара помош од ЕУ и Израел


Кипар побара воздушни средства од Израел и Европската унија за да помогнат во гаснењето на големите пожари што се вон контрола во областа Лимасол, поконкретно во селата Акрапас, Ептагониа и Оду, а веќе се евакуирани неколку села, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на Противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис, преку Твитер, соопшти дека […]

Пожар на Кефалоња, превентивно евакуирано село


Превентивно е евакуирано селото Капандрити на грчкиот остров Кефалоња, поради шумскиот пожар што избувна денеска, а противпожарните служби интервенираат со седум авиони, два хеликоптери, 38 пожарникари со осум возила и три пешадиски тима, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, огнените јазици стигнале и до дворовите на дел од куќите, а градоначалникот на […]

Марко Пејчиноски повторно го преплива Охридското Езеро


 Марко Пејчиноски од Охрид, денеска по втор пат го преплива Охридското Езеро. Нему му беа потребни нешто повеќе од 14 часа за од Охрид да исплива до Свети Наум. Марко пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид. Овој пат […]

Верстапен ќе тргне од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија


 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Австрија, деветтата фаза од Формула 1 шампионатот. Пилотот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од второто место, додека трет резултат на денешните квалификации забележа пилотот на Ред Бул, Серхио Перез. Актелниот шампион, Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес ќе стартува од […]

Бајден клекна пред шефицата на кабинетот на израелскиот претседател кога слушна дека има 12 деца


Американскиот претседател Џо Бајден направи нешто невообичаено на состанокот во Белата куќа со израелскиот претседател во заминување Рувен Ривлин. Тој клекна пред шефицата на кабинетот на Ривлин кога слушна дека има 12 деца. На изненадување на Ривлин, Бајден, кој е татко на четири деца, клекна и ја наведна главата за да изрази почит. Моментот го […]

Турско МНР: Целосно ги отфрламе обвинувањата за трговија со луѓе


Турското Министерство за надворешни работи го отфрли американскиот извештај за трговија со луѓе, во кој Анкара е критикувана за обезбедување „оперативна, финансиска и поддршка во вид на опрема“ на сириска вооружена група која регрутира деца. Американскиот Стејт департмент во четвртокот ја обвини Турција и уште 14 земји за употреба на деца војници, и ова е првпат […]