Дијамантски венчален прстен продаден за милион долари


Австралија – Прстен со дијамант од 25 карати, беше продаден на аукција во Сиднеј, Австралија, за рекордни 1,25 милиони австралиски долари. Имено, најголемиот дијамант пронајден во Австралија стана и најскапиот драгоцен камен досега продаден во земјата. Квадратниот дијамант бил исечен од груб дијамант тежок 47.961 карати. Според раководителот на одделот за накит на аукциската куќа „Леонард […]

Во Теново пуштена во употреба фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата


Втората фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата, која  е дел од триделниот фотоволтаичен парк со 2,2 мегавати, денеска беше пуштена во употреба во селото Теново во Општина Брвеница. Таа е една од вкупно 27-те централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште […]

Ковачевски: Помина и Законот за финансиска поддршка чие носење го чекаа 24.000 граѓани 


Буџетот е ликвиден и сите обврски во државата како и кон надворешните кредитори се исплаќаат навремено. Пензиите за месецов со одлука на Влада ќе се исплаќаат од 26 април, исплатата по однос на мерките се одвива навремено, капиталните расходи се реализираат согласно предвидената динамика, приходите во Буџетот се подобри од минатата година, а невработеноста се […]

Гевгелиска компанија ќе произведува еко плочки од отпадна пластика


Здружението ,,Еко Лајф“ од Гевгелија стана дел од проектот за намалување на отпадна пластика на територијата на општина Гевгелија откако потпиша договор за производство на еко плочки за надворешно уредување. Проектот за производтво на еко плочки од отпадна ПЕТ пластика во наредните 14 месеци ќе биде финансиран од Глобалниот еколошки фонд,а ќе се спроведе во […]

Се подготвува национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот


Националната стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот што се подготвува треба да го трасира патот за забрзување на дигитализацијата и примена на најновите технолошки достигнувања во финансиите. Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и претставници на Асоцијацијата на финансиските друштва денеска на средба во рамки на активностите за подготовка на стратегијата разговарале за новите […]

Засадени 12.500 садници за Денот на планетата


По повод Денот на планетата Земја, 22 април и во рамки на програмата „Добра земјоделска пракса“, денеска во Крушево беа засадени 12.500 садници. Министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој учестуваше во акцијата, порача дека се потребни  итни мерки за незаконската сеча на шумите. – Денот на планетата Земја е важен за сите нас, зашто […]

Промовирана национална платформа за електронски упис на првачиња


Првоодделенците за претстојната учебна 2021/2022 година првпат ќе може да се запишат и електронски. Уписот е во мај како и во минатите години, но годинава родителите не е потребно да доаѓаат во училиштата, туку документите за своите деца ќе ги поднесат онлајн преку националната платформа за електронски упис на првачиња. Министерството за образование и наука […]

Германија и Франција разгледуваат тужба на ЕУ против „Астра Зенека“


  Германија и Франција денеска побараа повеќе време да разгледаат дали ЕУ ќе ја тужи Астра Зенека за намалување на испораките на договорени вакцини, јавија германски медиуми, повикувајќи се на изјави на двајца дипломати. Тие тврдат дека повеќето членки на ЕУ ги поддржуваат правните постапки. Дипломатите, кои одбија да бидат именувани, рекоа дека дискусијата за тужбата […]

Почина академик Богомил Ѓузел, луциден интелектуалец и преведувач


Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека денеска во 82 година од животот, почина академик Богомил Ѓузел, редовен член на МАНУ. По повод смртта на академик Ѓузел, МАНУ ќе одржи Комеморативна седница преку видеоконференциска врска со употреба на интернет-комуникација, за што јавноста дополнително ќе биде информирана. Академик Богомил Ѓузел, поет, […]

Париз: Путин ќе биде одговорен ако умре Навални


Францускиот министер за надворешни работи и порача на Русија дека ЕУ ќе ги смета за одговорни рускиот претседател Владимир Путин и руските власти доколку критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, кој штрајкува со глад, умре и притоа тој се закани со нови санкции. „Овој немилосрден напад врз Навални е неподнослив“, рече министерот Жан Ив Ле Дријан […]

Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје


– Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. Обвинителите Фетаи и Рустеми се од поранешното Специјално јавно обвинителство, Пановски доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Рајчев и Бундалевска-Георгиевска […]

Македонските и бугарските историчари денес ќе го „делат“ Гоце Делчев


 Учебниците за седмо одделение, како и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се темите за кои разговараат историчарите денеска на 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува онлајн. Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за […]

Градежна комора: Недозволиво е поради еден изолиран случај да се суспендираат ДУП-овите во Општина Центар


Суспензија на дел од деталните урбанистички планови во Општина Центар би предизвикала тежок економски удар врз градежниот сектор, преку механизми кои се целосно правно неиздржани и директно ќе му наштетат на градежниот сектор и граѓаните, реагира Градежната комора. Ваквото постапување, според Комората, ја ограничува слободата на пазарот и претприемаштвото и директно ги загрозува уставно загарантираните […]

Интерпелацијата на Спасовски на дневен ред, но не се знае кога


– Интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која е на дневен ред на денешната 39. седница, ќе се одржи откако, како што најави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе го усогласи терминот со поднесувачите на барањето, пратениците од Алијансата за Албанците и Алтернатива, и со министерот Спасовски. Џафери, кој беше гостин на […]

Нов предизвик на ФИТР: „Стартап херои”- Од супер идеја до супер маркет 


Можност за малите стартап претпријатија за комерцијален пласман на нивниот производ  За прв пат во земјата, Фондот за иновации и технолошки развој започнува еден поинаков предизвик, насловен како „Стартап херои“ , прв проект кој се спроведува во рамките на Програмата за корпоративна иновативност. Предизвикот се реализира во соработка со Тинекс а поддржан е од Програмата […]

(Во живо) Прес на Заев, Бектеши и нуредини


Премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини присуствуваат на официјалното пуштање во употреба на фотонапонска централа во селото Теново, општина Брвеница. Проследете ја во живо:  

Роверот на Марс направи кислород по првпат


Роверот „Упорност“ на НАСА, на Марс зеде јаглерод-диоксид од атмосферата на Марс и го претвори во кислород. Ова е прва ваква трансформација направена на друга планета, објави американската Воздушно-вселенска агенција. – Ова е клучен прв чекор кон претворање на јаглерод-диоксид во кислород на Марс, рече вчера Џим Ројтерс, еден од помошниците директори на НАСА. Експериментот […]

Благо зголемување на бројот новозаразени во Белгија


 И покрај период на стабилизација во Белгија откако беа донесени нови рестриктивни мерки на крајот на март, земјата повторно бележи мало зголемување на бројот на новозаразени, јави дописничката на МИА од Брисел. Нејасно во овој момент дали растот на бројката на новозаразени се должи само на тоа што се ефектуираат повеќе тестови, или дали за […]

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, нема внатрешно ширење на вирусот меѓу децата


 Состојбата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот во градинките е стабилна. Според податоците со кои располагаме, се покажа дека со почитување на мерките и протоколите се спречува внатрешно ширење на вирусот. Минатиот петок се забележани 34 нови позитивни вработени и само осум позитивни деца, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.  Тврдењето […]

Осомничениот за криумчарење мигранти, кој избега утрово е фатен


Приведено лицето кое утринава и избега на полицијата, додека беше спроведувано до Кривичниот суд за одржување на судски процес, информираат од Министерството за правда за ТВ21. Станува збор за лице осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Основниот Кривичен суд Скопје во однос на одредени медиумски натписи дека „Осомничено […]