Бугарскиот премиер Јанев:  Ни треба дијалог и разбирање за нашите односи


Бугарија– Европската перспектива на Северна Македонија и Албанија не е предмет на спор и Бугарија секогаш ги поддржува, вели бугарскиот премиер Стефан Јанев во ексклузивно интервју за МИА, посочувајќи дека позицијата на Софија во однос на европската интеграција на земјава е јасна и таа е потврдена од бугарскиот Парламент од есента 2019 година. – Тоа […]

На човекот дневно му требаат не повеќе од 20 минути сончање


Русија– На возрасна личност дневно ѝ требаат 15 – 20 минути сончање без сенка, најмногу, а треба да се почне со пет минути на ден, за посилно здравје, вели Андреј Тјажелников, одговорен специјалист за примарна здравствена заштита за возрасни при Московското министерство за здравство. – Сонцето придонесува за добивање витамин Д, што е важно за организмот. […]

Македонските фудбалери денеска против Украина во битка за осминафинале на ЕУРО2020


Романија – Македонската фудбалска репрезентација попладнево од 15 часот против Украина на Националната арена во Букурешт го игра вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО2020. Македонскиот селектор на Игор Ангеловски на вчерашната официјална прес – конференција истакна дека неговите избраници ги очекува најважниот натпревар во кариерата. – Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа […]

ТИ: Пандемијата ја зголеми корупцијата во ЕУ


Пандемијата ја зголеми корупцијата низ Европската унија, чии граѓани повремено мораа да бараат лични врски за да добијат здравствена заштита, а некои влади ја искористија кризата во своја полза, наведува во извештај Транспаренси Интернешнл. Истражувањето, во кое учествуваа повеќе од 40.000 луѓе во 27 земји-членки на ЕУ од октомври до декември 2020 година, покажа дека […]

Шекеринска на меѓународниот „GLOBSEC“ форум во Братислава


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе учествува на форумот „GLOBSEC“ во Братислава, каде ќе има и одвоена средба со словачкиот колега, Јарослав Над. Во рамки на форумот, министерката Шекеринска ќе биде панелист на дискусијата на тема „НАТО 2030 – како дотаму” за улогата на Алијансата во развојот на новите иновативни технологии и прилагодувањето на […]

Орбан повторно и пика прст во око на ЕУ


Белгија – ЕУ проценува дали новиот унгарски закон со кој се забранува „покажување и промовирање на хомосексуалноста“ на лица на возраст под 18 години го крши законодавството на Унијата. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Унијата е многу загрижена за новиот закон во Унгарија. -Проверуваме дали станува збор за кршење на законодавството […]

Кина го лансира вселенското летало „Шенжу-12“, со тричлен екипаж


Кина– Кина рано утринава успешно го лансираше вселенско летало „Шенжу-12“ кон својата вселенска станица во изградба, јавија кинеските медиуми. Вселенското летало носи тројца астронаути до дел од вселенската станица што се уште е во изградба, и тоа ќе биде најдолгиот престој на кој било кинески граѓанин во орбитата на Земјата. Ракетата „Долг март 2Ф“ што […]

Кино „Милениум“ почнува повторно со работа


Од денес Градското кино „Милениум“ во Скопје ќе почне повторно со работа. На репертоарот се наоѓаат новиот дел од филмската сага „Брзи и бесни“, „Денови на гнев“ од Гај Ричи, драмата „Шарлатан“, современата верзија на класичниот роман на Чарлс Дикенс – „Твист“ и шведскиот анимиран филм „Безопашестиот Пеле“. Билетите се достапни на билетарница во киното […]

Лоба: Со музичкото анплагд матине на мојот ЈуТуб ќе уживате во албумот „Нов свет”


Пејачката Викторија Лоба & Friends продуцираа анплагд музичко матине за нејзиниот албум “Нов Свет”. Официјално може да се чујат шест песни на ЈуTуб каналот на Лоба, буквално песни за сечиј вкус – После долг период на музички молк во однос на концерти во живо, музиката во нас мораше да го најде својот пат и да […]

Германија повлекува цел вод војници од Литванија поради расизам и антисемитизам


Германија – Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер нареди итно повлекување на целиот вод од 30 војници од Литванија по обвинувањата за расизам и антисемитизам. Неделникот „Шпигел“ во понеделникот јави дека неколку членови на Бундесверот, стационирани во Литванија, пееле расистички и антисемитски песни на една хотелска забава во април. Весникот додава дека еден од нив се […]

Од 20 јуни Скопје домаќин на меѓународен детски тениски турнир


Од 20 до 25 јуни во Скопје ќе се одржи меѓународниот детски тениски турнир „Cherry Cup Skopje“ кој е сличен на турнирите што се организираат во Белград Умаг и Дубровник. Турнирот се организира по трет пат, а на него ќе учествуваат деца на возраст од 5 до 14 години кои ќе се натпреваруваат во седум […]

Вакцината „КјурВак“ има ефикасност од само 47 отсто


Германија– Германската биотехнолошка компанија „КјурВак“ (CureVac) соопшти дека нејзината вакцина против Ковид-19 е ефикасна само 47 проценти во подоцнежната фаза од испитувањето, поради што во прашање се доведуваат потенцијалните испораки на стотици милиони дози за Европската унија. Британските медиуми пренесуваат дека Европската унија како досега единствениот и главен клиент на вакцината „КјурВак“, во ноември резервира […]

Почнува летната филмска програма во Музејот на современа уметност


Од денеска почнува летната филмска програма во Музејот на современа уметност. На тремот под отворено небо во следните четири месеци, публиката ќе може да проследи десет креативни документарни филмови. Летното кино ќе биде отворено со кинеско-американскиот документарен филм „Нашата временска машина“ (2019) од режисерите Yang Sun и S.Leo Chiang, кој досега е прикажан на повеќе […]

Предлогот на Португалија на маса во Софија: Што ќе донесе денешната средба на највисоко ниво?


Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Софија. Целта на посетата е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија. Од владината прес-служба соопштија дека премиерот […]

ЕУ ја стави С. Македонија на листата безбедни земји од Ковид-19, уште 421 активен случај во државата, вчера ниту еден починат


Амбасадорите на ЕУ вчера се согласија да се укинат рестрикциите за несуштински патувања за државјаните на неколку држави, меѓу кои и Република Северна Македонија.  Одлуката треба да биде формално објавена во Службениот весник на ЕУ со што ќе стапи во сила, најверојатно во петок. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлуката на Европската Унија […]

Српскиот актер Славко Штимац во болница поради компликации од Ковид-19


Србија– Српскиот актер Славко Штимац (60) хоспитализиран е во Воено медицинскиот центар „Карабурма“ поради Ковид-19, пренесува „Танјуг“. Тој пред 10 дена бил примен во болница поради воспаление на белите дробови, предизвикано од коронавирусот. – Штимац е сместен на ВМЦ поради пневмонија. Неколку дена бил на кислородна поддршка, но за среќа неговата здравствена состојба не бара […]

Османи во Анталија на состанок со шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСЈИЕ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во Анталија, каде ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Османи, како што информираат од МНР, во рамки на министерскиот состанок ќе има одвоена билатерална средба со домаќинот, министерот на Турција, Мевљут Чавушоглу, како […]

Сончево и топло, попладне краткотраен дожд и грмежи


Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска претпладне во земјава, а веќе од попладне се очекува локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени. Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен […]

Подеми и падови во односите на Путин со американските претседатели


САД– Рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска првпат имаше средба со Џо Бајден, забележа подеми и падови во односите со петте американски претседатели со кои беше во контакт од доаѓањето на власт кон крајот на 1999 година. Самиот Џо Бајден покажа голема цврстина кон својот руски колега откако ја презеде функцијата во Белата куќа во […]

Италија со триумф над Швајцарија обезбеди осминафинале на ЕУРО2020


Италија– Италија е првиот осминафиналист на ЕУРО2020, откако „Азурите“ триумфираа синоќа над Швајцарија во Рим со 3:0 (1:0) и со шест бодови се првопласирани во групата А по воведните две кола. Двоен стрелец во италијанските редови беше Мануел Локатели (26. минута и 52. ), а победата ја завери Чиро Имобиле во 89. минута. За Италија ова беше 29-ти […]