Филипче: Стигнаа вакцини „Спутник V“, денеска ќе стигнат 10 000 од „Фајзер“, а на крај на месецов 200 000 кинески вакцини


Вакцинацијата се одвива добро. Во салата „Борис Трајковски“ се врши  ревакцинција по три недели од вакцинацијата со вакцината „Спутник V“. Тоа се тие 20 000 дози. Во саботата доцна навечер, практично в неделата наутро стигна нова количина од 20 000 вакцини „Спутник“ од кои 7000 ќе бидат наменети за ревакцинација на вработените во критичната инфраструктура, […]

ОЈО Скопје ги отфрли кривичните пријави на ВМРО-ДПМНЕ за оддавање на класифицирани информации


По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичните пријави поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ против две лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување, Оддавање на класифицирани информации со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ и „ДОВЕРЛИВО“ и Оддавање на воена тајна, соопштија од ОЈО Скопје. […]

Пендаровски во дводневна работна посета на Брисел


Претседателот Стево Пендаровски на 27 и 28 април 2021 година ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да оствари средби со челниците на Европската Унија и на НАТО. Во вторник, 27 април, претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот […]

Сите вакцинирани во Србија ќе можат да се ревакцинираат во земјава, освен оние со „Астра Зенека“


Сите граѓани кои се вакцинирани во Србија со кој бил тип на вакцина, освен со „Астра Зенека“, ќе можат да се ревакцинираат кај нас, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека за помладите од 60 години, кои што вакцинирани со „Астра Зенека“, засега нема препорака да се ревакцинираат. – Се уште нема […]

„Зоки Поки“ ќе се гледа и во Србија на „РТС“


По Скандинавија, македонската ТВ-серија за деца „Зоки Поки“ почнува да ги освојува и соседите на Балканот. Десетте епизоди од првата сезона ќе се емитуваат на националната телевизија во Србија, „РТС“.   „Зоки Поки“ премиерно се емитуваше на првата програма на нашиот јавен сервис „МРТВ“ во периодот од мај до јуни 2020 година. Скоро, беше најавено […]

Косата на Бред Пит предизвика најмногу коментари на Оскарите


САД– Бред Пит годинава на 93. Оскари во Лос Анџеле привлече најмногу внимание со изгледот и со гафот како презентер- го згреши името на колешката во најавата, Ју-Џунг Јун („Минари“), која освои Оскар за најдобра споредна улога. На неа и беше забавно откако новинарите ја прашуваа како мириса Бред Пит. „Буквално станав и ѝ аплаудирав […]

ЕК: Какви документи и да се појават ЕУ е против промена на граници 


Белгија– Повторно запрашани за наводните нон пејпери кои споменуваат прекројување на границите на западниот Балкан, од Европската Комисија денеска пристигна јасна порака дека ваков проект не доаѓа в предвид, јави дописничката на МИА од Брисел. Прашањето беше повторно поставено денеска на редовниот брифинг за новинари во Брисел по повод посетата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, […]

Удар врз италијанската мафија: Уапсени околу 100 лица во Бари


Италијанските власти уапсија 99 лица под сомнеж дека се поврзани со локалната мафија во јужниот град Бари, објави АНСА. Се претпоставува дека уапсените се членови на мафијашка група, кој дејствува во административниот центар на провинцијата Апулија. Против нив се покренати обвиненија за вмешаност во мафијашка група, рекетирање и тепачки, како и за злосторства поврзани со […]

Бројот на новозаболени од Ковид-19 се намалува, денеска помалку од сто, вели Филипче


Бројот на новозаболени од Ковид-19 се намалува, трендот е дефинитивно таков, епидемиолошката крива е во опаѓање. Денеска има и помалку од 100 новодијагностицирани случаи. Сето тоа се чувствува и во болниците насекаде низ државата, каде беа многу полни капацитетите, сега има тренд и тој број испишани пациенти е поголем од примените, изјави денеска министерот за […]

Се продава „Бентли“, сочуван, кралицата го возела


Англија– Во салонот за автомобили „Брамли мотор кар“, близу Гилдфорд се продава зелен „Барнато Бентли Мулсан“. Одлично сочуван, со мината мала километража, а претходната сопственичка била – кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора. Фактот дека кралица го возела ова „Бентли“, значи и поголема цена. Слични автомобили што ги користела Елизабета Втора, се нудат и за […]

Ѓоковиќ ја почна 318. недела на врвот на АТП листата, Надал повторно втор


Англија– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска ја брои 318. недела во низа на врвот на АТП ранг-листата, додека поранешниот светски рекет број 1 Шпанецот Рафаел Надал се врати на второто место по вчерашниот триумф на турнирот во Барселона. Ѓоковиќ, и покрај елиминацијата изминатиот викенд во полуфиналето на „Србија Опен“ заработи нови 90 бодови и е на чело на […]

Сојуз на средношколци: Дигитализацијата не смее да биде единствено решение


Дигитализацијата во образованието е чекор во добар правец, но не смее да биде единствено решение, порача Средношколскиот сојуз, кој денеска изнесе свој став за најавата на ресорното министетство за воведување дигитални учебници од четврто одделение од учебната 2021/2022 година. Утре ставот ќе го изнесе и на состанок со работната група што го креира овој концепт. […]

Шекеринска: Амбициозност покажавме и за развојот на полигонот Криволак


 Можете да видите дека нашиот полигон Криволак е претворен во вистинско градилиште. Кога пред неколку години покажавме дека сме многу амбициозни во поглед на нашето членство во НАТО, многумина не беа такви оптимисти. Покажавме дека амбициозноста носи резултати. Меѓутоа истата амбициозност ја покажавме и за развојот на полигонот Криволак. Ова го истакна министерката за одбрана […]

Висок број починати во Хрватска, денеска дури 51 пациент


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 410 случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни изнесува 13.432. Од нив 2.315 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 259 пациенти. Во однос на минатиот понеделник уделот на позитивни во однос на тестирани е нешто помал. Имано, минатиот понеделник […]

Ентони Хопкинс изненаден од вториот Оскар


Англија– Филмскиот ветеран Ентони Хопкинс е изненаден од новиот Оскар. За него, како и за многумина други, починатиот Чедвик Бозман важеше за фаворит за одличјето за најдобар глумец во главна улога. Глумецот објави и видео на Инстаграм, во коешто се заблагодарува за наградата и го спомнува неговиот покоен колега. – Добро утро! Јас сум тука, […]

(Во живо) Заев, Маричиќ и претседателот на Основен суд Кавадарци Нанев за дигитализација на судството


Денеска, со почеток во 13.30 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, министерот за правда, Бојан Маричиќ и претседателот на Основен суд Кавадарци, Лазар Нанев. Темата на прес конференцијата е дигитализација на судството. 

Романија протерува руски дипломат во знак на солидарност со Чешка


Романија ќе  протера руски дипломат во знак на солидарност со Чешка, која има дипломатски судир со Москва, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Букурешт, следејќи го примерот на неколку земји од Централна и Источна Европа. – Романските власти одлучија да го прогласат Алексеј Гричаев, заменик воен аташе во Руската амбасада во Букурешт, за персона […]

Филипче: За Велигден и Рамазан Бајрам нема полициски – ќе работат кафулињата


  Министерот за здравство Венко Филипче, ги потврди денешните најави дека Комисијата за заразни болести предложила попуштање на епидемиолошките мерки за време на празниците. – Настојуваме да се отворат сите тераси. Полицискиот час да трае од 21 часот до 5 часот наутро од 28 април. А за Велигден и за Рамазан Бајрам да нема полициски […]

Интерпелацијата на Спасовски без пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ на листата говорници


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска почна 39. седница на која на дневен ред е интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива, поддржава од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на почетокот на своето обраќање пред пратениците на седницата за негова интерпелација, […]

Поевтинуваат Еуросупер БС-95 и мазутот


Цените на нафтените деривати остануваат непроменети, освен за Еуросупер БС-95 кој се намалува за половина денар. Пониска цена од полноќ ќе има и мазутот. Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67 денари за литар, а на Мазутот 34,5 денари за килограм. Цената на Еуросупер БС-98 останува […]