Висок број починати во Хрватска, денеска дури 51 пациент


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 410 случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни изнесува 13.432.

Од нив 2.315 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 259 пациенти.

Во однос на минатиот понеделник уделот на позитивни во однос на тестирани е нешто помал. Имано, минатиот понеделник од 2.728 тестирани исто така имаше 410 позитивни, што е околу 15 отсто, а денеска уделот е 12 отсто.

Починаа 51 пациент од последиците на корона вирусот во последното деноноќие, а досега се регистрирани 6.905 мртви.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска се заразиле 323.036 лица, од кои 6.905 починаа, а оздравеа 302.699 лица.

Тестирани се вкупно 1.762.625, од кои 3.417 во полседните 24 часа.

ДО 25 април вакцинирани се 627.216 лица.