Гигантската статуа на императорот Константин обединета со загубениот прст


Огромната статуа на раката на Константин Велики во Рим е обединета со прстот што недостасува повеќе од 500 години. Бронзениот показалец долг 38 сантиметри, пронајден во Лувр во Париз во 2018 година, беше предаден на статуата во Римските музеи во Капитолин во средата. Прстот беше „совршено“ вратен на своето вистинско место „користејќи неинвазивен, реверзибилен и […]

Филипче: Граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk, тоа е најсоодветниот и најбрз начин


Граѓаните треба да се пријават на сајтот vakcinacija.mk и оттука се генерираат приоритетите. Ќе добијат или СМС порака или меил или двете во форма на известување и согласно тоа ќе бидат закажани во соодветен пункт во соодветно време, изјави министерот за здравство Венко Филипче, откако денеска пристигнаа  200.000 вакцини „Синофарм“ со кои од по празниците треба да […]

Донација за ковид пациентите и персоналот на клиниките за инфективни болести и за неврологија


Компанијата „Макстил“ за ЈЗУ Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби донираше ленти за мерење шеќер во крвта за пациентите погодени од Ковид-19, а на ЈЗУ Клиниката за неврологија заштитни медицински униформи за здравствениот персонал. Од компанијата соопштија дека донацијата соодветствува на потребите на клиниките, кои се зголемуваат од ден на ден како за […]

Се чистеше околу православните храмови


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе активности за одржување на хигиената на поголемите православни верски храмови во сите скопски општини. Со помош на три автоцистерни, екипите на Претпријатието извршија рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, […]

Подготвителен период за аплицирање за финансиска поддршка преку мерката седум од ИПАРД 2


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделствоото и руралниот развој, ги информира сите земјоделци, занаетчии, мали фарми и фирми дека од денеска почнува да тече подготвителниот рок за прибирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање и добивање на финансиска поддршка преку мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од  ИПАРД  […]

Ќе се реконструираат пристапните улици за болницата „8 Септември“


Одлуката за давање донација на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември” – Скопје е една од главните точки за која се расправаше на седница на Советот на Град Скопје. Со оваа одлука се предлага Градот Скопје да даде донација што се состои во реконструкција на влезот и пристапните улици во ургентниот центар на болницата, на […]

Кина и Унгарија се договорија за воздушен „Пат на свилата“


Аеродромот во Будимпешта, кинеската аеродромска група Хенан (оператор на меѓународниот аеродром Женгжу) и кинеско-унгарската компанија за развој на бизнис и логистика ЦЕЦЗ / Утлинк потпишаа договор за соработка насочена кон воспоставување на Патот на свилата меѓу Унгарија и Кина и создавање на посебни логистички центри на двата аеродрома за управување со карго сообраќајот. Новопотпишаниот договор […]

Пребрзо возеле 44, а 11 дури без возачка дозвола


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 13 […]

Продолжуваат археолошките истражувања на Скупи, едно од највредните наоѓалишта кај нас


Од 5 мај започнуваат активностите поврзани со тековно одржување и систематски археолошки истажувања на две локации од локалитетот Скупи, едно од најголемите и највредни археолошки наоѓалишта од римско и доцноантичкото време кај нас. Исто така, ќе почне и непосредната заштита/ конзервацијата на дел од движните археолошки наоди од Скупи. Овие проекти се предвидени во Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес од […]

На 102 години почина Ен Даглас, вдовицата на Кирк Даглас


САД– Почина Ен Даглас, сопругата на Кирк Даглас и продуцент позната по својата филантропска работа. Таа имаше 102 години. Семејството Даглас објави дека таа мирно починала во нејзиниот дом во Беверли Хилс вчера попладне. Нејзината смрт се случи околу една година по смртта на нејзиниот сопруг, кој почина во февруари 2020 година. Двојката беше во […]

Трагедија во Израел: Најмалку 44 лица загинаа во стампедо на верски фестивал, меѓу нив и деца


Најмалку 44 лица загинаа, а над 100 се повредени, од кои многумина се во критична состојба во петокот во човечко стампедо на религиозен фестивал на ултраортодоксни Евреи во северен Израел, јавија израелските медицински служби, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече несреќата голема катастрофа. Трагедијата се случила кога групи ултраортодоксни Евреи во голем број поминале низ […]

Што можат да донесат новите избори во Бугарија?


Откако партијата „Има таков народ“ го врати мандатот за формирање влада, земјата се подготвува за нови избори. Националното собрание ги заврши изборните закони и политичките партии се позиционираат за претстојната кампања во Бугарија. Многу се дискутира дали потегот на Слави Трифонов со шаховската кралица Антоанета Стефанова беше грешка или не. Од една страна, влада на […]

Словачка ги откри договорот и цената за „Спутник V“


Договорот за набавка на руски вакцини „Спутник V“, што предизвика политички скандал и смена на словачкиот премиер, под притисок на јавноста беше објавен од страна на Министерството за здравство. Властите ветија дека ќе го објават тоа јавно, дури и ако Русија се спротивстави на тоа. Креаторите на вакцината изјавија дека не им пречи, но предложија […]

Во Франција регистрирана индиската мутација на коронавирусот


Франција– Во Франција се откриени првите случаи на коронавирусот Б.1.617, мутација која е доминантна во Индија, соошти доцна синоќа француското Министерство за здравство. Првиот случај е пријавен кај жена која патувала во Индија и живее во југозападна Франција,. Други две лица од југоисточна Франција се заразени со мутиран вид на коронавирус, а Министерството соопшти дека […]

Ковачев: Ниту еден бугарски политичар нема да ви потпише бел чек за историските лаги


„Се чини дека некои луѓе продолжуваат да живеат во свет со паралелна реалност или се преправаат дека се погодени. Според претседателот на Македонија, Пендаровски, најголемиот проблем беше што Скопје денес нема со кого да преговара во Бугарија за да се најде компромисно решение пред јуни“, се огласи на социјалните мрежи, бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев. Тој […]

Во Прага протести против Земан


Чешка– Околу 10.000 Чеси вчера се собраа во Прага во знак на протест против чешкиот претседател Милош Земан, барајќи Сенатот, Горниот дом на чешкиот парламент, да го обвини за предавство. Според демонстрантите, Земан со последните коментари застанал на страната на Русија во врска со наводната вмешаност на шпиони од земјата во експлозија во складиште за муниција во […]

Пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје


Двесте илјади вакцини „Синофарм“ пристигнаа изутринава во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Пратката со вакцини ја пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. Вакцините се купени во директни преговори со производителот. Со нивно распоредување во регионалните вакцинални пунктови во шест града низ државава по празниците треба да стартува […]

Дипломатија на Балканот: Што е нон-пејпер и колку е важен


Документ кој нема наслов, датум, потпис или обврска за негово спроведување, а може сериозно да влијае на меѓународните односи, иако самото име вели дека не е хартија. Нон-пејпер е форма на дипломатска комуникација која стана многу важна затоа што може да иницира тешки проблеми без да му наштети на оној што ги иницира. – Неформалноста […]

Уапсени пет лица за киднапирањето на кучињата на Леди Гага


САД- Полицискиот оддел во Лос Анџелес уапси пет лица во врска со пукањето на шетачот на кучиња на Лејди Гага и последователната кражба на нејзините миленици. Едно од приведените лица е и жената која на крајот ги врати двата француски булдога во надеж дека ќе собере награда од 500 000 американски долари. „Ова беше дрско […]

Tетовско Теарце пример за соживот и подобрување на животот на село


Тетовско Теарце е место каде живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби и Роми, па таков повеќенационален е и составот на месната заедница која преку заедништво, соработка и помагање се обидува да ги подобри условите за живеење во ова место, а воедно и да ја унапредат меѓуетничката толеранција и соживотот. Сегашниот состав на месната заедница која функционира […]