Се тепале затвореници во КПУ „Идризово“


Во СВР Скопје, вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“, по претходна расправија, затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје, соопштија од МВР. Повредениот, инфомираат од МВР, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување […]

Вархеји во вторник во посета на Скопје по повод испораката на вакцини финансирани од ЕУ


 Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји в понеделник со посета на Србија ја започнува турнејата низ земјите од Западен Балкан, со чии официјални претставници ќе разговара за одговорот на пандемијата и за поддршката на ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград. Како што информира Европската комисија, во вторник Вархеји ќе ги посети Северна Македонија, Босна […]

(Фото+видео) Пожар во близина на „Аурора“ во Берово, гостите евакуирани


Пожар избува попладнево во шумата во близина на хотелскиот комплекс „Аурора“ во Берово. Гостите во хотелот се евакуирани. Во околината на комплексот се гледа бел чад, како и дел од госите и вработените кои се надвор од објектите, видно вознемирени и исплашени. Пожарот е локализиран и речиси изгаснат, сведочат дел од гостите во „Аурора“. Пожарникарите […]

Награди „Билборд 2021“: Д Викенд води со 16 номинации


САД– Поп-ѕвездата Д Викенд немаше среќа со Греми, но тој е водечки номиниран на музичките награди Билборд во 2021 година, каде што раперите Поп Смок и Juус ВРЛД заработија повеќе постхумни номинации, вклучително и најдобар изведувач, а омаловажениот кантри пејач Морган Вален доби шест номинации. Д Викенд го следат Поп Смок кој почина лани на […]

Фајзер/БиоНТек поднесоа барање до ЕМА за одобрување на нивната вакцина за деца од 12 до 15 години


Фајзер и БиоНТек потврдија денеска дека Европската агенција за лекови (ЕМА) понделе барање за проширување на примената на нивната вакцина против коронавирусот кај деца на возраст од 12 до 15 години. Компаниите, претходно овој месец, поднесоа слично барање до регулаторното здравствено тело во САД за својата вакцина, која е веќе одобрена за употреба кај луѓето […]

Њујоршката полиција се откажа од роботскиот пес


  Њујоршката полиција се откажа од експерименталната употреба на роботскиот пес кој го произведе компанијата „Бостон динамикс“. Причината за тоа се критиките кои следеа кога полицијата го презеде песот. „ДОговорот е поништен и роботскиот пес ќе биде вратен. Тој е жртва на политиката, неинформираноста и евтините загризи. Луѓето најдоа начин да го направат зол“, изјави […]

Квалификации за Светски куп: Македонските фудбалерки во група со Англија, Австрија, С. Ирска, Летонија и Луксембург


Македонската женска фудбалска репрезентација ќе игра во групата „Д“ со селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург во квалификациите за Светскиот куп 2023. Во овие квалификации ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи со по шест тимови и три групи со пет селекции. Натпреварите ќе се играат од септември 2021 година […]

Италија ја достигна целта од половина милион вакцини на ден


Италија ја достигна целта поставена од Владата во Рим во настојувањата да ја интензивира кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што може да администрира половина милион вакцини на ден до крајот на овој месец, соопшти министерот за здравство Роберто Сперанза. – Вчера администриравме 500.000 дози вакцини, напиша министерот на Фејсбук. Во исто време, тој им се заблагодари […]

Ал Каеда: Војната против САД продолжува


 Војната против САД е далеку од завршена и ќе продолжи на сите фронтови се додека не бидат протерани од остатокот на „исламскиот свет“, тврдат двајца лидери на терористичката организација Ал Каеда за Си Ен Ен. Таа изјава следи откако американскиот претседател Џо Бајден најави повлекување на американските војници од Авганистан, во пресрет на 10-годишнината  од […]

Албански државјанин паднал од тераса на куќа во Кичево


 Рано утринава во 3.55 часот, кичевчанецот И.В. (57) во ОВР-Кичево пријавил дека од тераса лоцирана на првиот кат од неговата куќа на улица „11-Септември“ од Кичево, паднал М.К. (26) од Албанија, кој престојувал во овој објект. – При падот од првиот кат, лицето М.К. се здобило со потешки повреди, по што бил пренесен во комплексот […]

Били Ајлиш го промовира синглот „Your Power“ како најава за новиот албум (видео)


САД- Поп-ѕвездата Били Ајлиш ја промовира новата песна „Your Power“ како најава за новиот албум „Happier Than Ever“ кој ќе излезе во продажба на 30 јули. За песната чие видео е снимено во Семи Валеј, во Калифорнија, со вистинска анаконда, Ајлиш вели дека и е најомилена од сите досега. „Ова ми е омиленото нешто коешто […]

Хрватска одлучи кој прележал Ковид-19 да прими една доза вакцина


Во Хрватска официјално е одлучено дека луѓето кои прележале ковид треба да примаат само една доза вакцина. – Сега веќе има доволно податоци дека втората доза по закрепнување од болеста не придонесува за нивото на антитела, рече директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак на прес-конференција. Според него, втората доза вакцина треба да ја […]

Еврозоната повторно во рецесија, БДП се намали за 0,6 проценти


Бруто домашниот производ во еврозоната падна за 0,6 проценти во првите три месеци од оваа година, покажаа денешните податоци на Европскиот завод за статистика Евростат. Вториот последователен квартал на пад на БДП, после наглиот пад во четвртиот квартал од 2020 година, потврдува дека економијата на 19-те членки повторно е во рецесија. Два последователни квартали на негативен економски […]

Направи ли Пендаровски гаф или најави нова амнестија?


Претседателот Стево Пендровски вчера, во интервју, си дозволи да ја оценува судската одлука за 27 април и индиректно ги повика осудените да обезбедат нови докази и да бараат обновување на процесот, бидејќи и според него – не биле терористи   Слободанка Јовановска Претседателот Стево Пендровски вчера, во интервју, си дозволи да ја оценува судската одлука […]

Старџен: Прво крајот на корона, потоа референдум


Шкотската премиерка Никола Старџен денеска изјави дека нема веднаш да предложи референдум за независност, затоа што сака земјата прво да се ослободи од пандемијата на Ковид-19. – Сметам дека во овој момент не треба да предлагаме референдум, рече Старџен за радио Би-Би-Си. Таа додаде дека верува во независност. – Сакам Шкотска да биде независна, но прво мора […]

Брнабиќ: Од 1 мај вакцинираните граѓани добиваат дигитален ковид сертификат


Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ соопшти дека од сабота, 1 мај, сите граѓани што се вакцинирани, ќе добијат дигитален ковид сертификат, јави дописникот на МИА од Белград. -Благодарение на ИТ системот, можеме да имаме целосно електронски ковид сертификати, изјави Брнабиќ. Таа додаде дека Србија ги споделила своите сертификати со Светската здравствена организација (СЗО), како и […]

Охрид за празниците заличи на туристички центар, позначајна посетеност нема


Охрид за продолжениот викенд по повод велигденските и првомајските празници барем малку наликува на туристички центар. Има раздвиженост низ градот, на Кејот на Охридското Езеро, на плоштадите, а има и гости по терасите на кафеаните. Споредбено со некои подобри времиња пред епидемијата ова е далеку послаба посетеност, но ако се земе генерално ситуацијата особено изминатите […]

Мурињо ќе работи како стручен коментатор за време на Евро 2020


Поранешниот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо, потпиша договор со британското спортско радио „talkSPORT“. Педесет и осумгодишниот тренер ќе служи како експерт за три настапи на Англија во составот во групната фаза на Европското првенство УЕФА во 2020 година, како и во плејофот и финалето. Меѓу другите ко-коментатори се и поранешните играчи Стјуарт Пирс, Тревор Синклер, […]

Околу 500 илјади албански граѓани емигрирале во периодот 2010 – 2019 година


Во периодот од 2010 до 2019 година, околу 500 илјади граѓани ја напуштиле Албанија, стои во студијата изработена од Виенскиот институт за меѓународни економски студии за нето миграцијата во Западен Балкан. -Експертите на Институтот обработиле податоци од Евростат за земјите од ЕУ и од земјите што не се членки на ЕУ. Бројот на иселеници за Албанија […]

Aпелација одби да го пушти Камчев од притвор


  Апелациониот суд во Скопје ги отфрли жалбите на одбраната на осомничениот Јордан ( Орце) Камчев, со кои се бара укинување на мерката притвор којашто на 12. овој месец му ја изрече Кривичен совет на скопска „единица“, пренесе Правосудство. Отфлањето на жалбите подразбира дека Камчев останува во Шутка“ и после празниците, одноасно најмалку до првата половина […]