САД прекинаа да бараат нафта и гас во резерватот на Алјаска


Владата на американскиот претседател Џо Бајден ги прекина сите активности поврзани со истражување на нафта и гас во најголемото заштитено природно подрачје на Соединетите Американски Држави, Алјаска, каде што живеат поларните мечки. Суспензијата ќе остане во сила сè додека не се направи сеопфатна анализа според законот за животна средина, соопшти американското Министерство за природни ресурси […]

Најмалку 23 африкански мигранти се удавија во бродолом кај Тунис


Најмалку 23 африкански мигранти се удавија во бродолом крај брегот на Тунис, додека се обидувале да го поминат Средоземното море на патот од Либија кон Италија, а 70 се спасени, соопшти туниската хуманитарна организација Црвена полумесечина. Повеќе од 120 мигранти загинаа во последните неколку недели во слични инциденти во близина на Тунис, бидејќи со подобрувањето […]

Хакери ја нападнаа најголемата светска фабрика за преработка на месо – JBS


Кибер напад врз најголемата светска компанија за преработка на месо – „JBS“ го парализира поголемиот дел од производството во Северна Америка и Австралија. -„JBS“ во неделата го пријави нападот во американската Влада, изјави вчера портпаролката на Белата куќа. Бразилската компанија „JBS“ претходно преку својата подружница во САД потврди дека била цел на напад што ги […]

Маските остануваат задолжителни во јавниот превоз, во такси и во затворени простории


Движење без маски на отворено, организирање  свадби, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 отсто од вкупниот капацитет на посетители. Тоа се дел од  измените на  рестриктивни мерки што ги усвои Владата вчера на седница, по намалувањето на […]

Се очекуваат нови пратки вакцини против Ковид, за вакцинација се пријавиле над 433 илјади граѓани


Вакцинацијата на сите пунктови низ државата, според здравствените власти, се одвива непречено, а интересот секојдневно се зголемува. Активноста, како што тврдат нема да запре со оглед на најавите дека ќе пристигнат нови количини вакцини, а има доволно вакцини и за втора доза. Како што информираше Министерството за здравство, на вакциналните пунктови во државата заклучно со […]

Деветти Викенд на гордоста во Скопје


Деветтиот по ред Викенд на гордоста – Скопје, фестивал за квир култура, уметност и теорија ќе се одржи од денеска до 9 јуни во Музејот на современа уметност, КСП Јадро и кафе барот Шортбас. Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот, како што посочуваат организаторите е „Настрано Заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти“. […]

Амандманска расправа за измени на Законот за државјанство во матичната комисија


Комисијата за одбрана и безбедност денеска треба да одржи продолжение на седницата за амандманската расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива. Седницата на Комисијата почна завчера. За законот, според најавите, се подготвени десетина комисиски […]

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза во официјална посета на Бугарија


Претседателот на Република Португалија, Марсело Ребело де Соуза, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Бугарија на покана од бугарскиот претседател Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, посетата ќе почне со официјална церемонија пред црквата споменик „Св. Александар Невски“, каде бугарскиот претседател официјално ќе го пречека својот португалски гостин. […]

Сончево со мала облачност и слаб ветер од северозападен правец


Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје,  сончево со мала до […]

Русија уапси истакнат опозиционер, наводно не платил кирија две години


Дмитриј Гудков, истакнат опозициски политичар и поранешен парламентарец, беше уапсен од руските службеници за спроведување на законот во вторникот, објави новинската агенција Тасс, дел од пошироката акција против критичарите на Кремlin. Додека беше пратеник во долниот дом на парламентот, Гудков беше исклучен од партијата Единствена Русија во 2013 година за помагање во организирање протести против […]

Филипче: Во јуни треба да пристигнат 190 илјади вакцини Фајзер и 500 илјади Синовак


Во јуни треба да пристигнат околу 110 илјади Фајзер вакцини преку Ковакс системот и околу 80 илјади преку нашиот директен договор. Во овој момент се пријавени 180 илјади граѓани кои чекаат да добијат термин, а 40 илјади се над 60 години, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Во вечерашното гостување на ТВ Телма, Филипче кажа […]

Побарано проширување на опфатот и дополнителни информации за увозот на нафтени деривати


 Извештаите поднесени од страна на надлежните институции, поврзани со информациите за случајот со увоз на нафтени деривати, се усвоени денеска на седница на Владата која задолжила дел од надлежните институции да достават дополнителни информации во рок од седум дена. Од владината прес-служба информираат дека во рамки на рокот од 14 дена, по владините задолженија дадени […]

Утврдена предлог одлука за продолжување на кризната состојба до 31 декември


Владата на денешната седница го усвои записникот од 13. седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди Предлогот на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територија на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје […]

Владата официјално ги прифати препораките за попуштање на мерките


Владата ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести. Почнувајќи од денеска, 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања: – Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, […]

Белоруски активист се прободе во вратот во суд


  Белоруски  активист се прободе во вратот додека бил на суд, јавува „Би-би-си. Снимка од убодот се шири на социјалните медиуми, а трае неколку секунди, но се слуша врескање на луѓето и се гледа како Степан Латипов лежи на подот додека судските полицајци се обидуваат да му пристапат. Засега не се знае со што белорускиот […]

Земјотрес од 4,5 степени регистриран во Грција


Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран во близина на грчкиот град Лариса, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот на земјотресот беше на 14 километри југозападно од Еласонас, каде што на почетокот на март годинава беше регистриран земјотрес од шест степени.

Во Туркменистан властите тврдат дека никој во државата не се заразил со Ковид-19


Во Туркменистан не е регистриран ниту еден случај на заразен со коронавирусот од почетокот на пандемијата, изјави денеска претседателот на таа централноазиска држава во ретко интервју за странски медиуми. „Благодарение на работата што ја завршивме“, Туркменистан нема случај на таа болест, изјави Гурбангули Бердимухамедов во интервју за меѓународниот ТВ канал Мир со седиште во Москва. […]

Османи: Наскоро ќе го затвориме прашањето за издавањето патни исправи во странство


Одлична вест за нашите граѓани во странство. Собранието на Република Северна Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 […]

Предлог ребаланс на Буџетот во Собрание веројатно во текот на јуни, најави Бесими


Во текот на јуни, веројатно пред Собранието ќе се најде предлог на ребалансот на Буџетот, рече министерот за финансии фатмир Бесими вечерва во гостување на ТВ 24.  -Главно ребалансот се однесува на тоа што веќе ние го имавме како ризик во контекст кај нас, динамиката на пандемијата и вакцинирањето, и со оглед на тоа дека […]

Бесими: Работиме на план за финансирање на забрзан раст


Во Министерството  за финасии работиме на план за финансирање на забрзан раст. Тоа значи дека покрај инвестиците кои ќе бидат од јавни односно од буџетски средства или задолжувања ќе има можност и за мобилизирање на приватниот капитал по примерот на Јункер планот каде што се предвидуваат и нови инструменти на привлекување средства од приватен капитал […]