На делницата Пресека – село Врбјани утре прекин во сообраќајот поради минирање


На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути меѓу 12:00 и 15:00 часот. Како што соопшти ЈП „Македонија пат“, причина за прекинот е изведување градежни работи (минирање).

Ан Линде во Скопје на разговори со Заев и Османи за ОБСЕ и за ЕУ


Министерката за надворешни работи на Шведска и актуелен претседавач со ОБСЕ Ан Линде, која престојува во посета на С Македонија, денеска во Скопје ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со шефот на дипломатијата Бујар Османи. Во фокусот на средбите, како што соопшти МНР, ќе бидат приоритетите на Шведското претседателство со ОБСЕ, очекувањата и тенденциите […]

Филмот за деца и тинејџери „Хакер“, синхронизиран на албански јазик, во Кинотека


Во Кинотека вечер ќе биде премиерно прикажана семејната акција „Хакер“ наменета за најмладите гледачи над 8-годишна возраст, синхронизирана на албански јазик. Филмот во режија на Пол Берг кој беше најдобар на Stockholm Film Festival Junior минатата година, е за 13-годишниот врвен хакер Бенџамин. Тој живее во дом за сираци. Еден ден го посетуваат двајца мажи […]

Регионална конференција „Заштита од трговија со деца и нивна експлоатација во Западен Балкан“


 За трговијата со деца во Западен Балкан ќе се дискутира на Регионалната конференција „Заедно да се соочиме со кризата: Заштита на децата од трговија и експлоатација во Западен Балкан“, што ќе се одржи денеска и утре онлајн во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција […]

Царовска: Ќе се истражат набавките на кембриџ-учебниците


Министерството за образование и наука ќе достави материјали и заклучоци до Основното јавно обвинителство за целиот процес на воведување и избор на т.н. кембриџ-учебници во основното образование, најавува министерката Мила Царовска во интервју за „360 степени“. Царовска вели дека по неуспешниот старт на годинешниот откуп на учебниците, МОН формирало комисија за ревизија на постапките за […]

Дутерте се заканува со затворска казна за оние кои нема да се вакцинираат против Ковид-19


Филипинскиот претседател Родриго Дутерте им се закани со затворска казна за граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 додека неговата земја води голема битка со коронавирусот и има над 1,3 милиони заразени и над 23.000 смртни случаи. – Вие одлучувате, или ќе се вакцинирате или одите во затвор, им рече претседателот Дутерте на граѓаните […]

ЕУ: Филмовите и ТВ-програма од Британија закана за европската културна разновидност


Европската унија се подготвува да реагира против непропорционалното количество британска телевизиска и филмска содржина прикажана во Европа по брегзит. Велика Британија е најголем производител на филмски и ТВ програми во Европа, вреден 1,4 милијарди фунти од продажба на меѓународни права, но нејзината внатрешна доминација е опишана како закана за европската културна разновидност во документ на […]

Изложба на Олег Кулик во „Мала станица“


Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе биде отворена изложбата „Merry-go-round“ на Олег Кулик. Организатор е Националната галерија на Република Северна Македонија во соработка со авторот и со Музејот на современа уметност на Војводина. Олег Кулик е роден во 1961 година, во Киев, и важи за еден од основачите на акционизмот во постсоветска Русија. Преку […]

Кубанската вакцина ефикасна 92,28 проценти


Вакцината Абдала против коронавирус, развиена од Куба, која е прва развиена во Јужна Америка, покажа ефикасност од 92,28 проценти против инфекцијата. Тоа го соопшти лабораторијата што го разви препаратот. Центарот за генетско инженерство и биотехнологија, што ја разви вакцината, објаснува дека оваа ефикасност е постигната по три дози. Абдала е во последната фаза на клинички […]

Во Италија од идната недела се укинува носењето заштитни маски на отворено


Италија од следната недела делумно ќе го укине задолжителното носење маски на отворено, јави ДПА. Укинувањето на мерката од 28 јуни ќе важи за т.н. „бели области“ каде има мал ризик од инфекција со коронавирусот. Информацијата на Фејсбук ја објави министерот за здравство Роберто Сперанца. Во моментов, сите италијански региони, со исклучок на Вале д’Аоста […]

(Видео) Предградие на Чикаго погодено од торнадо


Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи, соборувајќи дрвја, и предизвика оштетувања на електричната мрежа, соопштија властите. Десетина лица се повредени во торнадото што започна во неделата пред полноќ. Најмалку осум лица се хоспитализирани во Напервил со 147.500 жители, каде вчера беше констатирано дека 22 куќи се уништени, а повеќе од […]

ОН: Над 8.500 деца биле користени како војници во 2020 година во светот


Повеќе од 8.500 деца биле користени како војници во разни конфликти ширум светот во 2020 година, а други речиси 2.700 биле убиени. Тие податоци се содржани во годишниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за децата и вооружениот конфликт. Извештајот опфаќа убиства, осакатувања и сексуално злоставување на деца, киднапирања, одбивање пристап до помош […]

„Патот на Северна Македонија кон ЕУ – што е следно?“


Онлајн дебата „Патот на Северна Македонија кон ЕУ – што е следно?“ ќе биде одржана денеска во организација на германскиот Аспен институт. На дебатата ќе се обратат Сабине Штохр, директор за финансиска рамка на ЕУ и политики на ЕУ во германското Министерство за надворешни работи, Марко Трошановски од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје […]

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот регистриран во 92 држави


Варијантата Делта за коронавирусoт, што за првпат беше откриена во Индија, веќе е регистрирана во 92 држави. Тоа го објави на брифинг во Женева, Марија ван Керхов, техничка раководителка на СЗО за борба против Ковид-19. – Оваа варијанта на коронавирусот предизвикува посебна загриженост затоа што е позаразна и рапидно се шири низ целиот свет, нагласи […]

„Кармен“ го отвора Меѓународниот фестивал на монодрамата во Битола


На сцената на Народниот театар во Битола, денеска НУ Драмски театар Скопје ќе го отвори Меѓународниот фестивал на монодрамата во Битола со претставата „Кармен“, од шпанскиот автор Мигел Делибес, а во режија на Дејан Пројковски. Претставата „Кармен“ е исповед на една жена за нејзините неостварени желби и соништа преку кои влегуваме во светот на малограѓанштината, […]

Клучен министерски совет на ЕУ за преговорите со Македонија, но шансите мали


Денеска се одржува Советот за општи работи на ЕУ на кој министрите за европски прашања на земјите членки на Унијата треба да донесат одлука за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија, но сигналите од Софија не даваат голем простор за надеж, јавува дописничката на МИА од Брисел. Португалија, која претседава […]

Денеска паѓа одлука за еколошка такса за бензините и за помал ДДВ за струјата


Владата денеска на седница треба да ги разгледа и да одлучи за двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и воведувањето еколошка такса на горивата. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера изјави дека Владата ќе оди со предлогот мерките да важат од 1 јули и со очекување дека […]

Eдинаесет градови без Ковид-19, в петок пристигнува голема количина „Фајзер“ вакцини


Министерот за здравство Венко Филипче вчера ја оцени состојбата со ковид како прилично стабилна, на што упатува малиот број на новодијагностицирани и на приеми во болниците. Тој соопшти дека засега не се планираат дополнителни рестриктивни мерки. – Но, морам да потенцирам, будно ја следиме состојбата, не само кај нас, туку и во околните земји поради тоа што […]

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата […]

И денеска многу топло – температурата ќе достигне до 38 степени, УВ индексот 9


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе […]