Познати групите за кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Токио


Завршија финалните натпревари од кошаркарските олимписки квалификации. Нивни победници се репрезентациите на Словенија, Германија, Италија и Чешка, кои ги добија последните четири билети за Олимписките игри во Токио. Така, стана познат конечниот состав на групите за олимпискиот турнир. Група А: Иран, Франција, САД, Чешка. Група Б: Австралија, Германија, Италија, Нигерија. Група Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, […]

Црна Гора: Поради Ковид-19 „згаснаа“ речиси 21.000 работни места


Во Црна Гора, на крајот на мај 2021 година, имало 56.385 невработени регистрирани во Заводот за вработување или речиси 21.000 повеќе отколку на денот на прогласувањето на корона епидемијата – 14 март минатата година, кога имало 35.429. Ако се споредат податоците од мај минатата година и мај годинава, бројот на невработени се зголеми за 14.191 […]

Илјадници граѓани на ЕУ би можеле да го изгубат правото на престој во Велика Британија


Марлис Хазелтон ја нарекуваше Велика Британија свој дом повеќе од 30 години. Холанѓанката, мажена за Британец со деца израснати во Велика Британија, се смета себеси за „составен дел“ на Обединетото Кралство. До разводот на Велика Британија со Европската унија, таа никогаш не размислувала за статусот на имигрант во Велика Британија. Педесет и петгодишната Хазелтон е […]

Франција во трка со времето поради делта сојот


Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, апелираше до Французите да примат вакцина против коронавирусот во што е можно поголем број и предупреди дека државата може да се соочи со нов, четврти бран на пандемија до крајот на месецот, поради позаразниот сој – Делта. Веран на Твитер објави дека стапката на инфекција не опаднала во изминатите […]

Папата Францискo се чувствува добро по извршената операција


Операцијата врз папата Фрациско е успешно завршена и тој се чувствува добро, соопшти Ватикан. Папата Франциско беше примен во римска болница вчера попладне поради закажана операција на дебелото црево. Портпаролот на Ватикан Матео Бруни изјави дека 84-годишниот папа страда од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево. Операцијата беше извршена во римската болница Гемели, институција каде […]

ДИЦ ќе ги соопшти резултатите од државната матура јуни 2021


Директорката на Државен испитен центар Елизабета Наумовска денеска ќе ги соопшти резултатите од екстерните испити од државната матура јуни 2021 година. Оваа учебна година за државната матура се имаа пријавено 15.294 матуранти. Од нив 7.050 од гимназиско образование, 7. 983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование, информираа од Државниот испитен центар.

ЕП се очекува неделава повторно да повикаат за прием на Романија и на Бугарија во Шенген


Европскиот парламент ќе усвои извештај оваа недела, во кој уште еднаш се повикува Бугарија и Романија да се приклучат на Шенген. Ова е на агендата на последниот состанок на европратениците пред летните одмори, што почнува вечерва. ЕП во 2011 и 2018 година усвои резолуции со сличен повик. Утревечер европратениците ќе разговараат за извештајот, што го […]

Талибанците бараат повлекување на сите странски трупи од Авганистан


Сите странски трупи што ќе останат во Авганистан по повлекувањето на НАТО во септември ќе се сметаат за окупатори, соопштија денеска талибанците. Портпаролот на талибанците Сухаил Сахин изјави дека нивната политиката не е преземање на Кабул со воена сила, но дека сите странски трупи, вклучително и странци кои работат за владината армија, не треба да […]

„Колку брусници има во светот?“ – шведска драма комедија во летното кино на Кинотеката


Филмот „Колку брусници има во светот?“ на режисерката Лена Копел, ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката. Станува збор за драма комедија од шведска продукција која има за цел да влијае врз развојот на свеста за луѓето со попречености и предизвиците со кои тие се соочуваат. Филмот е […]

Виртуелен самит на Берлинскиот процес под претседателство на Германија


Поттикнување на земјите од Западниот Балкан да манифестираат дух на компромис со цел да се постигнат конкретни резултати во однос на спроведувањето на проектот за Заеднички регионален пазар, се очекува да биде главна тема на денешниот виртуелен самит на Берлинскиот процес, чиј домаќин е Германија. Во пресрет на Самитот, иницијаторката на Берлинскиот процес, германската канцеларка […]

Од денеска нови правила за патување на грчките острови


Речиси истите правила и предуслови што важат за влез на странски туристи во Грција, односно или поседување сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид или негативен тест, од денеска важат и за патувањата на грчките острови, без оглед дали е со брод или авион, јави дописничката на МИА од Атина. За патување со сертификат […]

Комисијата за заразни болести ќе одлучува за мерки против делта сојот, почнува имунизацијата на вработените во училиштата


Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме. Во исто време, од денеска почнува и вакциницијата на вработените во основните […]

Почнува 60-от Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид


Во Охрид од денеска до 8 јули ќе се одржи годинешниот Балкански фестивал на народни песни и игри, една од најстарите и најмасовните културни манифестации од тој вид во земјата. Јубилејното 60-то фестивалско издание ќе го отвори претседателот на Собранието на Северна Македонија, Таљат Џафери, а предвидено е пред публиката на сцената „Долни Сарај“ каде […]

Во прекин сообраќајот на патот Пресека-Врбјани поради минирање


Денеска на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот, во времетраење од 15 до 20 минути, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

И денеска топло, со локален дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во јужните делови ќе има повеќе сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови ќе има зголемена облачност и претежно во северозападните делови појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура ќе биде во интервал […]

Битиќи: Со еколошката такса даваме национален придонес кон Парискиот климатски договор


 Предлог-законот со кој ќе се воведе еколошка такса на горивата се носи по скратена постапка поради Парискиот договор за климатски промени, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. – Мислам дека се уште не е дефинирано дали ќе се оди со европско знаменце, тоа ќе видат правниците и […]

Македонска државјанка спасена од давење во албанското одморалиште Шенѓин


Повозрасна македонска државјанка е спасена од давење во познатиот албански пристаншен град Шенѓин, каде била на одмор. – Станува збор за 70-годишна жена од Северна Македонија, која кога почнала да се дави, на помош и притекнале капачи кои биле во нејзина блзна. Ја извадиле на брегот, по што веднаш била пренесена за потребна лекарска помош […]

Во Куба евакуирани 70.000 луѓе поради тропската бура Елса


Куба денеска евакуираше 70.000 луѓе поради стравување дека тропската бура Елса може да предизвика големи поплави откако претходно ги погоди јужните брегови на Хаити и Доминиканската Република каде што загинаа најмалку три лица. Кубанската влада отвори засолништа и презеде мерки за заштита на шеќерната трска и какаото од невремето. Повеќето од евакуираните заминале кај роднини, додека […]

По огнометот избувна пожар под скопското Кале


Кусо време по големиот огномет за Денот на независноста на САД, 4 јули, кој го организира американската амбасада во Скопје изби пожар во грмушките под самата тврдина. Од противпожарната бригада за медиумите изјавија дека се испратени две возила и осум пожарникари. Пожарот избувна вечерва нешто после 21 часот и се верува дека е предизвикан од […]

Фуере: Политиката на проширување воопшто не функционира, ЕУ мора итно да го промени однесувањето


Европската Унија има свои вредности, но за жал не ги почитува во некои конкретни области, а една од тие области која директно ги засега Северна Македонија и регионот е политиката на проширување, која воопшто не функционира, смета поранешниот евроамбасадор во земјава Ерван Фуере. – Тоа е неуспех на Европската Унија целосно да ги разбере негативните […]