Тешки денови за Битола, бројот на заразени рапидно се зголемува


според планот на топлификацијата за почетокот треба да се приклучат 35 државни и општински институции во Битола кои ќе искористат една третина од капацитетот на системот

Денеска почнаа тројца битолчани, најмладиот на 50 години. Во болницата речиси 90 отсто од хоспитализираните се на кислородна поддршка

 

Анета Блажевска

БИТОЛА – На 50-годишна возраст е најмладиот битолчанец од тројцата починати во изминатото деноноќие во Ковид центарот во Битола. Останатите двајца починати пациенти биле на возраст од 63 и 83 години. За само една недела од вирусот во Битола починаа 6 пациенти.

Ова е еден од потешките денови за Битола и битолчани, кој потсетува на оние од есенскиот пик на инфекцијата со Ковид-19, каде во еден ден имаше по неколкумина починати пациенти во болнички услови.

Ковид центарот на Инфективното одделение во Битола се полни со заразени со вирусот и што е уште лошо речиси сите се во ситуација да им е потребна кислородна поддршка.

До денеска во Центарот се хоспитализирани 78 пациенти. Во последните две недели бројката на заболени кои бараат хоспитализација расте секој ден.

„Хоспитализираните се во потешка состојба, со потешка клиничка слика. 65 од хоспитализираните се на кислородна поддршка. Немаме никаков проблем за кислород, бидејќи болницата е со централен систем на кислород . Сега засега имаме доволно персонал и доволно слободни капацитети на двата ковид оддели. Ако се пополнат креветите тогаш ќе сместуваме пациенти и во модуларната болница“, изјави за „Независен“, д-р Билјана Гагачовска, директорка на Битолската клиничка болница. 

Вирусот продолжува да се шири со широка трансмисија и веќе одамна не се бројат кластери. Дел од битолчаните носители на јавни функции, јавно на Фејсбук објавуваат штом го добијат позитивниот тест, така вирусот е присутен меѓу вработените во работните организации и семејствата, слика за која битолчани велат дека е  иста како во есента.

Училиштата  и натаму се најчувствителната точка за ширење на вирусот, особено меѓу наставниот кадар. Така секојдневно има по неколку наставници и професори од основните и средните училишта каде е потврден вирусот. Од Центарот за јавно здравје во Битола велат дека засега во Битола нема ситуација што би значело затворање на едно училиште поради голем број на заразени наставници и ученици како што беше случај во Скопје.

„Колку точно наставници и ученици се позитивни и во изолација евиденција води Министерството за образование. Ситуацијата во Битола за затворање на училишта сѐ уште не е критична. Што се донесува до епидемиолошката состојба со Ковид-19 во градот имаме широко распространета трансмисија меѓу населението“, изјави Елизабета Крстевска, директор на Центарот за јавно здравје. 

Во моментов во Битола активно болни се 449 лица. За само една недела се потврдени новозаболени 237 случаи. Од почетокот на пандемијата во Битола има вкупно 3.947 заболени.