Мелничарите не ја добиле ветената поддршка од Владата, ќе ја откупуваат пченицата по 8,5 – 10,5 денари


 Мелничарите најавуваат дека годинашната пченица ќе ја откупуваат по 8,5 (сточна) до 10,5 денари (меркантилна) за килограм. Владата, велат, не ја донесе бараната мерка за нивна поддршка која била договорена на последната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, поради што се доведени во крајно неповолна положба. Како што изјави за МИА претседателот […]

МОН: До 15 јули аплицирање за сместување во ученички домови за учебната 2021-2022 година


Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Северна Македонија за учебната 2021/2022 година.  Право на сместување имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови: да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2021/2022 година; да се државјани на Република Северна […]

Што и како со клима-уредот, кога во автомобилот има дете?


Возењето автомобил налето може да биде вистински предизвик, ако внатре возите мали деца или бебиња. Како што температурите растат, бараме решенија за разладување, па често посегнуваме и по клима-уредот во автомобилите. Но, има неколку работи за тоа коишто треба да се имаат предвид… 1. Изладете го автомобилот пред возењето Првиот совет е да се обрне […]

МЗ: Состојбата е стабилна, засега нема потреба од нови рестрикции


Засега нема нови препораки или воведување на нови рестриктивни мерки, информираа од Министерството за здравство. Од Министерството посочуваат дека ја следат епидемилошката состојба во земјава и регионот. Како што беше најавено Комисијата за заразни болести денеска требаше да одржи состанок за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, […]

Бегал 17 години, сега ќе ги одлежи 12-те години затовр


Полициски службеници од Отсекот за потраги при единиците за внатрешни работи Кисела Вода и Чаир, во содејство со Единицата за интервентна полиција Скопје, вчера, на Љуботенски пат, атар на село Радишани, во непосредна близина на клучка Радишани, го лишиле од слобода А.Р.(63) од Скопје, кој бил во бегство од пред 17 години, соопштија денеска од […]

Анализа на „Пари“: Македонски фирми со НУЛА вработени свртеле 150 милиони евра


Ги има околу 2000 во Македонија. Овие македонски фирми во 2020 година акумулирале вкупен приход од неверојатни 150 милиони евра. Заедничко на сите нив им се неколку работи – сите тие имаат верувале или не „0” вработени , второ и без вработени дел од овие компании одлично заработуваат и трето изгледа имаат суперспособни газди. Според […]

Анкета: Четвртина од Австријците се за задолжителна вакцина против корона вирусот


Во Австрија една четвртина од граѓаните се за воведување обврска за вакцинирање против корона вирусот, покажуваат резултатите од најновата анкета. Само 36 проценти од Австријците сметаат дека финансиски стимулации преку некаков вид бонус ги охрабруваат граѓаните да се вакцинираат наменски, како што тоа го прават некои земји. Според анкетата, дури 61 процент од Австријците се […]

Електронското издание на „Службен весник на РСМ“ е правно обврзувачко исто како печатеното


На 27 јули 2021 година електронското издание на службеното гласило и официјално ќе биде правно обврзувачко како што е печатеното издание на „Службен весник на Република Северна Македонија“. Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“, […]

Експлозија во Касписко Море близу нафтени и гасни полиња – се сомневаат на вуклан од кал


  Силна експлозија го потресе подрачјето на Каспиското Море каде Азербејџан има големи нафтени и гасни полиња во морето. Причината за експлозијата не е утврдена веднаш. На снимките кои се споделуваат по социјалните мрежи може да се види ерупција на огнен мламен од што небото доби црвена боја. Државната нафтена компанија „Сокар“ објави соопштение во […]

Судскиoт совет разреши судија и избра четири претседатели на основни судови


Судскиот совет на денешната 377-та седница разреши еден судија и избра претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар, Гевгелија и Свети Николе. – Елјеса Алији судија од Основен суд Гостивар е избран за претседател на Основен суд Гостивар, Мерсим Марку судија од Основен суд Дебар е избран за претседател на Основен суд Дебар, Марица Аврамчева […]

Блумберг: ОАЕ, Селшели и Бахреин водечки земји во светот во однос на вакцинацијата


Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Сејшелски Острови и Бахреин се трите земји кои водат во светот во однос на вакцинирањето на нивното население против новиот коронавирус, јави Блумберг. Според нивните проценки, врз основа на официјални податоци и изјави, до вчера се аплицирани 15,5 милиони вакцини во ОАЕ. Ова треба да биде доволно за да се заштитат […]

Две лица фатени на дело при кражба на возило „БМВ” во Скопје


На улицата .„Народни херои“ со ул.„Михаил Чаков“, вчера околу 04.00 часот од полициски службеници се лишени од слобода В.Н.(25) и А.М.(37), и двајцата од Скопје, бидејќи се фатени при  вршење на кривично дело тешка кражба од патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.А.(30), соопштија од МВР. Лицата се приведени и задржани во […]

Зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција


Грција – Зголемување на новите случаи на Ковиед-19, меѓу 156 и 266 отсто во изминатите четири дена, во споредба со една седмица претходно е регистрирано во Грција, како што соопшти професорот епидемиолог и член на надлежната комисија во Министерството за здравство Гикас Мајоркинис, јави дописничката на МИА од Атина. Мајоркинис преку неговиот Фејсбук профил ги анализираше […]

Заев ќе учествува на Берлинскиот самит за Западен Балкан


Премиерот Зоран Заев попладнево ќе учествува на Берлинскиот самит за Западен Балкан. Самитот, како што соопшти владината прес-служба, ќе го отвори германската канцеларка Ангела Меркел, а ќе се обратат шефовите на Влади од Западен Балкан, челниците на европските институции, премиерите на Обединетото Кралство, Хрватска, Грција, Бугарија и Словенија, како и претседателот на Франција и канцеларот […]

Промоција на „(И)стории од долапот: избор од македонската народна еротика“ на Ана Мартиноска во КИЦ


Во среда, 7 јули 2021 година, во Културно-информативниот центар на Скопје, со почеток во 19.00 часот, ќе биде промовирана книгата „(И)стории од долапот: избор од македонската народна еротика“ која ја подготви и за која напиша предговор Ана Мартиноска. Станува збор за опсежен избор од македонскиот еротски фолклор во кој се застапени сите жанри – и […]

Во сообраќајка на Халкидики загина 22-годишник од Северна Македонија


Во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа- Палиоури на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Северна Македонија, откако, од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а неговиот сопатник е повреден, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат […]

Принцот Чарлс ги откри своите омилени песни од младоста


Англија – Песни од „Три дигрис“, Дајана Рос и Едит Пјаф беа меѓу оние коишто принцот Чарлс ги избра за снимената емисија за Болничкото телевизиско здружение ХБА. Во едночасовната емисија „Музика и спомени со принцот од Велс“, по повод 73-годишнината од основањето на Институт за јавно здравје во Велика Британија, престолонаследникот ги откри неговите омилени песни од […]

Меркел ги гледа балканските држави како идни членки на ЕУ


Германската канцеларка Меркел денеска на виртуелен самит со претставници на државите од Западен Балкан ќе разговара за иднината на регионот и меѓусебната соработка. За ова таа зборува и во својот видео-подкаст Се радувам што можам да ја продолжам работата со шефовите на држави или влади од шесте западнобалкански земи, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, […]

На Табановце за влез во земјава се чека до 40 минути


На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека 30 до 40 минути, а на останатите премини нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација […]

Фаучи: Во САД над 99 проценти од починатите не биле вакцинирани против Ковид-19


Американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи изјави дека 99,2 проценти од луѓето кои починале во САД од последици од Ковид-19 не биле вакцинирани. Тој за Ен-Би-Си изјави дека е тажно и трагично што повеќето од овие смртни случаи можело да бидат избегнати со вакцината, а тоа не се случило. Фаучи апелираше до граѓаните да […]