Мис Универзум 2021: До победа со националниот костим (галерија)


САД- Вечерва во Семинол Хард Хотел на Флорида се избира мис Универзум 2021, најпрестижниот избор на убавина по Мис на свет, со историја долга 69 години. 39 учеснички освен со убавината, талентот и карактерот, ќе се натпреваруваат и со националниот костим кој оваа година се граничи со научна фантастика. Линк до галеријата на Инсајдер тука

Принцот Ендрју тивко или јавно тргнат како покровител на 50 организации


Англија– Војводата од Јорк е тивко или јавно отстранет како покровител на скоро 50 организации, откри Телеграф, и покрај неговата изразена намера еден ден да се врати во јавниот живот. Процентот на неговите добротворни организации и организации, за кои се сметаше дека е најмалку еден од четири, кои се решија да ги раскинат врските со […]

Дијана Имери Илкоска : Во музиката не постои машка или женска професија, единствено е важно дали ве бидува или не


Не постои машка или женска професија, не постојат поделби или граници, особено не во музиката. Доколку споредиме со филмската уметност, може да се каже дека диригентот е своевиден пандан на режисерот. И тука апсолутно нема врска дали носите здолниште или пантолони, дали сте жена или маж. Единствено е важно дали ве бидува или не. Ова […]

СДСМ на онлајн конгрес ќе бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор


Социјалдемократскиот сојуз денеска на онлајн конгрес треба да избере заменик-претседател на партијата, членови на Централниот одбор и членови на Надзорниот одбор. По конгресот следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, организациски секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство. Во моментов, заменик-претседател на Социјалдемократскиот сојуз е Радмила […]

Дојче веле: Кој е Хамас, од кого има поддршка и како се вооружува


Германија– Во минатото, многу германски медиуми го нарекуваа Хамас радикална исламистичка организација. Меѓутоа, неодамна, кога повторно се разгореа борбите меѓу Израел и Газа, медиумите го нарекоа Хамас исламистичка терористичка група, констатира Дојче веле. Повеќето западни влади, вклучително и Европската унија и САД, го класифицираат како терористичка организација. Норвешка и Швајцарија се значајни исклучоци. Двете страни […]

Што може израелскиот антиракетен систем „Железна купола“


„Железна купола“ – е името на израелскиот противракетен систем, кој последните денови се користи како никогаш порано. Што може да стори овој одбранбен систем? Како работи и колку чини? Од почетокот на новата ескалација на насилството меѓу Израелците и Палестинците, постои посебен интерес за видеа споделени на Интернет кои ја покажуваат ефикасноста на израелскиот ракетен […]

Локални избори во Хрватска


Хрватска– Во Хрватска денеска се одржуваат локални избори во општините, градовите и жупаниите. Право на глас имаат 3,66 милиони гласачи, а исходот со посебно внимание се очекува во четири големи градови – Загреб, Сплит, Риека и Осиек. Граѓаните ќе изберат 425 општински и 127 градски совети, 20 жупаниски собранија и Градското собрание на Загреб, општински […]

Стивнува епидемиолошката слика во земјава но не се почитуваат мерките за носење маски на лицето


Во земјава пристигнаа уште 100.000 вакцини од кинески „Синофарм“ донација од кинеската Армија. Надлежните се надеваат дека со оваа значителна количина на вакцини, може да се смени епидемиолошката слика во државава. Вакцинирањето, според надлежните, оди согласно предвидената динамика, според возраста и до крајот на следната недела се очекува да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари […]

Сончево и потопло


Времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево […]

Почина вечниот шармер Ѓорѓе Марјановиќ кој ја испеа незаборавната „Свиреж во осум“


Ѓорѓе Марјановиќ, легендарниот југословенски и српски пејач, почина вчера во текот на денот од последици на вирусот корона, пишува „Блиц“. Познатиот музичар беше приврзан за апарати за дишење и лекарите се бореа за неговиот живот претходните денови. Роден во Кучево на 30 октомври 1931 година, завршил средно училиште во Пожаревац, а потоа заминал да студира […]

Цената на среброто се зголеми над 70 отсто за една година


Цената на среброто, метал што често е под сенка на посјајниот „роднина“ златото, скокна повеќе од 70 отсто во изминатата година, а стратезите за производи велат дека растот веројатно ќе продолжи со повторното отворање на глобалната економија. Побарувачката за овој благороден метал нагло се зголеми во последните 12 месеци, што влијаеше врз цената на среброто […]

Масовен пропалестински протест во Брисел, се бараат санкции против Израел


И покрај постојаниот дожд овој викенд во Брисел, небото се отвори два часа за време на протестот на илјадници граѓани на европската престолнина во име на правата на Палестинците, јави дописничката на МИА од Брисел. Според полицијата над три илјади граѓани излегоа во центарот на Брисел попладнево да протестираат против нападите на израелските воени сили […]

Вардар по 14. пат го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија


Екипата на Вардар вечерва во Скопје го победи Еурофарм Пелистер со 26:24 во финалето на Купот на Македонија и по 14-ти пат го освои вредниот трофеј. „Црвено-црните“ до победата дојдоа со подобра игра во текот на целиот меч, иако битолчани со подобра игра во финишот успеаја да внесат неизвесност пред крајот. Пелистер Еурофарм во финалето […]

Италија: По примање на првата доза вакцина смртноста од Ковид-19 намалена за 95 отсто


Пет недели по примањето на првата доза на вакцина против Ковид-19, заразувањето со коронавирус е намалено за 80 проценти, приемот во болница е намален за 90 проценти, а смртните случаи се намалени за 95 проценти, покажува студија спроведена од научници од италијанскиот Национален институт за здравје на примерок од 13,7 милиони вакцинирани лица. Според агенцијата […]

Изгаснат пожар во куќа во Скопје, повредени двe лица


 Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на улицата „Индира Ганди“ настанал пожар во куќа сопственост на Н.В.(36), при што била опожарена една соба и влезот од куќата. Како што соопштија од МВР, во пожарот со повреди се здобиле Н.В. и К.Џ.(40) и биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им биле констатирани […]

Градоначалникот на Будимпешта сака да излезе на мегдан со Орбан во 2022


Градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Карачоњ, најави дека ќе учествува на опозициските избори на кои ќе се утврди заедничкиот кандидат, кој ќе му се спротивстави на премиерот Виктор Орбан на парламентарните избори закажани за април 2022 година. Карачоњ, либералот кој го победи кандидатот на Орбан во трката за градоначалник на Будимпешта во 2019 година, се смета […]

Ректорот на УКИМ бара вработените на Универзитетот да се вакцинираат пред испитните сесии


 Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски бара вработените од овој Универзитет да бидат што поскоро вакцинирани, но бара и одговор од надлежните по кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование.  -Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со најголем број студенти и вработени во високото образование и како […]

НУК му се налути на Филипче – бара рамноправно вакцинирање на сите угостители


Независната угостителска комора (НУК) попладнево преку соопштение реагира што не биле консултирани и викнати на состанокот на кој се разговарало за вакцинирање со стопанските комори. НУК бара рамноправно вакцинирање на сите угостители и угостителски работници, а не вакцинација на, како што се вели, привилегирани членки на овие комори. – Ги прашуваме јавно и транспаретно и […]

Како Израел го измами Хамас со објавата за копнен напад


Израелската војка не само што ги изманипулира милитантите на Хамас да влезат во рововите и тунелите и потоа да ги бомбардира со 160 авиони, туку и дописниците на големите странски медиуми   ЕРУСАЛИМ – Непосредно по полноќ во петокот, израелската војска изнесе застрашувачка изјава за медиумите: „Воздушните и копнените трупи на Израелските одбранбени сили (ИОС) […]

Времето утре сончево со умерена облачност и потопло


 Времето утре ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец, најавуваат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени. Во Скопје […]