Обложувалниците не гледаат иднина ако се усвои новиот закон за игри на среќа


  Асоцијацијата на спортски обложувалница доставила над 250 забелешки за новиот предлог закон за игри на среќа со кои се предвидува обложувалниците да бидат 500 метри оддалечени од образовните институции. Според нив апсурдно е ваков закон да биде предложен од Министерството за финансии бидејќи свесно ќе го затворат цел овој сектор а со тоа нема […]

Ако ГЕРБ не успее да формира влада ќе го поддржи Слави Трифонов, како и сите други


Владата на Борисов си даде оставка, парламентот денеска ја прифати, од понеделник почнуваат консултациите на претседателот Радев со партиите за избор на нов кабинет   (Од нашиот дописник)                                                        […]

Уште 2.698 нови случаи на зараза со Ковид-19 во Хрватска, починаа 44 лица


  Во последните 24 часа забележани се 2.698 нови случаи на зараза со Ковид-19, а активни се 16.053 случаи во Хрватска. Од нив 2.003 пациенти се лекуваат со болница, а 186 се на респиратор До денеска во Хрватска од Ковид-19 заболеа 303.598, починаа 6.486,а оздравеа 281.059. Досега се вакцинирани 519.375 луѓе.

Рот: Цртањето нови граници на Балканот е опасно


Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот денеска на Твитер напиша дека цртањето нови граници на Балканот е опасно. „Регионално помирување и соработка се клучни за мирот, демократијата и просперитетот. Цртањето нови граници е опасен пат“, напишта Рот. Со пораката тој го поддржа официјалниот став на Европска Унија за Западен Балкан дека треба да се […]

Трајанов бара да се стави крај на бесконечните амандмански расправи


Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, достави иницијатива до претседателот на Собранието Талат Џафери, во која предлага како да се подобри  работата на Собранието во услови на пандемија. Според него, работата на Парламентот станува се посложена и потешка, при што пратениците и натаму се изложени на огромен ризик од инфекција. Досега над 30 пратеници биле заразени […]

Муцунски: Собранието не треба да биде вакво


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски го впери прстот во СДСМ  и ДУИ како одговорни што вчера во Собранието не беа усвоени новите економски мерки што очајно ги чекаат загрозените вработени и фирми. Тој виде срам во целата ситуација, но не и во неговата партија која, и покрај најавите за конструктивност, продолжува да ја блокира работата […]

Без петтиот пакет мерки, на принуден одмор ќе бидат пуштени тројно повеќе текстилни работници, предупредува синдикатот


Ако петтиот пакет мерки не се донесе до крајот на неделава, тројно повеќе текстилни работници ќе бидат пуштени на принуден одмор, предупредува Синдикатот за текстил, кожа и чевли (СТКЧ) при Сојузот на синдикатите на Македонија. Оттаму велат дека пратениците си играат со судбината на илјадници работници кои чекаат плата за февруари и март. – Нечовечки […]

Богдановиќ предупредува: Ако падне незаконскиот ДУП казна ќе плати Центар


На седницата на Советот на Општина Центар, одржана денес, градоначалникот Саша Богдановиќ ги информираше советниците за постапувањето по недоследностите на новиот Закон за урбанистичко планирање и делот за суспензија на плановите. На 28 декември 2020, Општина Центар се обрати до Министерството за транспорт и врски со барање одговори за воочени недостатоци во членот 23 од […]

Турција ја забрани употребата на криптовалути


Турската централна банка ја забрани употребата на криптовалути, како што е биткоинот, за плаќање на стоки и услуги, објавено е денеска во Службениот весник на земјата. Се повеќе Турци користат криптовалути за да ги заштитат своите заштеди од зголемената инфлација и падот на турската валута. Централната банка го објасни таквиот потег, оценувајќи дека трансакцијата со […]

Вакцините на „Фајзер“ стигаат во понеделник


  Во понеделник ќе стигнат вакцините на „Фајзер“ за Македонија. Тие ќе стигнат со авион до Софија и понатаму со специјален транспорт ладен ланец во попладневните часови ќе стигнат во Скопје, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Според него, вакцини се уште има и досега се имунизирале околу 35.000 граѓани. Во вторник Филипче ќе оди […]

За стопанството обезбедени 44,1 милион евра преку трите бескаматни кредити на Развојната банка


Преку трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка, обезбедени се ликвидни средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, пришто се поддржани над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица, информираат од кабинетот на вицепремерот за економски прашања. Оттаму додаваат дека  оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја […]

Ново Лисиче добива лавиринт од садници


Паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче ќе добие лавиринт од 1.200 нови садници. Садниците ќе бидат засадени на тој начин што жителите ќе можат да се движат по патеки меѓу нив и со тоа да ги спојат уживањето и рекреацијата во убаво уредениот парк.  „Ваквиот тип лавиринти се особено интересни за дечињата и многу ме радува […]

Третина од производството на вино во Франција ќе биде изгубено поради „ледениот бран“


Најмалку третина од производството на вино во Франција, вредно речиси две милијарди евра, ќе биде загубено оваа година, бидејќи невообичаено ниските температури уништија голем дел од лозјата и другите овошни култури низ Франција, предизвикувајќи уште поголема загриженост за климатската криза. „Ова е веројатно најголемата земјоделска катастрофа од почетокот на 21 век“, рече францускиот министер за […]

Каде купуваат најмногу онлајн Македонците?


 Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2020 година. Во текот на 2020 година Македонците реализирале вкупно 7,3 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 229,6 милиони евра, […]

Форумот на добри компании: Доаѓа време на вработувања врз основа на вредности, а не на CV


Во иднина, вработувањата најмногу ќе се темелат на вредностите на човекот, на неговите вештини, карактер и личност, наместо на параметрите кои ги наведувам во кусите биографии. Ова, ќе придонесе и во поглед на инклузијата, односно ќе го унапреди регрутирањето на ранливите лица на пазарот на трудот. Ова е еден од заклучоците донесени на првиот ден […]

Костадинова за тензиите во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ остана насилничка партија


Марија Костадинова, пратеничка  на СДСМ, ја обвини денес ВМРО-ДПМНЕ дека  не може да ја напушти режимската, насилничка матрица. -Вчера во Собранието сведочевме на насилство, на физичко и вербално вознемирување врз колешка на нејзиното работно место. Пред целата јавност, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски безобразно го повреди интимниот простор на пратеничката Даниела Марковска. Мицевски се дрзна […]

Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка со најповолни услови доби нов промотивен период


Промотивниот период за отплата до 120 месеци продолжува до 15.06.2021 година, со што граѓаните добија дополнителна можност да ги искористат сите поволности на овој кредит и да го купат тоа што веќе го посакале и испланирале. Ненаменскиот потрошувачки кредит на Комерцијална банка е креиран за да ги задоволи потребите на граѓаните како што ним најмногу […]

Туристичките агенции со загуби над 80 проценти, ќе се приклучат на протестот на угостителите


 Туристичките агенции имаат пад на прометот од 80 до 100 проценти, интересот за патување е сведен на минимум, а реализацијата на направените аранжмани е неизвесна поради секојдневното менување на одлуките во државите поради пандемијата. Доставиле три барања до Владата и најавуваат дека во вторник ќе се приклучат на протестот на угостителите. – Интересот за патување […]

Стопанската комора бара итно да се усви петтиот пакет мерки


 Стопанската комора на Северна Македонија бара пратениците итно да ги изгласаат законите поврзани со петтиот пакет мерки, кои ги очекуваат нејзините членки како поддршка во услови на пандемија. -Сведоци сме дека во Парламентот т.н. петти пакет економски мерки, доставен од Владата на Република Северна Македонија, многу долго чека да биде изгласан. Во ситуација кога македонската […]

Нема веќе бесплатно тестирање за антитела во државниот институт


Испитувањето на присуство на антитела на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје нема веќе да се прави бесплатно. Од вчера за оваа услуга граѓаните ќе плаќаат приватно по 736 денари, соопшти Институтот. „Согласно дописот од Фондот за здравствено осигурување почнувајќи од 15 април 2021 година на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во […]