Регистрирани шест нови случаи на Ковид-19 и 27 оздравени пациенти, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.650 тестирање, а регистрирани се шест нови случаи со Ковид-19 од кои пет во Скопје и еден во Кичево. Регистрирани се 27 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 17, Тетово – 4, Охрид – 2, Прилеп, Гостивар и Кичево – по […]

Градоначалникот Марин се кандидираше за втор мандат


Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска и официјално  ја достави кандидатурата за уште еден мандат.Тој им се заблагодари на членовите во сите месни одбори кои му ја дадоа поддршката за нов градоначалнички мандат. „Во првиот мандат како градоначалник на Општина Аеродром ми беа потребни многу труд, време и енергија да се согледаат низата пропусти, […]

Меѓународен повик за обезбедување пристап и функционалност на образовни објекти за лица со посебни потреби


Делегацијата на Европската Унија во Скопје објави меѓународен тендер со отворена постапка за изведба на градежни работи за адаптација на постојните образовни објекти во земјава за да се обезбеди пристап и функционалност за лицата со посебни потреби. Повикот е во рамки на програмата ИПА/2019/041-263 Годишна програма за Република Северна Македонија за 2019 (Цел 2) – ЕУ за […]

Јанша ја напаѓа ЕУ, а потоа оди да планинари со Борел


Јанез Јанша, контроверзниот словенечки премиер, ја помина минатата недела во расправии со институциите на ЕУ, а потоа викендот планинареше со Жозеп Борел, шефот за надворешна политика на ЕУ. Фотографии и видео-снимки се појавија во саботата и на нив се гледа како Јанша и Борел ги искачуваат словенечките планини заедно, предизвикувајќи збунети реакции во Брисел – […]

Етна повторно се активира, од кратерот излегуваат лава, чад и пепел


Повторно е активиран вулканот Етна, на јужниот италијански остров Сицилија, па вистинска „фонтана од лава“ се спушта на од  неговата југо-источна страна, пренесуваат италијанскиите медиуми. На последната ерупција и претходеа неколку силни експлозии што се слушнаа далеку, додека од кратерот почна да излегува чад, а околните места набрзо беа прекриени со вулканска пепел. И покрај […]

Борис Џонсон на 19 јули планира да укине многу од мерките против корона вирусот


Британскиот премиер Борис Џонсон има намера денеска на прес конференција да и соопшти на јавноста дека многу од рестриктивните мерки против корона вирусот, што беа воведени во текот на изминатата година, на 19 јули да бидат укинати. Меѓутоа, здравствените експерти предупредуваат дека ваквиот потег е катастрофален и може да се спореди со отворање на „корона […]

Ефикасноста на вакцините против делта сојот на коронавирусот во Израел опадна од 94 на 64 отсто


Поради ширењето на коронавирусот во Израел, ефикасноста на вакцините против инфекцијата значително опадна и сега изнесува 64 проценти, додека претходно изнесуваше 94 проценти, објави израелското Министерство за здравство. Намалената ефикасност на вакцината е забележана од 6 јуни, пет дена откако во земјата беа укинати речиси сите ограничувања против Ковид-19. Израелскиот весник „Харек“ јави дека 90 […]

Бочварски: Зелени коридори на границите за побрз транспорт на стока


Состојбите во транспортниот сектор во регионот, идните планирани активности, можноста за проширување на концептот „зелени коридори“ заради олеснување на транспортот со соседните земји членки на Европската Унија и безбедноста на патиштата, се темите на Министерскиот совет во рамки на Транспортната заедница, што се одржува во Брдо кај Крањ, на кој учествува и министерот за транспорт […]

ССМ: Ако има отпуштања од текстилниот сектор работодавачите нема да најдат нови работници


 Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), по најавите за можни отпуштања на работници во текстилниот сектор, денеска упати апел до работниците да не се потпишуваат на никакви нови анекси или нови договори за вработување, а сите кои сметаат дека нивниот Договор за вработување на определено време не е законски да пријават до ССМ. Од ССМ […]

Левица и ВМРО-ДПМНЕ заеднички поднесоа интерпелација за Талат Џафери


Во редот за интерпелации денеска се најде и претседателот на Собранието, Талат Џафери.  Главната причина за интерпелацијата е што Талат џафери во Европскиот парламент зборуваше на албански јазик, а тоа не е во согласност со Уставот, изјавија денеска ГорданаСилјановска-Давкова и Димитар Апасиев кои гја образложија интерпелацијата. „Нашиот претседател не е човек на парламентот туку е […]

Стоев: Скопје мора да ја убеди Софија дека сака решение за проблемите


Бугарскиот  технички министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска изјави дека процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ не е само желба на ЕУ, туку мора да има докажани активности од страна на Скопје да ги убеди не само европските партнери, туку и земјата-членка Бугарија дека тие имаат желба за билатерално решавање на проблемите […]

Гвен Стефани тајно се омажи за Блејк Шелтон (фото)


САД- Поп-ѕвездата Гвен Стефани (51) се омажи за својот свршеник кантри-ѕвездата Блејк Шелтон (45), објави порталот „Пејџ сикс“. Музичката двојка имала интимна церемонија на фармата на Шелтон во Оклахома. Американските медиуми пишуваат дека Блејк веќе претходно изградил капела, со намера таму да се ожени со Гвен. Фотографиите од венчавката можете да ги погледнете тука. Двојката лани […]

„Кино Влае“ шампиони на првиот турнир „Тројка за МЗТ“


Екипата „Кино Влае“ го освои првото место на првиот ФИБА 3×3 турнир што викендот се одржа во спортскиот центар „Ново Лисиче“. Втората награда отиде во рацете на кошаркарите од „Терминатори“, а како третопласирана заврши екипата „Годсент“ од Битола. Победниците добија парични награди во висина од 800, 400 и 200 евра. Проектот е во организација на […]

МТСП: Се бара зголемување на бројот на деца згрижени во градинките


Министерството за труд и социјална политика од Комисијата за заразни болести побарала да дозволи дополнително зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките согласно постојната епидемиолошка ситуација. Дополнително до Комисијата и до Министерството за здравство и до Комисијата испратиле и списоци со лица кои не се вакцинирани против Ковид-19 со цел да […]

Последни анкети во Бугарија: Иста мета, исто растојание


На изборите в недела, 11 јули, не се очекува никаква промена во составот на парламентот на Бугарија, покажуваат последните две анкети. Според нив, во новото бугарско собрание ќе влезат истите шест партии како и по изборите на 4 април, со тоа што првите две партии, ГЕРБ и Има таков народ, се речиси изедначени. Анкетата на […]

Кејт Мидлтон во самоизолација по контакт со заразен од Ковид-19


Англија– Сопругата на британскиот принц Вилијам – војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон е во самоизолација поради контакт со лице заразено со коронавирус. Таа ги откажала сите планирани обврски. „Минатата недела војвотката од Кембриџ разговараше со човек кој подоцна беше утврден како позитивен на Ковид-19“, соопшти палатата Кенсингтон. Кејт Мидлтон сè уште не покажала никакви симптоми […]

Хоџа: Не прифаќам уцени, и мелничарите се виновни за состојбата


Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска директно и недвосмислено им порача на мелничарите дека не прифаќа уцени. Најави состанок со нив наредните денови и оцени дека и тие се делумно виновни за актуелната ситуација во преработувачката индустрија. Според Хоџа, секогаш кога се давани дополнителни средства на мелничарите, испаднало дека колку што дава […]

Двајца возрасни мажи му дадоа пари на татко ми – рече, ме омажил


Психички и физички недозреани деца (најчесто на возраст од 12-14 години) со сила, закани и казни се принудуваат на “брачен живот“ со полнолетни лица, при што во  “заедницата“се присилуваат да извршуваат тешки домашни или земјоделски работи, несоодветни на нивната возраст. Не ретко се и сексуално искористувани од сите машки членови на семејството во кое е […]

Јанина – град во кој се сака старото


Прастари дрвја, тврдина зад чии ѕидови живеат голем број од локалните жители, куќи со тераси од ковано железо, старински врати и прозорци, кафе барови како антикварници  – тоа е Јанина, град во северна Грција во кој се сака и се почитува старото. Никој ништо не урива, се гради како во минатото, никој не ги сече […]

РКЕ: Трговците на мазут имаат 90 дена да докажат дека поседуваат соодветни оперативни резерви


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) им даде рок од 90 дена на трговците на големо со мазут – РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци да се усогласат со Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви. Со одлуката донесена на […]