„Монокл“: Копенхаген е најубав град за 2021 година


САД – Списанието „Монокл“ го прогласи главниот град на Данска, Копенхаген – за најубав град за живеење за оваа година. Пандемијата на Ковид-19, се вели, ги направи дискусиите за зелениот простор, подоброто домување и привлекувањето нови таленти – поважни од кога било. – Копенхаген е еден од оние градови каде што постои вистинска амбиција да се […]

Уште пет кинески компании на американската црна листа


Американското Министерство за трговија додаде уште пет кинески компании на својата црна економска листа, со образложение дека се вмешани во кршење на човекови права. Меѓу нив се компаниите ХошинСиликон Индастри, Синџијанг Даго Њу Енерџи, Синџијанг Ист ХоупНонферос металс и уште две фирми од кинескиот автономен регион Синџијанг. Овие компании се нашле на црната листа поради […]

Најавен „Проект слобода“ за поголема контрола на моќта на социјалните мрежи


Милијардерот Френк Меккорт ќе инвестира 100 милиони долари во проект што би требало да го симне Фејсбук од престолот. Поранешниот со-сопственик на бејзбол-тимот Лос Анџелес доџерс го планира т.н. „Проект слобода“ (Рrојесt Lіbеrtу), којшто цели кон пазарот на социјалните мрежи. Идејата на милијардерот е да изгради јавно достапна база на податоци за социјални контакти, со, […]

Каде е најскапа, а каде најевтина живеачката во Европа?


Цените на потрошувачките добра и услуги во земјите-членки на Европската унија во 2020 година, според Евростат, значително се разликуваа. Најскапа е живеачката во Швајцарија, а од земјите на Европската унија, во Данска, која имаше највисоко ниво на цени, дури 141 проценти над просекот на ЕУ. Следат Ирска и Луксембург со 136 проценти, и Финска со […]

Иранските избори ги нарушија плановите на Бајден за нуклеарен договор


Официјални претставници на администрацијата на Џо Бајден велат дека изборот на тврдолинијаш за нов претседател на Иран нема да влијае врз изгледите за обновување на неизвесниот нуклеарен договор со Техеран од 2015 година. Но, веќе постојат индиции дека нивната цел за постигнување договор станува се потешка. Оптимизмот дека договорот е неизбежен исчезна откако последната рунда […]

Втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан в понеделник во Брисел


Претседателите на парламентите на Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и претседателот на Собранието на Косово ќе се состанат в понеделник во Брисел, на иницијатива на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Како што е соопштено од ЕП, на овој втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан, тие ќе разговараат со Сасоли […]

Ворен Бафет заминува од Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, но остава 4,1 милијарда долари


Милијардерот Ворен Бафет денеска поднесе оставка од функцијата повереник на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите приватни добротворни организации во светот, откако донираше уште еден дел од своите акции во Беркшир Хатавеј, вреден 4,1 милијарди долари, за филантропски цели. Од 2006 година, Бафет плаќа годишни придонеси за пет добротворни организации, како дел од […]

Советот за регионална соработка ќе го претстави Балканскиот барометар


Советот за регионална соработка денеска во Тирана ќе го претстави Балканскиот барометар. Тоа е седмо издание на годишното истражување на јавното и економско мислење што се занимава со ставовите и очекувањата на граѓаните и бизнисмените од Западен Балкан на различни теми, како што се интеграција во ЕУ и регионална соработка, дигитализација, зелено закрепнување и втора […]

Васева и Тануровска – Ќулавковски ко-кураторки на изложбата во Музејот на современа уметност во Љубљана


Во Музејот на современа уметност Метелкова во Љубљана денеска се отвора изложбата „РЕАЛИЗИРАЈТЕ! СПРОТИВСТАВЕТЕ СЕ! РЕАГИРАЈТЕ! Перформанс и политика во 1990-те во пост-југословенскиот контекст“, а кураторки од Северна Македонија се Ивана Васева и Биљана Тануровска – Ќулавковски. Васева и Тануровска – Ќулавковски во рамки на изложбата го разгледуваат политичкото во перформансот преку примери на уметнички […]

Во САД донесена првата пресуда за немирите во Капитол на 6 јануари


Прва пресуда беше донесена во САД во случајот со немирите во Вашингтон на 6 јануари, јавија американските медиуми. Ана Морган Лојд, учесник во јануарските немири во Вашингтон, доби условна казна, парична казна и обврска за извршување на општокорисна работа. Лојд (49), жител на Индијана, е првата осудена во случајот со упадот на Капитол од приврзаници […]

Премиера на претставата „Дневна доза мазохизам“


Во МКЦ вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Дневна доза мазохизам“ по текст на младата хрватска авторка Дина Вукелиќ, а во режија на Лука Кортина. Сценографијата е на Мартин Манев, костимографијата на Ирина Тошева, а кореографијата на Наталија Теодосиева. Продуцент на претставата е Петар Антевски. Ликовите ги толкуваат младите актери Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Марјан […]

Основачот на софтверската компанија „Мекафи“ пронајден мртов


Основачот на софтверската компанија Џон Мекафи е пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Барселона, откако шпански суд одобри негова екстрадиција во САД. Според каталонското Министерство за правда, тој очигледно извршил самоубиство. Еден од креаторите на антивирусен софтвер во САД беше обвинет за затајување данок. Мекафи, (75), беше уапсен на аеродромот во Барселона во октомври […]

Мобилната библиотека „READ on wheels“ ќе ја почне својата турнеја во Теарце


Мобилната библиотека „READ on wheels“ (РЕАД на тркала) денеска официјално ќе ја почне својата турнеја во Теарце, Тетовско. На отворањето на библиотеката, како што е најавено, ќе се обратат градоначалникот на општина Јегуновце, Дарко Блажески, градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, директорката на Гете-институт Скопје, Тања Кригер, проектниот менаџер, Марија Чорбева Пеновска и директорот на ЦБС Лоја […]

Гутереш бара помошта за Сирија да се продолжи за уште една година


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, побара од Советот за безбедност на ОН да ја продолжи операцијата за прекугранична испорака на хуманитарна помош во Сирија за уште една година. Toj предупреди дека ако тоа да не се стори би било погубно за милиони луѓе. Операцијата за доставување помош на Сирија истекува на 10 јули, а […]

Се подготвуваат протоколи за наредната учебна година учениците да се вратат во училиштата


Здравствените власти во земјава сметаат дека учениците можат да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година. Ресорниот министер Венко Филипче уверува дека протоколите за учебната година се речиси готови. – Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и […]

Пратенички прашања во Собранието


Собранието денеска ќе ја одржи 44-та седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Седницата за поставување пратенички прашања вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот. Предност за поставување прашања до премиерот и до министрите имаат опозициските народни избраници.

Денеска и утре температури до 41. степен, препораки најранливите да се ослободат од работни обврски


Земјава денеска и утре ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова (алертна) фаза. Надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не […]

Формирани осминафиналните двојки на Европското фудбалско првенство


На 16. Европско првенство во фудбал вечерва заврши првиот сегмент. Комплетирана е групната фаза по која се формирани двојките за осминафиналето. Пресметките за првиот елиминациски дел се: Велс – Данска и Италија – Австрија (сабота 26 јуни); Холандија – Чешка и Белгија – Португалија (недела 27 јуни); Хрватска – Шпанија и Франција – Швајцарија (понеделник […]

ЕВРО 2020: Нерешено на двете последни средби од групната фаза


Со два нерешени исхода во третото коло од Х-групата, завршија натпреварите од групната фаза на Европското фудбалско првенство 2020. Вечерва во дербито одиграно во Будимпешта, Франција и Португалија одиграа 2:2. Со истиот резултат заврши средбата во Минхен, Германија – Унгарија. По овие резултати Франција е прва со пет бода, Германија и Португалија имаат по четири, […]

До недела стигнуваат 600.000 вакцини „Фајзер“ и „Синовак“


Премиерот Зоран Заев смета дека вакцинацијата во земјава добро се одвива. Тој очекува до 20 јули 500.000 граѓани да бидат имунизирани со две вакцини, а до 1 септември преку 600.000 граѓани или повеќе од 50 отсто. Како што рече во вечерашното интервју на ТВ Телма, во петок треба да пристигнат уште 100.000 „фајзер“, а во […]