Радован Караџиќ се жали на нездрави услови во британскиот затвор


Англија – Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој е осуден на доживотен затвор поради извршени воени злосторства, му се пожалил на своето семејство дека живее во нездрави услови во затворот во Велика Британија, каде што беше префрлен оваа недела, бидејќи таму има азбест, како и дека не му се почитуваат верските права. Ќерката на […]

Попогодни сме и од Португалија за производство на медицински канабис, вели Заев


Проценката за производството на медицински канабис во земјава само со актуелните 60 лиценци е преку 250 милиони евра што е 2,5 отсто од БДП. Верувам дека ќе имаме отрезнување од страна на опозицијата за деблокирање на законите во Парламентот. Во моментов бараме решение како да овозоможиме и извоз на цвет кој се употребува од индустријата […]

Во првиот квартал бројот на починати поголем за 35,8 отсто, бројот на родени намален за 7 отсто


Бројот на живородени деца во првото тримесечје од оваа година во споредба со истиот период лани бележи намалување од седум отсто, а во истиот квартал бројот на починати лица има зголемување од 35,8 отсто. Податоците на Државниот завод за статитстика регистрираат дека во овој период се починати 21 доенче. Според податоците на Државниот завод за […]

Грција дозволи нова фотосесија на „Диор“ на Акрополот во Атина 


Грција – Грчкиот централен археолошки совет одобри фотографирање на неколку големи археолошки споменици, вклучително и Акрополот – за француската луксузна модна куќа „Диор“. Советот едногласно ја потврди одлуката, изјави претставник на ресорното Министерство. „Нема да има модна ревија на Акропол“, соопштуваат властите. Фотосесијата ќе се одржи во Одеон на Херод Атикус, подножјето на Акропол, Агора, […]

Седница на Комисијата за ЈПП: Филипче ги информираше стопанските комори за процесот на вакцинација


Вакцинацијата на вработените во реалниот сектор, мерењето на надворешната трговија кога станува збор за производи и услуги на ИКТ индустријата, Законот за субвенционирање придонеси при исплата на повисока плата до 6.000 денари, Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, поддршката на преработувачите на пченицата и  намалувањето или укинувањето на парафискални давачки и реформите […]

„Танц фест 2021“ од 1 до 7 јуни под мотото „Украдени движења“


Под мотото „Украдени движења“, од 1 до 7 јуни 2021 ќе се одржува 17-тиот Фестивал за современ танц „Танц фест Скопје 2021“ на повеќе сцени во Скопје, а една од претставите и во Домот на културата во Тетово. Најавено е гостување на танчарот Жигон Крајнчан од Љубљана со претставата „Fusion With Myself“, Загрепскиот танцов ансамбл […]

Следниот „Оскар“ ќе се доделува во март, еден месец подоцна од предвиденото


САД– Организаторите на „Оскарот“ соопштија дека следното доделување на овие филмски награди ќе се случи кон крајот на март 2022 година, еден месец подоцна од предвиденото. Тие најавија и дека повторно ќе може да се натпреваруваат и филмови објавени на стрим-платформите. Во соопштението на американската Академија за филмски уметности и науки, се вели дека доделувањето […]

Документарниот филм „Кеиф“ со проекции во Скопје и Белград


Документарниот филм „Кеиф“ (Македонска чалгиска традиција) ќе има проекција во рамките на Филозофскиот филмски фестивал со почеток од 21.00 часот во летното кино на Кинотека, која што ќе биде пропратена со излагање на сценаристот на филмот,  проф. д-р Ристо Солунчев, на тема „Македонска музичка епистема“. Покрај тоа, филмот „Кеиф“, денеска ќе има проекција и во […]

Претставени новите дресови на македонската фудбалска репрезентација за Еуро 2020


 Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално ги претстави во јавноста новите дресови со кои националниот состав ќе настапи на претстојното Европско првенство. Германскиот производител на спортска опрема „Јако“, кој традиционално ги „облекува“ македонските фудбалери, изработи три комплети дресови, кои се во бордо, бело-жолта и црно-портокалова комбинација. На предната страна на дресовите, изработени од рециклирани материјали, е […]

Македонија на три фронта бара решение за преговорите со ЕУ


Македонската дипломатија работи на три фронта за да овозможи до јуни да се најде решение за спорот со Бугарија и да се отвори пат за одлуката на ЕУ за преговори за членство – со земјите членки на Унијата, со Португалија и билатерално со Софија. Според шефот на дипломатијата Бујар Османи решение може да се најде […]

Заев го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови даноци


 Испраќаме порака на стабилност, нови даноци нема да има. Можни се нови намалувања од последниот квартал на годинава. Мај ќе го завршиме со 200 милиони евра повеќе пари од Царина и од УЈП во спредба со првите пет месеци лани, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со ребалансот на Буџетот. […]

Радев: Бугарија сака што поскоро да ја види Северна Македонија на европскиот пат


Претседателот на Италија, Серџо Матарела е целосно солидарен со нашиот став за пристапување на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави шефот на бугарската држава Румен Радев по средбата во Рим со неговиот италијански колега. – Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу […]

Москва подготвена за нормализација со ЕУ


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија е подготвена за нормализација на односите со Европската унија, но врз основа на принципот на рамноправност. „Уште еднаш сакам да ја потврдиме подготвеноста за нормализација на односите со ЕУ, но само во случај на сите да им биде јасно дека разговорот ќе го водиме врз […]

За Заев мнозинскиот модел ќе биде уназадување на демократијата


Премиерот Зоран Заев се надева дека ќе биде постигнат консензус околу Изборниот законик. Тој изјави денеска дека делот околу препораките на ОБСЕ/ОДИХР е усогласен со претставниците на парламентарните партии и дека остануваат уште дебатите околу предлозите на власта, опозицијата и помалите партии. Според него, мнозинскиот модел што го бара опозицијата за владејачката партија е уназадување […]

Ако РКЕ ги прифати барањата на енергетските компании сметките за струја ќе се зголемат за 50 денари на секои 1.000 денари


Доколку Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги прифати барањата на МЕПСО, НЕМО и Електродистрибуција за зголемување на цените за пренос, организирање и управување на пазарот и за дистрибуција на електрична енергија, сметките за потрошена струја што ги плаќаат граѓаните би се зголемиле за 50 денари на секои 1.000 денари. Сепак колкаво ќе […]

Уште 50 новозаболени од Ковид-19 и 18 починати, во Скопје помалку од 1.000 активни


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.955 тестирања при што се регистрирани се 50 нови случаи на Ковид-19, како и 81 оздравени пациенти и 18 починати лица, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број новорегистрирани случаи на Ковид-19 од Скопје се 27, Куманово 5, Прилеп 4, Гостивар 3, […]

Донесле 39 Тајванци да вршат телефонски измами од Бардовци, им ги зеле пасошите и ги тепале


Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Национална единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и Одделот за криминалистичка полиција сузбија криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами и трудова експлоатација на државјани на Тајван, при што се приведени девет лица-државјани на Тајван. Криминалната група функционирала […]

Земјава да стане стартап хаб на Балканот, е пораката од првиот национален Стартап самит


Градење посилна старт-ап заедница, зајакнување на претприемачкиот дух во македонското општество и создавање на глобално успешни старт-апи се во фокусот на Првиот национален старт-ап самит под мотото „Заеднички влијаеме“, во организација на Старт-ап Македонија и Бизнис Импакт Лаб, поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската претприемачка програма (Swiss EP), кој се одржа […]

Германија призна дека направила геноцид во Намибија


Берлин се согласи на на Намибија да ѝ исплати 1,1 милијарди евра за злоделата што ги направи врз луѓето од племињата Хереро и Нама од 1904 до 1908 година   Германија за прв пат ги призна злосторствата во колонијалната ера против народот Хереро и Нама во денешна Намибија како геноцид и се согласи да плати […]

Намалени казни за царинските прекршоци со измените на Царинскиот законик


Со донесување на новиот Закон за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96/19) се наметна потреба од измени на прекршочните одредби на Царинскиот закон, кои се имплементирани во Законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон, кој е објавен во „Службен весник на РСМ бр.110/21 од 19 мај 2021 година. Измените, како што соопшти Царинската управа […]