Заев во Брисел го бара тоа што што ни е ветено


        Премиерот Зоран Заев вечерва е во  Брисел, каде на покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на Е,У Жозеп Борел ќе присуствува на заедничката работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан на која ќе се разговара за актуелни прашања за регионот во […]

Заев му посака среќа на Гарванлиев: Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него


-Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и “Here I stand”. Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. […]

Владата го вклучи алармот, ќе се прават контроли дали имало увоз на токсични нафтени деривати


Владата денеска на 71-та седница задолжи неколку институции да направат веднаш контроли и за 14 дена да и достават информации по информацијата објавена од Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина. Објавата на ИРЛ дека токсичните деривати […]

Анета Симеска Димоска именувана за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат


Владата денеска на седница на предлог на Комисија за именување ја именуваше Анета Симеска Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија. Од владината прес-служба информираат дека Анета Симеска Димоска е дипломиран инженер технолог и магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во […]

„Ми се смачи од недостиг на почит“: Сестрата која го лечеше Борис Џонсон си даде отказ


Медицинска сестра која се грижеше за Борис Џонсон кога тој беше сериозно болен од Ковид-19, рече дека таа дала отказ поради нејзиното разочарување од „недостатокот на почит“ што го покажа владата кон јавниот здравствен систем (НХС) и здравствените работници, јави „Гардијан“. Џени Мекги, која бдееше покрај креветот на премиерот два дена кога беше на интензивна […]

Три награди за краткиот филм „Змија“ на режисерот Андреј Волкашин на фестивал во Грција


Краткометражниот филм „Змија“ на режисерот Андреј Волкашин освои три награди на фестивалoт за краткометражни филмови „Short Encounters“ во Грција. Наградите се во категориите за најдобра режија, најдобро сценарио и за најдобра споредна женска улога.   -Краткометражниот филм „Змија“ го работевме во продукција на „ВД Филм“ со продуцентот Елена Станишева, филм кој на фестивалот за краткометражни […]

Министерството за култура треба да исплати околу 30 милиони денари за проекти за 2020 година


Владата го задолжи Министерството за култура да изврши исплата на вкупно  29.519.658  денари за проекти од областа на фолклорот, музичката и музичко-сценската дејност и интердисциплинарните проекти за 2020 година откако денеска на седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за утврдената фактичка состојба од извршениот преглед и контрола на проекти избрани на годишните конкурси за […]

Како до поефикасна државна помош за компаниите


Доделувањето државна помош на компаниите под лупа – ветар во грб или пари во ветар? Мирче Јовановски Државната помош која што им се дава на компаниите наскоро ќе биде подложена на мал ремонт и ќе се дополни со неколку мерки кои ги бараат стопанствениците, но и меѓународни институции. Меѓу другото, Владата ги прифати забелешките на […]

Пауновски: Лабораторијата никогаш не нѝ беше дадена и не е употребувана од нас бидејќи министерот за економија не дозволи


Откако министерот за економија Крешник Бектеши го обвини поранешниот директор на Пазарниот инспекторат дека имал мобилна лабораторија, но ја искористил само еднаш за проверка на квалитет, Стојко Пауновски вели дека таа не им била дадена никогаш. – Ги негирам изнесените невистини од страна на министерот за економија Крешник Бектеши дека иако сме имале акредитирана лабораторија, […]

Комбинација на АстраЗенека и Бионтек/Фајзер е многу ефикасна


Вакцинирањето со една доза АстраЗенека, a втора доза Бионтек/Фајзер е многу ефикасно, покажува нова студија од Шпанија Кога првата примена вакцина против коронавирус e АстраЗенека, а втората Бионтек/Фајзер, нивото на антитела се зголемува многу, покажува студија спроведена во Шпанија. Според ова истражување, лицата кои добиле комбинација од вакцините, односно прво биле вакциниран со АстраЗенека, а втората доза била […]

Собранието ја продолжи 41. седница на чиј дневен ред се интерпелациите на Маричиќ и Николовски


Собранието попладнево најпрво ја продолжи 39. седница на која едногласно ги донесе законите за изменување на Законот за енергетска ефикасност и за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој. Потоа, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата и информира дека Собранието продолжува со работа по 41. седница. За продолжението на 39. седница, рече Џафери, пратениците […]

Анѓушев демантира дека е поврзан со увоз или користење на токсични масла


Генералниот директор на „Брако“ Велес и поранешен вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, категорично демантира дека на каков било начин е одговорен или поврзан со увоз или користење на токсични масла. Од компанијата „Брако“ како тенденциозни и невистинити ги отфрлаат наводите за увоз на еколошки штетно мало изнесени во емисијата „Редакција – Заговор против воздухот“ […]

Пронајдено беживотно тело во сепарација во Гази Баба


Вчераутро, околу 7.20 часот во СВР Скопје, С.Д.(21) од Скопје пријавил дека околу 5.30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил заедно со А.Н. и Ф.Н., забележале безживотно тело во водите на сепарацијата. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги насилство, а телото било извадено и предадено на Судска медицина […]

Пријава за свршувачка во Куманово – недозволена во време на пандемија


СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.Б. и В.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Имено, четири дена пред Нова година, пред семејна куќа на пријавените била организирана семејна прослава по повод свршувачка на второпријавениот, а на која присуствувале околу 30 луѓе, со што […]

ФЗОРСМ: Комуникацијата е повторно воспоставена, матичните лекари можат да пропишуваат лекови


Фондот за здравствено осигурување информира дека е направена анализа и утврдено е дека почнувајќи од вчера, во доцните попладневни часови, до денеска во раните утрински часови, податочната комуникација која оди од „Мој термин“ кон ФЗОРСМ била прекината и со тоа била оневозможена валидацијата за пропишување рецепти и реализацијата на лекови. -Комуникацијата е повторно воспоставена и […]

Бектеши го обвини Пауновски дека кажал многу невистини за увозот на мазут


Министерство за економија во текот на денот ќе побара од надлежните институции да постапат и да ги проверат тврдењата за увоз на опасен мазут во земјава, но ние не сме надлежни да се мешаме во работата на инспекторатите, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Согласно последните законски измени инспекторатите во државата се подредени и […]

Нова уметничка изложба „Бегство“ во резиденцијата на ЕУ


Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ја отворија уметничката изложба „Бегство“ во ЕУ резиденцијата во Скопје. Изложбата е продолжение на претходната изложба „Уметноста на досадата“, која беше инспирирана од изолацијата што произлезе од мерките за КОВИД-19 во текот на изминатата година. „Бегство“ опфаќа дела […]

Одбележан Меѓународниот ден на музеите: Чувари и репрезенти на културата и традицијата


Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите го одбележа 18 мај – Меѓународниот ден на музеите востановен на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ), одржано во Москва во 1977 година. Во рамките на одбележувањето беа одржани презентации на темите „Музеи за еднаквост: разновидност и инклузивност“ и „Иднината на музеите – закрепнување и […]

Се бара супер анализа за македонското брашно што се увезува во Косово


Министерството за економија утринава побара увозникот од Косово, а и производителот од нашата страна, да побараат да се направи супер анализа на брашното што се увезува кај нашиот сосед од земјава, информира ресорниот министер Крешник Бектеши. -Утринава имав состанок со мелничарите и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на кој ни ги доставија сите […]

Пендаровски: Случајот со рускиот дипломат беше документиран


Претседателот Стево Пендаровски изјави дека случајот со протерувањето на рускиот дипломат од земјава бил документиран и оти не станува збор за импровизација. Нему, нагласи претседателот, му е даден рок од седум дена да ја напушти земјава. -Информиран сум од пред неколку дена, се разбира како и другите надлежни органи. Од она што го видов случајот […]