Заев му посака среќа на Гарванлиев: Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него


-Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и “Here I stand”. Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!-објави премиерот Заев вечерва на Фејсбук.

Шеснаесет земји ќе учествуваат во првото полуфинале покрај Македонија. Литванија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар, Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина и Малта, плус Германија, Италија и Холандија ќе гласаат во ова полуфинале.

Од техничката проба во Ротердам

Второто полуфинале ќе се одржи на 20 мај. Седумнаесет земји ќе учествуваат во второто полуфинале. Сан Марино, Естонија, Чешка, Грчка, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска, плус Франција, Шпанија и Велика Британија ќе гласаат во ова полуфинале.

Финалето ќе се одржи на 22 мај . Во финалето ќе учествуваат 26 земји, составени од земјата домаќин, Големата петорка и десетте најдобро рангирани учесници на секое од двете полуфиналиња. Сите триесет и девет земји учеснички на Еврсонг ќе гласаат во финалето.