Владата официјално ги прифати препораките за попуштање на мерките


Фото: Б. Грданоски

Владата ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

Почнувајќи од денеска, 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања:

– Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;

– Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;

– Се укинува забраната за групирање на јавен простор;

– Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;

– Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;

– Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина;

– Продолжува да важи забраната за движење од 24 до 4 до 15.06.2021 година.