Турција е домаќин на најголемата бегалска популација во светот


За четири отсто повеќе луѓе се присилно раселени во светот минатата година, во однос на 2019 година. Денес еден процент од човештвото е раселен и има двојно повеќе присилно раселени лица отколку во 2011 година, кога вкупниот број бил нешто под 40 милиони, покажуваат податоците од извештајот на УНХЦР – „Глобални трендови во 2020“. Според […]

Во Германија од 25 јуни влез за патници кои не се од ЕУ и се целосно вакцинирани


Германија–  Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле две дози на вакцина против Ковид-19 да влезат во државата, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Од тој датум, тие ќе можат да влезат во земјата најрано 14 дена по приемот на втората доза. Патниците можат да влезат […]

Активни 413 случаи со Ковид-19, вакцинирани 265.164 граѓани


Активни со Ковид-19 се 413 случаи во државава, од кои 158 се во Скопје. На инфективните одделенија се лекуваат 90 пациенти со Ковид-19 од кои 26 во Скопје, а 64 во ковид-центрите во другите градови. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од направени 3.529 тестирања, регистрирани се 10 нови случаи со Ковид-19, […]

Што откри новата бугарска влада за владеењето на Борисов?


Во своето кратко постоење, техничката влада на Бугарија откри многу неверојатни факти  и изнесе цела низа обвинувања (досега политички) против претходната владеечка структура околу ГЕРБ. Овие обвинувања главно се однесуваат на коруптивни практики и злоупотреби и бездомници, при што секој ден некој  министер излегува и вели дека работите се многу загрижувачки во неговиот оддел. Има […]

Заев на конференција за Западен Балкан во Виена


Австрија – Во организација на австриската влада, денеска во Виена се одржува конференција за Западен Балкан, на која учествуваат премиерите во регионот каде главната цел е да се врати регионот високо на агендата на Европската унија. Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги покани премиерите на Западен Балкан на конференција на која, пред се, ќе разговараат за […]

Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд


Времето денеска во земјава во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се движи од  25 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до […]

ЕВРО 2020: Холандија трета селекција со обезбеден пласман во плејофот


Холандија– Во натпреварот од второто коло од групната фаза на ЕВРО 2020, репрезентацијата на Холандија синоќа во Амстердам ја совлада селекцијата на Австрија со 2:0. Во 11. минута Мемфис Депај го отвори резултатот од пенал, Дензел Дамфрис во 67. минута ги постави конечните 2:0. Холанѓаните имаат шест бода и водат во групата Ц. Тие веќе […]

Слави Трифонов одбил средба со Заев


Лидерот на партијата „Има таков народ“, која стана втора политичка сила во Бугарија, вчера одбил средба со премиерот Зоран Заев, пишува БГНЕС. Според агенцијата, Заев потврдил дека одбивањето се должело на обврските на Слави Трифонов поврзани со неговата изборна кампања. Трифонов вчера ги нарече „небитни“ лидерите на БСП, Корнелија Нинова, и на ГЕРБ, Бојко Борисов, […]

Блокадата на Бугарија е голем проблем за ЕУ, вели словачкиот министер Корчок


„Јас ги почитувам националните интереси на Бугарија, но гледајќи од поширока перспектива, тоа е голем проблем за нас“, рече Иван Корчок на безбедносниот форум во Братислава   ЕУ треба да ја преиспита својата амбиција да биде глобален играч и наместо тоа да се фокусира на индивидуални прашања, како што се оние што се однесуваат на […]

Македонија стана жешка тема во изборната кампања во Бугарија


По денешната посета на Зоран Заев на Софија повеќе политички лидери кажуваат кој е поголем Бугарин и дека Бугарија нема да ја крене блокадата   Денешната посета на Зоран Заев на Софија внесе немир во кампањата на партиите за изборите на 11 јули и повеќемина од нив побрзаа да објават кој е поголем Бугарин во […]

Осака се повлекува од Вимблдон, но цели кон Олимпијадата


Светскиот тениски рекет број 2 во тенис за жени, Наоми Осака се повлече од шампионатот во Вимблдон од лични причини, но ќе биде подготвена за Олимписките игри во Токио, изјави нејзиниот агент во четвртокот, јави Ројтерс. Осака се откажа од Отвореното првенство на Франција по победата во првото коло, откако организаторите ја казнија со 15.000 […]

Филипче на роденден кај ќерката на дарителката на органи Василковска


Министерот за здравство, Венко Филипче, беше поканет и присуствуваше на роденден на Лара, ќерката на Јасмина Василковска, хуманата жена која неодамна со донацијата на своите срце и бубрези спаси три човечки животи. – Среќен роденден Лара! Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. […]

Се запали градски автобус кај комплексот банки во Скопје, повредени нема


Во центарот на Скопје, кај комплексот банки, попладнево се запали автобусот на ЈСП. Повредени нема, а пожарот веќе е изгаснат. Како што потврди за МИА Владимир Симоновски од Противпожарната бригада, причината за пожарот е запалување на моторот на автобусот. – Причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, можно е да станува збор за истекување […]

ЕВРО 2020: Белгија ја победи Данска и обезбеди осминафинале


Репрезентацијата на Белгија вечерва во Копенхаген ја совлада селекцијата на Данска со 2:1 во натпреварот од второто коло од групната фаза на Евро 2020. Веќе во втората минута Данците го отворија резултатот преку Јусуф Поулсен. Торган Азар во 55. Минута изедначи на 1:1, додека Кевин Де Брујн во 70. минута ги постави конечните 2:1. Во […]

Гутереш се надева дека дијалогот Русија-САД ќе доведе до намалување на нуклеарните арсенали


 Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш изрази надеж дека договорите постигнати за време на Самитот САД-Русија во Женева ќе доведат до намалување на нуклеарното оружје во светот. – Генералниот секретар ја поздрави намерата на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави да водат дијалог за взаемна стратешка стабилност и изрази надеж дека ова ќе доведе до […]

Пленковиќ: Да се реши спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и да се одблокира преговарачкиот процес


 Хрватска направи многу за деблокирање на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија и сака да се решат преостанатите прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија за да дочекаме датум на преговори со двете земји, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Шефот на хрватската влада учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) […]

САД ќе инвестираат над три милијарди долари во развој на антивирусни лекови


САД ќе инвестираат 3,2 милијарди долари за да го унапредат развојот на антивирусни таблети против Ковид-19 и други опасни вируси кои можат да се претворат во пандемии. Главниот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, денеска во обраќањето во Белата куќа ја објави оваа инвестиција како дел од новата „антивирусна програма за пандемии“. Програмата […]

Ни влез ни излез од Лисабон за време на викендот поради зголемен број на заразени со коронавирус


Португалија– Жителите на Лисабон не смеат да го напуштаат градот за време на викендите, додека тамошните власти се борат со зголемениот број новозаразени, соопшти денеска португалската Влада. Забраната ќе важи од 15 часот во петок до 6 часот наутро во понеделник. Жителите надвор од областа на Лисабон нема да смеат да влезат во главниот град. […]

Промени на правилата за влез во Грција


Грција – Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, на денешниот состанок, како што соопшти заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, едногласно, одлучила да се воведат одредени промени поврзани со туризмот и начинот на влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објасни Хардаљас, за земјите од зелената листа дозволен ќе […]

Американскиот Врховен суд по третпат го отфрли обидот за укинување на Обамакер


САД – Врховниот суд на САД денеска го поддржа законот со кој се обезбедува поволно здравствено осигурување за сите Американци, отфрлајќи ги обидите на Тексас и 17 други држави предводени од републиканците за уривање на Обамакер. Тоа е третпат од 2010 година кога Законот за достапно здравствено осигурување, еден од најголемите наследства на поранешниот претседател Барак […]