Автобусите на ЈСП ќе возат еден час подолго


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) информира дека јавниот превоз од утре, среда (28.04.2021 год) ќе функционира до 21 часот, согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 21 до 5 часот. Во прилог се последните термини на поаѓање пред 21 часот. Останатиот возен ред, до наведените последни термини, […]

Бесими: Светска банка укажа дека мерките ги ублажија ефектите од ковид-кризата


Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека најновиот извештај на Светска банка е објективен и претставува слика за сето она што се случуваше во македонската економија и она што се очекува во текот на годината. – Она што е важно е дека во главните забелешки се укажува на фактот дека мерките што беа преземени придонесоа […]

Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка за Рејхан Сулејман


Рејхан Сулејман ја доби Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година што ја доделува Народна банка. Нејзиниот труд е оценет со највисока просечна оценка во согласност со критериумите од објавениот конкурс. – Станува збор за труд што се одликува со конзистентост и истражува релевантна област […]

Снежни наноси на патот кон село Галичник, се работи на расчистување


Екипи на „Македонија пат“ работат на расчистување на снежни наноси на патот кон селото Галичник, откако граѓаните побарале помош од Центарот за управување со кризи. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, изрази надеж дека екипите на „Македонија пат“ до крајот на денешниот ден целосно ќе го пробијат патот до селото. – На повик на неколку жители […]

Студентска дебата: Образованието да се реформира и да се прилагоди на потребите на младите


Во процесот на реформата на образованието, која е очајно потребна, треба да се вклучат и студентите. Живееме во општество во кое е многу малку важно мислењето на младите, но промената во образованието, тоа може да го смени. Ова беше еден од главните заклучоци на денешната онлајн студентска дебата „Имам нешто да кажам за мојата иднина“, […]

Ќучук: Претседателот може да биде гарант за конструктивноста на Северна Македонија


Во куса изјава за МИА известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук вели дека имал добра средба со претседателот Стево Пендаровски и смета дека тој е тој што може да се постави како гарант за конструктивноста во решавањето на спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел. Ќучук за МИА оцени дека […]

Белгија ги затвора границите за патниците од Бразил, Индија и Јужна Африка


Белгиските власти денеска одлучија да го забранат влезот во земјата за патниците од Индија, Бразил и Јужна Африка, со цел да се запре ширењето на новите видови на коронавирусот. -Транспортот на патници со авион, воз, брод и автобус, вклучувајќи го и транзитот, од Индија, Бразил и Јужна Африка до Белгија ќе биде забранет, изјави белгискиот […]

Засилени контроли на АХВ пред велигденските празници


Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат засилени контроли во производството и прометот. Се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата […]

Првомајски синдикален марш на ССМ под мотото „Здружени со иста цел“


„Здружени со иста цел“ е мотото на синдикалниот марш во Скопје со којшто Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) годинава ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај во услови на здравствената криза од вирусот Ковид-19. Маршот ќе почне пред зградата на ССМ во 10.30 часот, како што најавуваат од ССМ, со запазување […]

Бескаматен кредит може да се претвори во грант до 15.000 евра, ако се зголемат приходите и бројот на вработени


Грант средства до 15 илјади евра ќе добијат фирмите од областа на туризмот, угостителството, инвент-индустријата, приватните здравствени установи, трговците поединци и занаетчиите доколку вработат нови работници и ги зголемат приходите годинава. Ова е предвидено со новата бескаматна линија „Ковид 4“ која е дел од петтиот пакет мерки, а за која ќе може да се аплицира […]

Шприцевите од Бунарџик ќе помогнат во битката против КОВИД-19 во светот: Од отворањето на фабриката „Гересхајмер“


Германската компанија „Гересхајмер“ денеска официјално ја отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 во Бунарџик за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Станува збор за инвестиција од областа на  фармацевтската и здравствената индустрија во минимална вредност од 25 милиони евра во која треба да се вработат 400 лица. „Поради […]

Новото шеталиште на кејот ќе биде готово на почетокот на летото


Реконструкцијата на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата  Стив Наумов, се одвива со забрзана динамика и на почетокот на летото скопјани ќе добијат нов кеј за уживање. – Градежните активности на терен се интензивирани. Отстранети  се централните и предните делови на терасите на угостителските објекти, со што е ослободено шеталиштето и […]

Повреден пожарникар од Свети Николе


Повреден е 37 годишен пожарникар од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Свети Николе. Според крими извештајот на СВР Штип, настанот се случил вчера околу 13.15 часот при извршување на работни задачи на зградата на ТППЕ Свети Николе. Тој паднал и се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Шип. Увид на местото бил извршен од екипа […]

Заев: Да се дава поддршка на осудените за 27 април е забеганост


Премиерот Зоран Заев денеска потсети на лузните што ги носи како еден од учесниците на, како што рече, непосакуваните настани од 27 април 2017 година и порача тоа да не се повтори никогаш повеќе, ни во Северна Македонија, ниту било каде во светот. – Ќе го споделам уште еднаш чувството дека тој 27 април 2017 […]

МВР поднесе кривична пријава против Тодор Петров


МВР поднесе кривична пријава против Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, како организатор на протестите во неделата. Од полицијата велат дека на собирот не биле почитувани мерките за заштита од коронавирусот. -СВР Скопје денеска до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки во саботатаорганизирал протест пред објектите на Влада […]

„The Crossing“ најдобар европски филм за млада публика. Гласаше и македонското младо жири


Фаворитот на македонското филмско жири „THE CROSSING“ на режисерката Јохане Хелгеланд (Норвешка) е избран за најдобар филм за млада публика на настанот EFA Young Audience Award 2021. „Агенцијата за филм е национален партнер на European Film Academy Young Audience Award веќе седум години. На овој начин имаме можност да учествуваме и да го дадеме својот […]

Владата реши од утре полицискиот час да почнува во 21 часот


Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19. Со овие измени и дополнувања од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи […]

Почина Тони Баталаков, поранешен првенец и директор на балетот


На 76 години почина Тони Баталаков, педагог-репетитор, поранешен првенец и директор на балетот. Во МНТ е од 1964 до 1992 година, каде што работи како солист, долгогодишен репетитор, директор на Балетот од 1979 до 1989 година, педагог во училиштето, каде што предава Класичен балет и Дуетен танц. Средното балетско образование Тони го оформува во Скопје […]

Пендаровски барал од Борел да се динамизира улогата на ЕУ на Балканот


 Европската перспектива на земјата, реформската агенда и справувањето со КОВИД-19 главни теми на денешните средби на претседателот Стево Пендаровски со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли во Брисел. На средбата со Борел, Пендаровски, како што информираат […]

„Дигитална Гиза“ – виртуелна прошетка по египетските пирамди 


Англија– Ако патувањето е идеален начин да се доживее убавината на древните пирамиди во Гиза, Египет, тогаш „Дигитална Гиза“, направена од Универзитетот Харвард, е најдобрата алтернатива за тоа. Како што пренесува „Нердист“, „Дигитална Гиза“ (Digital Giza) е дел од проектот „Гиза“ на Харвард – обид да се каталогизира и обопшти архивата и податоците во една база. Истражувачите […]