ЕВРО 2020: Холандија трета селекција со обезбеден пласман во плејофот
Холандија– Во натпреварот од второто коло од групната фаза на ЕВРО 2020, репрезентацијата на Холандија синоќа во Амстердам ја совлада селекцијата на Австрија со 2:0.
Во 11. минута Мемфис Депај го отвори резултатот од пенал, Дензел Дамфрис во 67. минута ги постави конечните 2:0.
Холанѓаните имаат шест бода и водат во групата Ц. Тие веќе обезбедија пласман во осминафиналето. Австријците имаат три бода и се трети. Украина, која е втора, има исто така три бода, додека македонската репрезентација е на последното место без освоен бод.
Претходно место помеѓу 16 најдобри обезбедија Белгија и Италија.