Тим научници во Торонто развиле нов серолошки тест за корона – резултатите за еден час


Научниот тим на професорот Игор Штагљар од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Торонто денес објави труд во престижното списание „Nature Comunications“ во кој опишуваат нов иновативен серолошки тест. Професорот Штагљар за Дневникот на Нова ТВ откри за што точно станува збор и како ова важно откритие ќе придонесе за борба против пандемијата, пренесува порталот Зимо. […]

Прекинат состанокот на Меркел со сојузните премиери – таа бара забрана за патувања


  Преговорите на сојузните и поркаинските влади за понатамошните мерки против корона вирусот во понеделник беа прекинати поради несогласувања околу воведувањето построги мерки како што бара канцеларката Ангела Меркел, а на што се противат некои сојузни покраини. „Мекрите околу кои се договоривме досега не се доволни за да се прекине динамиката на ширење на заразата“, […]

Видео средба на Димитров со Вархеи и министрите од регионот за вакцините


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров попладнево на иницијатива на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархји, учествуваше на координативната видео средба заедно со колегите од регионот. Како што информира Секретаријатот за европски прашања, на состанокот биле разменети информации во контекст на напорите на Европската комисија за обезбедување на вакцини за земјите од Западен […]

Егоизам на пазарот на вакцини: За Американците по шест вакцини, за други ниту една


Според податоците што ги има УНИЦЕФ, Македонија има формализиран договор за вакцината „Фајзер“, за „Спутник“ и за тие што ќе дојдат од Ковакс, но никаде не се споменуваат договорени вакцини од Кина   Слободанка Јовановска На пазарот со вакцини владее егоизам и анархија. Дури 35 земји склучиле договори со производителите за купување повеќе вакцини од […]

Општина Центар донираше дидактички материјали за Здружението на деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија


Општина Центар обезбеди донација за сите учесници во проектот „Младите – креатори на нашата иднина“, проект во организација на Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т’га за југ. Под мотото „Едно општество за сите“ и по иницијатива на младите членови на здружението, овој проект има за цел […]

Роналдо останува во Јувентус 


Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, изјави денеска дека Кристијано Роналдо ќе остане во редовите на актуелниот италијански првак и во следната сезона, наспроти шпекулациите за заминување на Португалецот. -Ние веќе донесовме одлука и тоа е да го задржиме Роналдо во нашите редови. Тој е најдобриот светски фудбалер и ќе остане со нас, порача спортскиот директор на Јувентус за „Скај Спорт Италија“. Договор на […]

ЕМА: Да не се користи ивермектин за лекување на Ковид-19


Лекот ивермектин не треба да се користи за лекување на Ковид-19 надвор од клиничките испитувања, порача Европската агенција за лекови (ЕМА). Како што пишува весникот Гардијан, повеќе месеци ивермектинот се посочува како чудотворен лек. ЕМА објасни дека ги разгледале најновите докази за употребата на ивермектинот како превенција и третман на Ковид-19 и заклучиле дека дополнителните […]

Британката Керол Ен Дафи-лауреат на Струшките вечери на поезијата за 2021 година


Керол Ен Дафи, британска поетеса, есеист, драматург, професор и креативен директор на „Школата за пишување“ на Универзитетот „Манчестер Метрополитен“е добитник на „Златен венец“ за 2021 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“. Според возобновената традиција, оваа одлука беше соопштена во седиштето на УНЕСКО во Париз, по повод Светскиот ден на поезијата. Оваа година, свечениот […]

Чешката Влада најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба до крајот на април


Владата на Чешка поради пандемијата со Ковид-19 планира да ја продолжи вонредната состојба до 27 април. Министерот за внатрешни работи Јан Хамачек изјави дека е неопходна таква мерка. Вонредната состојба треба да биде одобрена од страна на Парламентот, кој може да побара и пократок период. Ситуацијата во земјата, која брои 10,7 милиони жители постепено се […]

Тешки денови за Битола, бројот на заразени рапидно се зголемува


Денеска почнаа тројца битолчани, најмладиот на 50 години. Во болницата речиси 90 отсто од хоспитализираните се на кислородна поддршка   Анета Блажевска БИТОЛА – На 50-годишна возраст е најмладиот битолчанец од тројцата починати во изминатото деноноќие во Ковид центарот во Битола. Останатите двајца починати пациенти биле на возраст од 63 и 83 години. За само […]

Уште 30 жртви на Ковид-19, новозаразени 457


Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 457 новозаразени со коронавирусот од направени 1.682 тестирања, починати се 30 лица, на возраст од 50 – 84 година, а оздравени 700 пациенти. Од новозаразените 457 во Скопје се 198, Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид […]

Со Блаже Конески сме дел од светското културно наследство: Чествување на големиот поет во УНЕСКО


Свои видео-обраќања на меѓународното чествување на Блаже Конески во Париз имаа претседателот Пендаровски и министерката Стефоска   Денеска во Париз се одржа меѓународно чествување на Блаже Конески, по повод 100-годишнината од неговото раѓање, а во знакот на Светскиот ден на поезијата што Македонија го одбележа во УНЕСКО. По тој повод официјално беа објавени  добитниците на […]

Гром усмрти салвадорска сурферка 


Салвадорската сурферка Катарине Дијаз го загуби животот по удар на гром за време на тренингот за претстојните квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио, соопшти денеска Меѓународната сурферска федерација (ISA). Несреќата се случила непосредно откако 23-годишната Диаз влегла во водата. Салвадор од 29 мај до 6 јуни ќе биде домаќин на Светското првенство во сурфање, на […]

Измислува ли Бугарија руски шпиони?


 Руската амбасада во Софија одговори со изјава дека протерувањето е неосновано и дека Москва го задржува правото да одговори. „За жал, принудени сме да забележиме дека овој неправеден демарш од бугарските власти нема да придонесе за градење на конструктивен руско-бугарски дијалог“, се вели во соопштението. Руската амбасада во Софија коментира: „Во услови на комплицирање на […]

Шекеринска бара од Собранието да ги изгласа измените на Законот за служба во Армијата


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изрази надеж дека Собранието ќе даде зелено светло за да се отвори можноста за војниците со наполнети 45 години да заминат со испратнина до 25000 евра. – Измените на Законот за служба во Армијата во прво читање едногласно поминаа на собраниската Комисија за одбрана и на Законодавно правната комисија. […]

Русија подготвена за регистрација на „спутник лајт“


  Русија ги заврши клиничките испитувања за полесната верзија на вакцината „Спутник V“ против корона вирус која се дава во една доза, рече денеска министерот за здравство Микаил Мурашко на државната телевизија. Подготвени се документите за нејзина регистрација. Русија во јануари објави дека разгледува развој на полесна верзија на својата вакцина против корона вирусот за […]

Шврговски: Нема докази против обвинетите во случајот „Трезор”


 Одбраната во случајот „Трезор” смета дека нејзините клиенти не го сториле кривичното дело кој што им се става во товар и дека единствен доказ е дека нема доказ дека обвинетите го сториле кривичното дело. Адвокатот Лупчо Шврговски, во изјави пред новинарите рече дека од самите докази коишто ги презентираше јавниот обвинител, а ги обезбеди преку […]

Обвинителството во случајот „Трезор” предложи конфискација на имот!


 Обвинетите во случајот „Трезор” кривичните дела ги сториле од лукративен карактер, изјави во завршните зборови на овој процес обвинителот Артан Ајро, кој побара од Судот да го примени институтот конфискација на имот и имотна корист. – Како имотна корист прибавена со кривично дело за правното лице ДТУ „Финзи” ДООЕЛ од Скопје, избришано од Централен регистар […]

Арсовски: Одложувањето на пописот не е опција


 Одложувањето на пописот не е опција, бидејќи ова е широка операција која се работи месеци наназад преземени се сите мерки, ангажирани се сите капацитети во државата. Веќе неколкупати рековме дека сите највисоки стандарди ќе бидат запазени и во целосост ќе бидат заштитени и попишувачите и оние кои треба да бидат попишани, рече денеска владиниот портпарол […]

Еуримаж го поддржа „Кајмак“ на Манчевски и уште два филма во кои е малцински учесник


Филмот„Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски, во кој Северна Македонија е носител на проектот, како и филмовите и копродукциите „Живи и здрави“ и „Долината на Шарко“, во кои има македонско малцинско копродуцентско учество, се поддржани од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж, на првата сесија во 2021 […]