По огнометот избувна пожар под скопското Кале
Кусо време по големиот огномет за Денот на независноста на САД, 4 јули, кој го организира американската амбасада во Скопје изби пожар во грмушките под самата тврдина.
Од противпожарната бригада за медиумите изјавија дека се испратени две возила и осум пожарникари.
Пожарот избувна вечерва нешто после 21 часот и се верува дека е предизвикан од огнометот.
Амбасададата на САД годинава организираше виртуелна прослава по повод празникот, а само огнометот беше реален.