Борис Џонсон ја прими и втората доза на АстраЗенека


Англија– Премиерот на Британија, Борис Џонсон, вчера ја прими втората доза на вакцина против ковид-19 од компанијата на АстраЗенека. Првата доза ја прими во март во болницата Сент Мери Томас, каде минатата година се лекуваше на интензивна нега по заразувањето со коронавирусот. Повеќе од половина од сите возрасни лица во Велика Британија примиле втора доза […]

„Филолошката критика на Конески“ од Атанас Вангелов во издание на „Слово“


Во годинава кога го славиме Конески, Атанас Вангелов се јавува со нова обемна студија под наслов „Филолошката критика на Конески“, која следи по објавувањето на книгата „Лирската биографија на Конески“. Книгата ја објави Издавачката куќа „Слово“ во нејзината позната едиција „Логос“. Станува збор за книга во која на преку триста страници Вангелов се занимава со […]

Пандемијата полека стивнува, расте бројот на вакцинирани против Ковид-19


Бројките на новозаразени стивнуваат, а бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 од ден на ден се зголемува. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 241.368 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани. Според Министерството за здравство, со последните бројки 47 отсто од населението над […]

Де Соуза: Треба да размислуваме за иднината на Европа за да одговориме на надежите на луѓето


Бугарија – Завршувајќи ја својата посета Бугарија претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, истакнат професор по право и политички науки и истражувач, вчера на најстариот бугарски универзитет „Свети Климент Охридски“ беше одликуван со почесната титула „Доктор Хонорис Кауза“, јави дописникот на МИА од Софија. Португалскиот претседател одржа и предавање на тема „Европа – перспектива за […]

Воспоставена соработка меѓу Министерството за одбрана и УГД


Министерството за одбрана и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип воспоставија соработка со која министерството му го додели на користење просторот во Домот на Армијата на Универзитетот. Соработката, како што информираат од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, е во насока на поддршка и обезбедување услови за образување на студентите според европски стандарди. Во оваа соработка се вклучија […]

Од денеска директна авиолинија Скопје – Москва


Со пристигнување на авионот на „Нордвинд“ денеска попладне на Меѓународниот аеродром Скопје, и официјално ќе биде означено воспоставувањето на директната авиолинија Москва – Скопје. Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне во 17 часот и 10 минути. Отворањето на директната авиолинија ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, […]

Се помалку ковид-пациенти во болниците, можно олеснување на рестрикциите


Нема влошување на епидемиолошката состојба и нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. И вчера како и претходните денови се регистрирани мал број новозаразени, а се намалува и бројот на починати како последица од Ковид-19. Доколку продолжат овие бројки, по 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки. Министерот за здравство Венко […]

Пуштање во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза


Експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза денеска ќе биде пуштен во употреба.   Предвидено е да се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и шефот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Андри Аранитаси.

„Недела на јапонски филм“ во Кинотека


Со проекцијата на филмот „Покажи ми го патот до станицата“ вечер во Кинотеката на Северна Македонија ќе стартува  14. издание на „Недела на јапонски филм“ .Оваа година повторно, два филма ќе се прикажуваат и во НУ Центар за култура – Битола. Првпат публиката ќе ужива во јапонските филмови „под ѕвездите“ на отворено во кината во […]

Сончево, топло и ветровито


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7 Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и […]

Во Рио де Жанеиро се сруши зграда, загинаа маж и дете


  Станбена зграда во дел од Рио де Жанеиро во Бразил, каде живеат луѓе од работничката класа денеска падна, а загинаа најмалку двајца, што укажува на несигурноста на градбите во некои делови од градот за кои властите велат дека во нивната изградба удел има организираниот криминал. Локалните жители за Ројтерс велат дека чиле гласна бучава […]

Медиуми: Вучиќ побара од Владата да им овозможи на граѓаните од Северна Македонија да се вакцинираат во Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал од Владата да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на Северна Македонија, соопшти агенцијата Бета. Како што наведува порталот Б 92 повикувајќи се на неговите информации, Вучиќ побарал граѓаните од Северна Македонија да примат вакцини по сопствен избор. Тие во Србија ќе можат да добијат една од четирите вакцини […]

Бајден ќе се бори против корупцијата во светот


Борбата против корупцијата станува центар на надворешната политика на Бајден. Тоа е дел од меморандумот за националната безбедност на САД   Претседателот о Бајден ги става глобалните антикорупциски напори во центарот на надворешната политика на САД, издавајќи им нова директива на федералните агенции да им дадат приоритет на напорите за соочување со проблемот. Инструкциите дојдоа […]

Америка го спречува рускиот канал во Бугарија


Бугарските политички лидери ги поздравија санкциите на САД и сега тврдат дека никој од нив немал ништо со озлогласените личности од американската црна листа   Пред десетина дена бугарскиот член на историската комисија, Кирил Топалов, изјави за Македонија: „Ако нереформираната тоталитарно-комунистичка држава се приклучи на ЕУ, тоа ќе биде Тројанскиот коњ на Русија и сите […]

Гејтс и Бафет градат нов тип нуклеарна постројка вредна милијарда долари


Енергетските компании управувани од милијардерите и пријатели, Бил Гејтс и Ворен Бафет, ја избраа американската држава Вајоминг за почеток на првиот проект за нов нуклеарен реактор „Натриум“. TeraPower, основана од Гејтс пред 15 години, и компанијата за електрична енергија PacificEcorp, сопственост на инвестицискиот фонд на Бафет, Беркшир Хатавеј, во средата соопштија дека точната локација на […]

МИОА во соработка со УСАИД работи на подобрување на сајбер безбедноста


Технологијата има потенцијал да ја подобри демократијата, да ја зголеми нејзината ефикасност, да ја направи поотворена, поодговорна, потранспарентна и поприсутна за граѓаните, за бизнисите, за сите нас. Но, од друга страна, технологијата може да се манипулира и може да се користи за злонамерни цели, посочи министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири на средбата […]

Владата усвои дополнителни заклучоци за контрола и анализа на увезениот мазут


Владата на денешната 76-та седница усвои дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната 75-та седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут. Со новите заклучоци донесени на оваа седница, информираат од владината прес-служба, Владата го задолжи Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за […]

Ќе се гради нова населба на Водно


На површина од околу 150.000 метри квадратни ќе никне нова населба во зелениот појас на падините на Водно, над Институтот за белодробни заболувања во скопско Козле, пишува СДК.МК. Ова се предвидува со новиот Детален урбанистички план Ј 04 Козле, кој ги поминал сите фази и наскоро ќе биде ставен на усвојување од Советот на Општина […]

Левица го блокираше Законот за просторно планирање


Пропадна oбидот за промена на Законот за урбанистичко планирање во скратена постапка. Најголем дел од партиите останаа на ставот дека без јавна дебата и вклученост на сите страни законот нема да дозволат да се менува. Од партијата Левица поднесоа 1.300 амандмани против измените на законот бидејќи се сомневаат дека целта е да се продолжи со […]

Бесими за Индексот за активна транспарентност: Потврда за заложбите за унапредување на фискалната транспарентност


Високото рангирање на Министерството за финансии помеѓу државните институции според Индексот за активна транспарентност за 2021 година, е потврда за нашите заложби за континуирано подобрување на фискалната транспарентност, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими на својата Фејсбук страна. Министерството за финансии е второ на листата од министерствата според активна транспарентност, а четврто од сите државни […]