Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција


Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на денешната седница за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ. На конкурсот за избор на пет обвинители во ова Обвинителство беа пријавени 14 кандидати, […]

Царовска на состанок со ЗЕЛС и градоначалници: се интензивираат подготовките за спроведување на образовните реформи во новата учебна година


На онлајн состанок на министерката за образование и наука Мила Царовска со ЗЕЛС и градоначалниците се разговараше за тековните подготовки на локалните самоуправи и училиштата со цел успешен почеток и имплементација на сите реформи во образованието кои започнуваат во новата учебна година и треба да обезбедат поквалитетен воспитно – образовен процес и за основците и […]

Пласманот и ниските откупни цени се уште проблем број еден за фармерите


Пласманот и ниските откупни цени се уште се проблем број еден, проблеми предизвикуваат и климатските промени кои го отежнуваат производството на храна, во некои региони се уште не е решено водоснабдувањето, продолжува и неуморната борба со големите откупувачки центри во повеќето земјоделски гранки, се пожалија денес на Генералното собрание на Националната федерација на фармери (НФФ) […]

Белгиските епидемиолози под полициска заштита, им се закануваат со убиство


Од почетокот на пандемијата епидемиолозите кои членуваат во кризниот штаб за Ковид-19 се соочуваат со редовни закани по нивниот живот, јави дописничката на МИА од Брисел. Епидемиологот Марк Ван Ранст сведочеше вчеравечер пред специјалната комисија на белгискиот Парламент и предупреди дека притисокот станува неподнослив за него и неговите колеги. -Се наоѓам под полициска заштита, нема […]

Поддршка од Рига за преговорите на Македонија со ЕУ


  Вицепремиерот за за европски прашања Никола Димитров утрово во Рига ја почна балтичката турнеја со средби во Парламентот на Летонија. На состанокот со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Парламентот, Рихардс Колс и претседателката на Комитетот за европски прашања, Анда Вита Терауда, беше реафирмирана и поддршката од страна на летонските пратеници Северна Македонија […]

Жителите на Ново Маало правно ќе се борат за реализација на проектот кај „Холидеј ин“


Жителите на скопско Ново Маало од почетокот го поддржуваат проектот за урбанизација на делот кај „Холидеј ин“. Тие сметаат дека овој проект ќе им овозоможи современи услови за живеење и дека иако јавноста се противи, тие кои се директно засегнати од градењето на таа парцела се сосема за реализација на проектот. Спротивно на другите петиции, […]

Самитот на НАТО ќе се одржи во Брисел на 14 јуни


Генералниот секретар на НАТО соопшти дека самитот на лидерите на земјите членки на НАТО ќе се одржи на 14 јуни во Брисел. -Агресивното делување на Русија, терористичката закана, сајбер нападите, последиците од климатските промени врз безбедноста и растот на моќта на Кина, рече Јенс Столтенберг, се главните теми на кои ќе се разговара. Ова ќе […]

НУК пресмета колку пари ќе добијат угостителите од шестиот пакет мерки


Со новиот пристап за надомест на штетите и загубите како резултат на носењето рестриктивни мерки со кои се забранува или ограничува работењето на угостителските објекти, Владата конечно ги прифати нашите континуирани сугестии и препораки и донесе посебен шести антикризен пакет наменет за угостителската индустрија кој полека се приближува до реалните и неопходните мерки неопходни за […]

Бектеши: Финансиската поддршка од шестиот пакет ќе добијат најпогодените дејности


Финансиската поддршка од шестиот пакет економски мерки е реална и предвидува поддршка за оние дејности кои со одлука на Владата се затворени, односно се најпогодени од пандемијата. Овие мерки се континуитет на претходните, а најголем дел од поддршката е наменета за туристичко угостителскиот сектор, порача министерот за економија Крешник Бектеши. Министерот, во гостувањето во емисијата […]

Индија го собори рекордот според бројот на инфицирани во еден ден -314.835 случаи


Индија денеска со регистрирани 314.835 случаи на инфицирани со коронаворус во еден ден го забележа најцрниот рекорд не само во оваа  најнаселена земја во светот, туку и на целата планета од почетокот на пандемијата, јавуваат британските медиуми. Досега најголемиот број на заразени во еден ден беше регистриран во САД – 297.430 случаи, иако сајтот „worldometers.info“ […]

Москва доби рок до пладне да ја повлече одлуката за протерување на чешките дипломати


Чешка може да протера околу 60 членови на руската Амбасада во Прага доколку Русија до пладне не ја повлече одлуката за протерување на чешките дипломати од Москва. -Станува збор за околу 60 лица. Целта е овој број руски персонал да одговара на бројот на вработени што сега се наоѓаат во нашата амбасада во Москва, изјави […]

Конгресмените усвоија закон со кој спречуваат нова „забрана за муслиманите“ во САД


Американскиот Претставнички дом усвои закон со кој ќе се ограничи можноста американските претседатели во иднина да воведуваат забрана за патувања темелени на религија, што членовите на организациите за човекови права го нарекоа „голем чекор напред“. Законот, неформално наречен „No Ban act“, е одговор на контроверзната „забрана за муслиманите“, изречена од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, […]

ГАК: Годинава направени 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста


Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство соопшти дека годинава направени се 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста, а во 2020 година се направени 34 медикаментозни абортуси во прв триместар на бременост и осум медикаментозни абортуси од 12 до 22 гестациска недела. Медикаментозен абортус може да се […]

Најстудено во Берово, за попладне се најавува дожд


Времето е ведро и претежно тивко, а утринава се зголемува облачноста од југозапад. Најниска температура од – 3 степени е измерена во Берово и Лазарополе, нула во Крива Паланка и Попова Шапка, еден во Скопје-Петровец, Битола, Охрид, Крушево и Маврови Анови, два во Прилеп, Тетово, Струмица, Дебар и Претор, три во Куманово и Демир Капија, […]

Брисел не знае дали да го признае или да го осуди нон-пејперот за Балканот


Поцврст став од Брисел  забележително недостасуваше минатата недела  против контроверзниот документ со кој се предлага промена на границите на Западен Балкан,  за да се смири нараснатата вознемиреност во регионот, пишува денес „Еурактив“. Сепак, според медиумот, регионалните и меѓународните актери со кои контактирале цврсто ги отфрлиле идеите од фантомскиот нон-пејпер. Словенечкиот премиер Јанез Јанша негира дека […]

Политико: Европската комисија подготвува тужба против „АстраЗенека“


 Европската комисија се подготвува да поднесе тужба против „АстраЗенека“, соопшти „Политико“, цитирајќи пет неименувани дипломати на Европската унија. На вчерашниот амбасадорски состанок повеќето земји-членки на ЕУ изјавиле дека ќе ја поддржат тужбата против компанијата во врска со поплаките дека не ги испорача  договорените дози од вакцината против коронавирусот до Европската унија. Судската постапка има за […]

Вакцинирани корисници во старечки дом во САД масовно се заразија со нов сој


  Во еден стаечки дом во САД, неговите корисници кои биле вакцинирани, во март сепак се заразиле со корона вирус, откако невакциниран член на персоналот во домот внесол нов сој вирус, покажа американска студија објавена вчера. Вирусот се проширил во таа институција во Кентаки и заразил 44 лица, од кои 24 корисници и 20 негуватели. […]

Ден на Земјата 2021: Промената започнува од тебе!


Секоја година во април милиони луѓе ширум светот го одбележуваат Денот на Земјата. Оваа година темата е реставрација на планетата, а главниот фокус е ставен на обнова, преродба и почнување нов циклус. Денот на Земјата е традиционален годишен настан кој се одбележува на 22 април, а чија цел е да ги истакне и да им […]

Експлодира ракета во близина на нуклеарен реактор во Израел


  Утрово, покрај нуклеарен реактор на југот на Израел експлодира сириска ракета земја-воздух, објавија израелските воени извори. Поради инцидентот се огласија сирените за тревога во подрачјето околу  реакторот „Димоне“, јави Ројтерс. Засега нема извештаи за штети или повредени лица. Израелците веднаш вратија Израелската војска објави дека вратила со напад на ракетна инсталација во Сирија, вклучително […]

Исчезнатата индонезиска подморница се верува дека е на 600-700 метри длабочина


Индонезиска воена подморница, што вчера исчезна кај островот Бали, со екипаж од 53 војници, се верува дека се наоѓа на 700 метри под вода, соопшти денеска морнарицата, пренесе ДПА. Подморницата од германското производство „KRI Nanggala-402“ вчера во раните утрински часови го изгуби контактот со командата на околу 95 километри северно од Бали, за време на […]