Уште едно зелено катче во Аеродром


Скопје од денеска е побогат за уште еден зелен сквер, на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“ во Аеродром, кај „Палма“. На барање на локалните жители, на оваа претходно запуштена јавна површина е поставен модерен летниковец, вметнат меѓу постојното високо зеленило, кружни клупи, патеки и нова фонтана за вода. На летниковецот е […]

Со поддршка на ОКТА отворено ново инклузивно игралиште во општина Аеродром


Компанијата ОКТА во соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“ и општина Аеродром, донираше ново инклузивно игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“. Игралиштето нуди пристап и за децата со попреченост, со што се поттикнува нивна поголема инклузивност во наставата и во слободните активности. Донацијата, која е реализирана со финансиска поддршка од компанијата ОКТА и од Општина […]

Заев не бега од дуел со опозицијата


Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека е подготвен за дуел до опозицијата, посочувајќи дека многу е важно да се посветат на работите што се договорени на последната лидерска средба. Таму, како што рече, имаме договорени сериозни работи кои носат свои обврски. – Дуел секојпат е прифатлив, тоа може да значи информација повеќе за граѓаните, комплетно […]

Потпишан договорот за изградба на брана „Отиња” во Штип


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша договорот за изградба на насипната брана со придружни објекти „Отиња” во Штип. Како што информира Министерството за транспорт и врски, инвестициската вредност на проектот е 306 милиони денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски. Рокот предвиден за изведба согласно договорите […]

Нови 19 случаи со Ковид-19, 26 оздравени и шест починати


Деветнаесет нови случаи на Ковид-19 регистрира Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 2.456 тестирања. Од нив, во Скопје – пет, во Куманово – три, Гостивар, Кочани и Демир Хисар по два, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино по еден случај. Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се и 26 оздравени […]

Градоначалникот на Карпош, Богоев побара поголемо присуство на полицијата на терен и почести патроли


Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска на работната средба од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Полициската станица „Карпош“, по повод донацијата од општината на два мопеди за работа на терен на полициските службеници, побарал поголемо присуство на полицијата на терен, почести патроли за сузбивање на т.н. трки со мотори долж бул. „Партизански […]

Филипче: Може да очекуваме пратката со 500 илјади вакцини од „Синовак“ да стигне во следните седум дена


Стигна информација од претставниците на „Синовак“ дека може да очекуваме пратката со 500 илјади нивни вакцини да стигне во следните седум дена во нашата земја. Оставам резерва, гледаме со што се соочуваме, меѓутоа верувам дека ова ќе се оствари, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Уште една добра информација е, посочи министерот, дека тоа што […]

За работа во недела најмалку 50 отсто поголема дневница, вработените во трговските центри ќе имаат двојно поголема


Дневница зголемена за 100 проценти од основната и слободен ден ќе добиваат работниците во трговските центри, кои ќе работат во недела, бидејќи станува збор за неесенцијална дејност. Останатите работници од дејностите на кои поради спецификата или неопходноста за фунционирање на државата ќе им биде дозволено да работат во недела ќе добиваат дневница зголемена за најмалку […]

Времето до сабота сончево, од недела врнежливо


Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 29 […]

Реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена најсовремена опрема


Комплетно се реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена е најсовремена опрема. Тие не беа реновирани повеќе од 60 години. На пуштањето во употреба на реконструираниот оддел за торакална хирургија присуствуваа премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство […]

Матеа Киселичка -добитничка на „МЕНАДА за млад уметник 2021“


Кореографката и танчерка Матеа Киселичка е добитничка на престижната награда „МЕНАДА за млад уметник 2021“, доделена од стручниот совет на Танц Фест Скопје, кое го сочинуваат долгогодишните соработници на фестивалот, Љупчо Јолевски, Билјана Илиќ Геровска и Билјана Несторовска. Наградата „МЕНАДА за млад уметник“ е престижна награда за годишни остварувања во областа на  танцовата уметност која […]

Зборник „Конески на 11 јазици“ : Стручен и културолошки предизвик


„Конески на 11 јазици“ е насловен зборникот подготвен на Првата зимска школа на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, која се одржа од 25 јануари до 5 февруари 2021 со 50-ина учесници од 15 земји. Изданието кое излегува во годината кога се слави еден век од […]

Спасовски: Нема посериозни индиции за зголемен број мигранти, МВР е подготвено да одговори на секој предизвик


Во овој момент МВР нема индиции дека може да дојде до сериозно зголемување на бројот на мигранти и да се врати некаква состојба што била во минатото. Таква работа нема заради тоа што не е функционална т.н. западнобалканска  рута. Има зголемување на бројот на илегални обиди за влегување во државата. МВР е подготвено максимално да […]

Oд утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва


ТАВ Македонија најави дека од утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва. Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне утре попладне во 17 часот и 10 минути. Отворањето на новата авиолинија официјално ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот […]

Во Италија против Ковид-19 ќе се вакцинираат сите над 12 години


Во Италија од утре почнува вакцинација против Ковид-19 за сите луѓе над 12 години. Тинејџерите ќе се вакцинираат откако минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри деца од 12 до 15 години да се вакцинираат со Фајзер/Бионтек. На почетокот од годината имунизацијата во Италија почна со бавно темпо поради организациски проблеми и недостаток на […]

Ангеловски: Против Казахстан со нешто поразличен состав


Македонската фудбалска репрезентација ја очекува вториот тест-натпревар пред почетокот на Европското првенство. По дуелот со Словенија во вторникот, утре на гости во Скопје доаѓа Казахстан. Селекторот Игор Ангеловски најави поголема минутажа за играчите кои не се во првите единаесетмина. -Ќе го искористиме овој натпревар како подготвителен тренинг. Можеби ќе излеземе во поразличен состав од оној […]

ЕК: Санкциите на САД против бугарски државјани не ја засегаат ЕУ


Одлуката на САД да санкционира тројца бугарски државјани инволвирани во продажба на пасоши поради корупција нема да има последици врз Европската Унија, но борбата против корупцијата останува во фокусот на ЕУ кога станува збор за Софија, јави дописничката на МИА од Брисел. На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел, портпаролите за правда, внатрешни работи […]

Филипче: Ако остане иста состојбата со Ковид-19 после 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки


Нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој […]

Исплатени голем дел од парите од поврат на ДДВ


Вкупно 313.473 граѓани заклучно со вчера добиле поврат на ДДВ за првото тримесечје од годинава со што се реализирани 392.105.912 денари.Како што рече денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, исплатен ќе биде и останатиот мал процент средства. -Останат е уште мал процент да се врати назад кај корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ зашто имавме одредено […]

МВР: Нема да функцинира системот за прием и издавање на лични документи во Скопје од 11 јуни од 16 часот до 15 јуни до 20 часот


Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од  11. 06. 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15. 06. 2021 година (вторник) во текот на целиот работен ден до 20 часот, нема да биде во функција системот за прием и издавање […]